ЕДУКАТИВНИ СЕМИНАРИ ЗА ОПШТИНСКИТЕ ИЗБОРНИ КОМИСИИ
Согласно заклучоците од работилницата за евалуација на работењето, Државната изборна комисија организираше и одржа еднодневни едукативни семинари за општинските изборни комисии формирани 2016 година.
Заради одржување на семинарите, општинските изборни комисии беа поделени во 12 групи кои регионално посетија по еден семинар, и тоа на 28, 29 и 30 јуни.
Целта на овие семинари беше членовите на Државната изборна комисија и едукаторите од Стручната служба на ДИК да се запознаат со општинските изборни комисии и да разменат мислења и искуства од повеќе теми.