Одлука за доделување на авансни средства на подрачните одделенија и канцеларии за обиколка и обезбедување на избирачките места

Одлука за доделување на средства на општинските изборни комисии за спроведување на Предвремените парламентарни избори, 12 април 2020 година

Кодекс за набљудување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 12 април 2020 година

Извештај за пристигнати и обработени пријави за гласање во ДКП на РСМ со пресек на 28.02.2020 година во 11:30 часот

Извештај за пристигнати и обработени пријави за гласање во ДКП на РСМ со пресек на 27.02.2020 година во 13:30 часот

На 59-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 26.2.2020 година беше усвоен Јавниот повик за проверка на податоците во Избирачкиот список за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 12 април 2020 година, со кој се известуваат сите граѓани на Република Северна Македонија дека истиот ќе започне на 26.2.2020 година и ќе трае до 11.3.2020 година, до 24:00 часот. Со тоа Државната изборна комисија ги повикува граѓаните кои сакаат да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список тоа да го направат по електронски пат на веб – страницата на Државната изборна комисија на www.sec.mk, izbirackispisok.gov.mk, или лично во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија. Согласно измените во Изборниот законик, овој изборен циклус граѓаните кои на денот на изборите навршиле 18 години и кои што на денот на распишувањето на изборите немале важечки лични документи, ќе бидат во Избирачкиот список. Важно да се истакне е дека иако оваа група на граѓани ќе биде во Избирачкиот список, правото на глас ќе може да го остварат само оние граѓани кои на денот на изборите ќе имаат важечки лични документи.

Додека пак, граѓаните кои немале важечки документи на денот пред распишувањето на изборите, нема да бидат на Избирачкиот список. Оваа категорија на граѓани ќе треба да поднесе барање за запишување во Избирачкиот список како и да ги обнови своите лични документи.

Понатаму беше донесен и Правилникот за регулирање на постапката за сoбирање потписи и начинот на определување на нотарите, според кој право да поднесат листа на кандидати за пратеници имаат регистрираните политички партии самостојно, коалиции како и група избирачи. Потписите на избирачите во постапката за кандидирање за поддршка на кандидатските листи предложени од група избирачи се собираат пред службените лица на Државната изборна комисија и пред наделжен нотар, со што трошоците за собирање на потписи пред нотар ги сносува подносителот на листата. Собирањето на потписи во постапката за кандидирање за Предвремените парламентарни избори 2020 година започнува на 26.2.2020 година и завршува на 6.3.2020 година.

На седницата на Државната изборна комисија после извршениот увид за комплетна документација беше донесен и Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) согласно член 75 ѓ став (7) од Изборниот законик, во кој се наоѓаат сите оние кои ги исполниле условите.

Исто така беа донесени и Образецот Б1 – Барање за запишување во Избирачки список, Б2-Барање за бришење на податоци во Избирачки список и Б3 –Барање за промена на податоци во Избирачки список, со кои овој изборен процес се дава можност на граѓаните по електронски пат да можат да ги извршат потребните промени во Избирачкиот список, на [email protected], со скенирано потпишано соодветно барање и приложени потребни документи– прилог кон Барањето.

Со почит

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Образец Б1 – Барање за запишување во Избирачки список

Образец Б2 – Барање за за бришење на податоци во Избирачки список

Образец Б3 – Барање за промена на податоци во Избирачки список

Адреси на подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија

На 26.2.2020 година (среда) во седиштето на Државната изборна комисија се одржа работен состанок на кој учествуваa Државната изборна комисија, д-р Рената Дескоска, министер за правда, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Имајќи предвид дека се донесени изменувања и дополнувања на Изборниот законик, целта на овој состанок беше да се изнајде начин за да се одговори најдобро на новите предизвици кои произлегуваат и со кои ќе се соочуваат во текот на спроведувањето на Предвремените парламентарни избори 2020 година.

Посебно беше разгледано прашањето за финансирањето на политичката кампања, со што беше утврдено дека за истото ќе се одржи нова работна средба, на која ќе биде потребно да присуствуваат и претставници од Министерството за финансии.

По однос на сите прашања и активности за спроведување на изборниот циклус, Државната изборна комисија на работниот состанок им укажа на присутните дека им стои на располагање и соработка во рамките на својата надлежност.

Извештај за пристигнати и обработени пријави за гласање во ДКП на РСМ со пресек на 26.02.2020 година во 12:00 часот

Извештај за пристигнати и обработени пријави за гласање во ДКП на РСМ со пресек на 25.02.2020 година во 12:00 часот

Извештај за пристигнати и обработени пријави за гласање во ДКП на РСМ со пресек на 24.02.2020 година во 11:45 часот

П О Т С Е Т У В А Њ Е

Почитувани,

Државната изборна комисија Ве потсетува дека, согласно член 75-ѓ став 3 од Изборниот законик, сите радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет порталите), кои поднеле барање за регистрација во Државната изборна комисија, должни се во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите да ги утврдат ценовници за платено политичко рекламирање и истите да ги достават до Државната изборна комисија, најдоцна до 21 февруари (петок) 2020 година до 24:00 часот.

Ценовниците може да се поднесат електронски, на следната електронска адреса [email protected] , во архивата на ДИК на бул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје или со препорачана пратка.

НАПОМЕНА: Цената за Вашите услуги во доставените ценовници по секунда за платено политичко рекламирање и цената за закуп на рекламен простор во печатениот медиум ДА НЕ ЈА НАДМИНУВА просечната цена на рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклуси, која Државната изборна комисија ја утврди со Одлука, бр. 10-476/1 од 16.02.2020 година, која Ви ја доставуваме во прилог и истата е објавена на интернет страната на Комисијата.

Доколку Вашиот медиум доставил ценовник со цена повисока од утврдената просечна цена од страна на Државната изборна комисија, Ве молиме истиот да го повлечете и истовремено да доставите нов, усогласен ценовник, најдоцна до 24:00 часот на 21 февруари 2020 година.

Со почит,

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Известување од ДИК ДО МНР за доставување на Јавен повик и барање список на вработени

Појаснување за спроведување на Јавен увид во дипломатско – конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство и пријавување за гласање

Насоки за начинот на собирање потписи во Дипломатско – конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство за подршка на листа на кандидати за пратеници предложена од група избирачи (член 61 став 2 од Изборниот законик)

Одлука за утврдување на трошоци за спроведување на изборни активности во реално направени износи

Барање од ДИК до МИОА, согласно член 32 од Изборниот законик

Известување од ДИК до Градоначалниците на општините за барање за постапување за обезбедување на просторно технички услови

Известување од ДИК до ЗЕЛС за барање за постапување за обезбедување на просторно технички услови

Skip to content