На 71-та седница на
Државната изборна комисија, која се одржа на 25 јуни 2020 година, беше усвоен
Записникот од 68-та седница на Државната изборна комисија, одржана на 12 јуни 2020
година, Записникот од 69-та седница на Државната изборна комисија, одржана на
16 јуни 2020 година и Записникот од Седумдесеттата седница на Државната изборна
комисија, одржана на 18 јуни 2020 година.
Државната изборна
комисија ги одобри барањата за акредитација поднесени од Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР
и од Амбасадата на Република Франција.
Поднесените
приговори за предвремено започната изборна кампања, поднесени од: ВМРО – ДПМНЕ
и Колалицијата „Обнова за Македонија“; Политичка партија ЛЕВИЦА и Коалиција
„МОЖЕМЕ“, беа едногласно одбиени од Државната изборна комисија, поради тоа што
истите не ги исполнуваат законските услови од член 69а од Изборниот законик.
По однос на Барањето
за промена на редоследот на редниот број на кандидатите на изборните листи од
„Твоја партија“ и Барањето од политичката партија „Родина Македонија“ за
учество на Предвремените парламентарни избори за пратеници во Собранието на
Република Северна македонија, 15 јули 2020 година, Државната изборна комисија
едногласно одлучи да не ги прифати согласно Уредбата со законска сила за
прашања поврзани со изборниот процес, донесена од Владата на Република Северна
Македонија, на 21 март 2020 година, каде во член 5 јасно е наведено дека
спроведувањето на изборните дејствија ќе продложи од денот на престанокот на
вонредната состојба, а сите изборни дејствија кои се преземени согласно
одредбите на Изборниот законик до денот на стапување во сила на Уредбата ќе се
сметаат за важечки, Заклучокот на Државната изборна комисија за прекинување на
сите изборни дејствија за спроведување на Предвремените избори за пратеници во
Собранието на Република Северна Македонија, закажани за 12 април 2020 година,
донесен од Државната изборна комисија, каде исто се заклучува дека сите изборни
дејствија кои се преземени согласно одредбите од Изборниот законик до 22 март
2020 година се сметаат за важечки и Уредбата со законска сила за прашања
поврзани со изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Макеоднија
на 15 јули 2020 година, донесена од Владата на Република Северна
македонија, на 15 јуни 2020 година, со
која е утврдено дека спроведувањето на останатите изборни дејствија, ќе
продолжи од денот на престанокот на вонредната состојба, а сите изборни
дејствија, до денот на влегувањето на оваа уредба со законска сила се сметаат
за важечки.
Понатаму беше
разгледано и Барањето за запишување во Избирачки список доставено од ВМРО-ДПМНЕ
и по истото беше констатирано дека сите лица наведени во предметното Барање ќе
бидат упишани во Избирачкиот список, со исклучок на едно лице на кое е истечена
важноста на личната карта.
Државната изборна
комисија ја донесе Одлуката за доделување авансни средства на подрачните
одделенија и канцеларии за обиколка и обезбедување на избирачките места и
Одлуката за доделување на дополнителни средства на општинските изборни комисии
за спроведување на Предвремените парламентарни избори, 15 јули 2020 година,
имајќи го предвид зголемениот обем на работни активности и задачи согласно
новонастаната состојба со Коронавирусот.
Истовремено, беше
донесено и Упатството за дополнување на упатството за гласање на немоќно и
болно лице (член 111 став 1, став 2 и став 3 од изборниот законик), во кое се
додаваат хронично болните лица, кои се определени согласно Листата на
Министерството за труд и социјална политика.
Имајќи предвид дека
лицата кои се во домашен карантин заради позитивен COVID -19 тест и лицата на кои им е одредена мерка домашна самоизолација со решение од
Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе гласаат на 13 јули 2020 година,
во своите домови според местото на живеење, Државната изборна комисија донесе Упатство
за пријавување и гласање на лицата кои се во домашен карантин заради позитивен
тест на Ковид-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација, во кое се
објаснува постапката и спроведувањето на гласањето во овие околности.
За активностите од
изборниот процес на кои се однесуваат безбедносните мерки предвидени во
здравствениот протокол за спроведување на Предвремените избори за пратеници во Собранието
на Република Северна Македонија, 15 јули 2020 година, на седницата беше донесен
Посебен дел на прирачникот за едукација на изборните органи.
Исто така, на
седницата Државната изборна комисија спроведе случаен избор на претседател и
членови на посебните избирачки одбори кои ќе го спроведат гласањето на болните
од Ковид-19, како и случаен избор на претседател, заменик претседател, член и
заменик член на општинските изборни комисии чии барања за изземање беа прифатени
од Државната изборна комисија.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА
КОМИСИЈА