Државната изборна комисија согласно условите пропишани во „Програма за задолжителна едукација на општинската изборна комисија, избирачкиот одбор за гласање во Република Северна Македонија и избирачките одбори за гласање во странство”, за Предвремените избори за Пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2020, објавува
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
НА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ДА БИДАТ СОРАБОТНИЦИ НА
ТИМОТ ЗА ЕДУКАЦИЈА НА ДИК
Од заинтересираните кандидати ќе се селектираат најмногу 25 кандидати.
Од кандидати кои ќе ја поминат селекцијата се бара:
ДИК ќе додели сертификати на кандидатите кои успешно ќе ја поминат обуката за обучувачи и процесот на селекција. Сертифицираните кандидати ќе имаат задача да спроведуваат обуки / сесии за едукација на општинските изборни комисии и на избирачките одбори според утврдените потреби и програмата, усвоена од ДИК, согласно роковникот за организација на Предвремените избори за Пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2020.
Услови кои треба да ги исполнува кандидатот:
Да е државјанин на Република Северна Македонија (се докажува со копија од важечка лична карта и/или пасош);
Да има завршено високо образование (се докажува со копија од Диплома и/или Уверение за завршено високо образование);
Искуство во спроведување обуки во организација на граѓански организации и/или јавна администрација од областа на правниот и/или политичкиот систем (се докажува со копија од сертификати, потврди и/или уверенија);
Претходни искуства во изборниот процес ќе се смета за предност (се докажува со копија од сертификати, потврди и/или уверенија)
Одговорности:
Подготовка и спроведување на обуки за општинските изборни комисии и избирачки одбори за подготовка на Предвремените избори за Пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2020;
Спроведување на обуките за време на работни денови, денови на викенд и државни празници;
Заедничко работење со тим на обучувачи под водство на ментори од ДИК;
Патувања низ државата, согласно потребите;
Заинтересираните кандидати, своите пријави (комплет со CV и потребните докази) да ги достѕават најдоцна до 14:00 часот на 08.01.2020 година (среда) на следната адреса: бул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје или електронски на следниот е-маил : [email protected]
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Оливер Деркоски