Во согласност со Уредба, број 44-2413/1 од 21.03.2020 година, со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес на Владата на Република Сверна Македонија, Државната изборна комисија на 67 седница одржана на 22 март 2020 година (недела), усвои Заклучок со кој СЕ ПРЕКИНУВААТ сите изборни дејствија за спроведување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, кои се закажани за 12 април 2020 година.

Се запираат сите понатамошни дејствија и активности на општинските изборни комисии.

На лицата од помошните тела на Комисијата, нивниот ангажман им се става во мирување до донесување на нова одлука и истите, почнувајќи од 23 март 2020 година (понеделник), се должни да се вратат на нивните редовни работни места.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес

На 66-та седница на Државната изборна комисија, одржана на 20.3.2020 година, се потврдија листите на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, за Предвремените избори за пратеници, 2020 година, поднесенa од Твоја партија.

Истовремено, на седницата, согласно Заклучокот од 65-та седница на Државната изборна комисија, одржана на 19.3.2020 година, а во врска со спроведената ждрепка за утврдување на редоследот на единствените листи на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, на потврдената листа поднесена од Твоја партија и беше утврден редниот број 15, на гласачкото ливче, за Предвремените избори за пратеници во Собранието, 2020 година.

На 65-та седница на Државната изборна комисија, одржана на 19.3.2020 година, се потврдија листите на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, за Предвремените избори за пратеници, 2020 година, поднесени од Граѓанско демократска унија  – ГДУ, ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија, МОРО – Работничка партија, Никогаш Северна  – само Македонија, политичка партија Демократи и Левица.

Истовремено, Државната изборна комисија спроведе ждрепка за утврдување на редоследот на единствените листи за кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, на потврдените листи од Државната изборна комисија.

Имајќи предвид дека во Република Северна Македонија поради пандемијата со вирусот КОВИД – 19 е прогласена вонредна состојба и со цел почитување на мерките донесни од Владата на Република Северна Македонија, со заклучок беше определен начинот на спроведување на ждрепката, со што Државната изборна комисија, определи лица од Државната изборна комисија, кои го извршија влечењето на редните броеви во гласачкото ливче на подносителите на листи на кандидати, според азбучниот редослед на името на називот на листата (политичка партија или коалиција).

Согласно извршената ждрепка беше утврден следниот редослед:

  1. Алијанса на Албанците и Алтернатива – реден број 5.
  2. ВМРО – ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“ – реден број 14.
  3. Граѓанско демократска унија  – ГДУ – реден број 7.
  4. Демократска партија на албанците –ДПА – реден број 1.
  5. Демократска унија за интеграција –ДУИ – реден број 9.
  6. ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија – реден број 8.
  7. Коалиција Можеме – реден број 3.
  8. Левица – реден број 4.
  9. МОРО – Работничка партија – реден број 12.
  10. Народна партија на Ромите – реден број 13.
  11. Никогаш Северна  – само Македонија – реден број 11.
  12. Политичка партија Глас за Македонија – реден број 6.
  13. Политичка партија Демократи – реден број 2.
  14. СДУ – Скопје – реден број 10.

Почитувани,

Државната изборна комисија на денешната седица, ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесени листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.

На оваа седница, Комисијата ќе ја спроведе и ждрепката за редните броеви на кандидатските листи во гласачкото ливче.

Имајќи ја предвид настанатата состојба со епидемијата со вирусот COVID 19 и воведената вонредна состојба во Република Северна Македонија, Ве известуваме дека на седницата нема да бидат повикани овластените претставници на подносителите на листите а ждрепката ќе ја изврши Државната изборна комисија на јавна седница.

65-та седница на Државната изборна комисија ќе оди во живо на фејсбук страната на ДИК за да можат сите заинтересирани да ја следат истата.

 

Со почит,

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

На 64-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 18.3.2020 година, беа потврдени Листите за предлагање на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на Коалицијата Можеме, Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива, Демократска партија на албанците, СДУ – Скопје и Народна партија на Ромите, за Предвремените парламентарни избори 2020 година.

Со почит

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Описи на избирачките места во Република Северна Македонија за Предвремени парламентарни избори 2020

Одлука за објавување на описите на избирачките места – Избори 2020

Решение за неспроведување гласање во дипломатско – конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Северна Македонија во странство за Предверемените избори за пратеници 12.04.2020

На 63-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 17.3.2020 година, се потврдија поднесените листи на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, поднесени од ВМРО – ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“ и Демократска унија за интеграција – ДУИ, за Предвремените избори за пратеници во Собранието 2020 година.

Понатаму, беше донесено Решението за неспроведување на гласање во дипломатско – конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Северна Македонија во странство по поднесените листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија за Изборната единица 7, за Предвремените избори за пратеници во Собранието 2020 година, кое е донесено согласно извршениот увид во Финалниот извештај за пријавувањето на државјаните на Република Северна Македонија за гласање во Дипломатско конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Северна Македонија во странство, каде што Државната изборна комисија утврди дека 6096 пријави кои се прифатени, се во согласност со одредбите од член 50-а од Изборниот законик, истите се поднесени во законскиот рок, своерачно се потпишани или се испратена преку апликацијата на Државната изборна комисија со лична електронска пошта со која се пријавуваат за гласање на претстојните избори и кон истите се приложени бараните докумети, а 1439  пријави кои се одбиени, не се уредни согласно член 50-а ставовите 6 и 8 од Изборниот законик. 

Односно, имајќи предвид дека согласно член 4 став 3 од Изборниот законик во Изборната единица 7, која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија, пратеник може да се избере доколку соодветната листа на кандидати за пратеници освоила најмалку онолкав број на гласови со кои што е избран пратеник со најмал број на гласови во изборните единици во Република Северна Македонија на последните парламентарни избори во Република Северна Македонија, а ставот 6 од истиот член предвидува дека доколку во Изборната единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија, ниту една од листите на пратеници не го добила потребниот број на гласови утврден во ставот (3) на овој член, не се избира ниту еден пратеник, Државната изборна комисија го донесе Решението бидејќи потребниот број од 6534 пријави, не беше достигнат.

Истовремено, Државната изборна комисија ја донесе и Одлуката за објавување на описите на избирачките места.

Донесените акти ќе бидат објавени на веб – страницата на Државната изборна комисија.

Известување во врска со поднесени пријави за гласање во ДКП

Извештај за пристигнати и обработени пријави за гласање во ДКП на РСМ со пресек на 11.03.2020 година во 11:50 часот

Извештај за пристигнати и обработени пријави за гласање во ДКП на РСМ со пресек на 10.03.2020 година во 11:30 часот

Извештај за пристигнати и обработени пријави за гласање во ДКП на РСМ со пресек на 09.03.2020 година во 11:30 часот

Извештај за пристигнати и обработени пријави за гласање во ДКП на РСМ со пресек на 06.03.2020 година во 11:30 часот

Одлука за изменување и дополнување на одлуките за Формирање на ОИК – 06.03.2020

Тужба за поведување на управен спор против Одлуката за утврдување на просечно постигнатата цена и најниската цена за платено политичко рекламирање во последните пет изборни циклуси број 10-476/1 од 16.01.2020 година

Упатство за начинот и постапката за пријавување и гласање во посебни установи за вонсемејна грижа (домови за стари лица)

Упатство за изгледот на беџовите за идентификација на изборните органи, изборната администрација, овластените претставници на подносителите на листа на кандидат, меѓународните и домашните набљудувачи за предевремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2020 година

Skip to content