На 20-21 септември 2022 година, Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОБСЕ, ОДИХР), во соработка со присуство на ОБСЕ во Албанија, организираше дводневна регионална конференција за подобрување на постоечките процеси за електронска идентификација на гласачите. Конференцијата беше организирана во рамките на проектот за поддршка на изборните реформи на ОДИХР, а се одржа во Тирана, Република Албанија.
Настанот обедини 66 учесници од земјите од регионот (Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Србија, како и Косово) вклучително и претставници на релевантни институции и тела за управување со избори), членови на работните групи за реформи во изборното законодавство, активисти и граѓански организиции, локални и меѓународни експерти.
Учесници на конференцијата беа членовите на Државната изборна комисија Бобан Стојаноски, Кренар Лога и Оливер Ристовски.
Во рамките на панел-сесиите на Конференцијата тие имаа свои презентации за искуството на Државната изборна комисија со воведувањето на биометриската идентификација на гласачите.
Презентациите се фокусираа на постоечките процеси, предизвици и најдобрите практики во спроведувањето на биометриската идентификација на гласачите.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2022/10/img-2.jpg7201600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-10-20 16:19:082022-10-20 16:19:15Регионална конференција за подобрување на постоечките процеси за електронска идентификација на гласачите
Со цел имплементација на меѓународните стандарди за избори, како и препораките на Венецијанската комисија за континуирана обука на изборната администрација и другите актери вклучени во изборниот процес, изработена е „Студија за изводливост и патоказ за формирање Центар за обуки за изборите“.
– Студијата на изводливост обично се прави кога сакате да создадете некое тело, или нова институција или да ги подобрите постоечките институции. Во процесот се вклучени Државната изборна комисија и други органи како што се претставници на општинските изборни комисии, но и претставници на политички партии, граѓанскиот сектор и медиумите, со цел да идентификуваме кои се нивните конкретни потреби, на тој начин процесот стана инклузивен и транспарентен за сите учесници во изборниот процес. Добрата вест е што многу работи веќе се воспоставени овде во Северна Македонија, така што постои систем за обука, има програма и група обучувачии, во областа на едукација на граѓаните и на гласачите. – вели тим лидерот одговорен за изработката на студијата Павел Кабаченко.
Според него Северна Македонија е подготвена да го направи следниот чекор во насока на подобрување и институционализирање наобуките, и со подготовките за истото би требало да започнат веднаш.
– Со оглед на тоа дека ние подолго време сме вклучени во овој процес можам да кажам дека ова е од исклучителна важност затоа што веќе почнуваат одредени конкретни активности. Ако успееме, тоа ќе значи историски успех, бидејќи до сега тоа не постоело, а е еден важен сегмент за подигање на нивото на демократијата во државата воопшто. – порача Александар Даштевски, претседател на Државна изборна комисија.
– Визијата на Државната изборна комисија и нејзина долгорочна стратегија е формирање на центар за обуки кој што ќе постои во склоп на структурата на Државната изборна комисија меѓутоа ќе има пофокусирани напори кон обезбедување на едукација за сите чинители во изборите, а не само за изборните органи како до сега. – потенцираше Љупка Гугучевска Филипоска раководителка на одделението за континуирани обуки во Државна изборна комисија.
Таа додаде дека уникатноста на Државната изборна комисија како институција е целната група која треба да ја едуцира. Тоа се не само гласачите, политичките партии, граѓанските организации, медиумите, туку буквално сите граѓани на оваа држава – и оние кои се во училишните клупи бидејќи за да имаме резултат на долг рок односно да се подигне свеста и знаењето за демократијата и изборите, со едукацијата мора да се почне многу порано. Центарот би работел поефикасно и со различните категории на гласачи, како гласачите со попреченост, мажите и жените како засебни категории, гласачите од руралните средини, гласачите со поинакви можности, итн.
– Се надеваме дека оваа студија, заедно со тековните разговори на оваа тема, ќе придонесат кон изнаоѓање одржливи решенија за подобрена едукација за изборите, како и дека истите ќе помогнат во зајакнувањето на работата на изборната администрација, не само при организирањето избори, туку и при обезбедувањето подобри услуги за гласачите и останатите изборни актери. Овие заложби имаат за цел да ги унапредат изборните реформи, притоа зголемувајќи ја транспарентноста, интегритетот и целокупната доверба во изборните процеси. – истакна Јоана Козма директорката на канцеларијата на ИФЕС во Скопје.
Студијата е изработена од „Поддршка на изборните реформи“ проект на Швајцарската Влада, кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Проектот цели кон поинклузивни и подемократски изборни процеси раководени од зајакната организација на изборите, кои се одблизу набљудувани од граѓаните.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2022/10/Kabacenko-Studija-IFES-DIKE131C17B-4CE8-4977-8793-F8794BB8CF95.jpg9601440katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-10-19 08:55:562022-10-19 08:56:06Јавна презентација на патоказот за формирање Центар за обуки за изборите
Државната изборна комисија континуирано работи на подобрување на родовата еднаквост во работата на ДИК и на зголемување на учеството на жените во изборниот процес.
Имајќи предвид дека средина која заштитува од секаков вид насилство и вознемирување, е предуслов за обезбедување слободни и безбедни избори за сите учесници во процесот, на 12 октомври ДИК усвои процедура за заштита од сексуално вознемирување на работното место која го дефинира, спречува и забранува сексуалното вознемирување на работното место.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2022/10/procedura-za-seksualno-voznemiruvanje-scaled.jpg19202560katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-10-17 13:46:202022-10-17 13:58:25Усвоена процедура за заштита од сексуално вознемирување
На 12ти Октомври 2022, во Државната изборна комисија се одржа презентација на студија за изводливост и патоказ за формирање центар за обуки за изборите.
Н.Е. Амбасадорката Вероник Улман, амбасадорка на Швајцарија во Северна Македонија ги поздрави домаќините, а воведни обраќања имаа Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија, како и Јоана Косма, директорка на канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Скопје.
Студијата за изводливост и патоказот за формирање центар за обуки за избори ја изготви тим предводен од експертот Павел Кабаченко, во рамките на соработката со Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД).
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2022/10/DIK-1-12.10.2022.jpg6661000katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-10-13 16:40:372022-10-13 16:41:39Презентација на патоказ за формирање на центар за обуки
На 23 август, повеќе од 400 ученици од основните и средните училишта низ државата, наставници по граѓанско образование и претставници од институции и организации се обединија на конференцијата „Граѓанско на дело: од училница во акција”, поддржана од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, во организација на Младински образовен форум и Македонски центар за граѓанско образование.
Учениците имаа можност да учествуваат во т.н. жива библиотека и одблизу да се запознаат со работата на институциите и граѓанските организации.Државната изборна комисија беше присутна со своја претставничка која на учениците им ја објасни мисијата и улогата на ДИК, важноста од учеството на граѓаните, а особено на младите, во изборите, и штанд на кој беа поделени едукативни и информативни материјали.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2022/10/жива-библиотека-2.jpg6831024katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-08-25 10:04:002022-10-19 10:08:07Граѓанско образование на дело
Државната изборна комисија ги известува избирачите кои не се во можност да гласаат на гласачкото место (немоќно или болно лице според Упатство за пријавување и гласање на немоќно и болно лице на Државната изборна комисија), а сака да гласа за тоа ќе ја извести општинската изборна комисија најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање, односно 12 август, до 24 часот (член 111 став 1 од Изборниот законик).
Покрај известувањето до општинската изборна комисија лицето треба да достави во оригинал или копија и медицински доказ за болеста, важечко решение за користење на туѓа нега од трета лица за болестите (наведени во член 1 од Упатството). Известувањето може да се даде и преку полномошник. Електронското поднесување може да се направи од една емаил адреса најмногу за две лица.
Немоќните или болни лица гласаат во нивните домови еден ден пред денот определен за одржување на изборите, на 19 август 2022 година (петок).
Избирачите кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД-19 и избирачите на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат, а сакаат да гласаат за тоа ќе ја известат општинската изборна комисија најдоцна 5 дена пред денот определен за гласање, односно 14 август, до 24 часот (член 111-б став 1).
Општинската изборна комисија по службена должност прибира податоци од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за лица кои се пријавени за гласање согласно со член 111-б став (1) од Изборниот законик. Државниот санитарен и здравствен инспекторат е должен во рок од 24 часа од добиеното барање да ги достави до општинската изборна комисија податоците за лицата пријавени за гласање согласно член 111-б став (1). (член 111-б став (3).
Лицата кои се во позитивни на Ковид-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација гласаат во нивните домови еден ден пред денот определен за одржување на изборите, на 19 август 2022 година (петок).
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-08-11 16:21:562022-08-11 16:56:59Известување за пријавување на болни и немоќни лица, лица позитивни на Ковид-19 или лица на кои им е одредена мерка на самоизолација
Од 11 до 15 јули 2022 година Државната изборна комисија престојуваше на студиска посета во Република Грузија.
Централната изборна комисија на Грузија (ЦИК) беше домаќин на претставници на Државната изборна комисија (ДИК), каде се одржаа средби помеѓу двете изборни комисии. Претседателот на ЦИК, Ѓорѓи Каландаришвили, на делегацијата од ДИК им ги претстави иновациите од изборна технологија имплементирани во 2021-2022 година. Домаќините беа заинтересирани да дознаат повеќе и за употребата на изборната технологија од страна на ДИК.
„Споделувањето на искуството помеѓу изборните комисии е од клучно значење. Денеска имаме можност да споделиме информации со делегацијата на ДИК за реформите и иновациите што ги спроведува грузиската изборна администрација, како и да се запознаеме со нивното искуство во однос на технолошките иновации“, рече Ѓорѓи Каландаришвили.
Во фокусот на интересот на делегацијата на ДИК беше работата на Центарот за развој на изборни системи, реформи и обука (Центар за обука) на ЦИК, начинот на негово формирање, структурата, финансирањето на активностите, стратешкиот план, како и начинот на негова реализација.
„Главната цел на нашата посета е да го проучиме функционирањето и активностите на Центарот за обуки на ЦИК и да споделиме искуство. Имавме успешни средби со претседателот на Централната изборна комисија, како и со директорката на Центарот за обуки, на кои разговаравме за важни прашања. Сметам дека споменатите средби се значајна за двете земји и ќе придонесат за продлабочување на нашата идна соработка“, истакна претседателот на ДИК, проф. д-р Александар Даштевски за центарот за медиуми на грузиската ЦИК.
Натија Заалишвили, директорка на Центарот за обука на ЦИК одржа презентација со детали за активностите на центарот пред членовите на делегацијата. Во рамките на посетата, претставниците на ДИК се запознаа со работата на Центарот за обука, а присуствуваа и на тековните обуки за членовите на окружните изборни комисии на тема односи со јавноста, кои ги спроведуваа вработени во Секторот за стратешки комуникации на ЦИК.
Дополнително, се реализираше средба на делегацијата и со окружната изборна комисија Боржоми.
Студиската посета на Државната изборна комисија во Грузија беше реализирана со поддршка на Меѓународната фондација за изборни системи (IFES).
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2022/07/CEC-5.jpg6671000katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-07-25 10:38:062022-07-25 10:38:09Студиска посета во централната изборна комисија на Грузија
Во рамките на студиската посета на Централната изборна комисија на Грузија (ЦИК), која се реализираше од 11 до 15 јули 2022 година, претставниците на Државната изборна комисија се запознаа со активностите на Советот за родова еднаквост на ЦИК.
На средбата, претседателката на Советот за родови прашања, Маја Зариџе и секретарката на истиот совет, Кристина Толордава, разговараа за политиката на Советот за родова еднаквост и активностите што администрацијата ги спроведува во оваа насока. На средбата се разговараше и за идните планови на Советот за родови прашања, предизвиците во оваа насока и проектите изработени во соработка со меѓународните партнери.
Во рамки на средбата, претставниците на Државната изборна комисија ги презентираа активностите кои ДИК ги презема во насока на унапредување на родовата сензитивност во изборите.
Студиската посета на Државната изборна комисија во Грузија беше реализирана со поддршка на Меѓународната фондација за изборни системи (IFES).
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2022/07/GC-1.jpg14672200katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-07-25 10:15:002022-07-25 11:01:15Средба со советот за родова еднаквост на ЦИК Грузија
Државната изборна комисија ги известува овластените претставници на политичките партии кои ќе учествуваат на Изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа и Изборите за членови на Советот на Општина Тетово за остатокот од изборниот период, кои ќе се одржат на 20 август 2022 година, дека ждрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати ќе се одржи на 25.07.2022 година со почеток во 12 часот, во седиштето на Државната изборна комисија, голема сала, 4 кат.
Воедно ги покануваме овластените претставници на политичките партии кои ќе учествуваат на Изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа и Изборите за членови на Советот на Општина Тетово за остатокот од изборниот период, кои ќе се одржат на 20 август 2022 година, да земат учество во ждребувањето, односно утврдувањето на редните броеви во единствената листа на кандидати.
Овластените претставници на политичките партии треба да понесат овластување од подносителот на листата.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-07-22 10:43:332022-07-22 10:45:41Соопштение за одржување на ждрепка за утврдување на единствена листа на кандидати
Согласно член 78-а став 5 и 6 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“, број 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17,125/17,35/18, 99/18,140/18, 208/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“, број 98/19, 42/20, 74/21 и 215/21), Државната изборна комисија спроведува ждрепка со која ќе ги распореди локациите на рекламните паноа и билборди кои се нудат за политичко рекламирање од страна на правните лица кои стопанисуваат со истите, а во врска со Изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа и Изборите за членови на Советот на Општина Тетово за остатокот од изборниот период, кои ќе се одржат на 20 август 2022 година.
Се повикуваат претставниците на правните лица да достават понуди за рекламни паноа и билборди со локации и ценовници до Државната изборна комисија за Изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа и Изборите за членови на Советот на Општина Тетово за остатокот од изборниот период, кои ќе се одржат на 20 август 2022 година, согласно Упатството за распределба на рекламни паноа и билборди по пат на ждрепка со број 10-691/1 од 03.03.2020 година, објавено на веб страната на Државната изборна комисија, најдоцна до понеделник, 25.07.2022 година, до 10:00 часот.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-07-22 10:32:192022-07-22 10:45:24Соопштение од ДИК за спроведување ждрепка за рекламни паноа и билборди
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600Adem Zuberihttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgAdem Zuberi2022-06-21 17:31:012022-06-27 15:07:11Известување за регистрација и доставување на ценовници на медиумите за платено политичко рекламирање
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-06-11 19:21:012022-06-27 13:58:54Известување за регистрација и доставување на ценовници на медиумите за платено политичко рекламирање
На 03.06.2022 година Државната изборна комисија ја одржа 53та Седница на која го усвои Финансискиот извештај за реализирани средства за спроведените избори за градоначалник на Општина Центар Жупа каде во постапката за организирање и спроведување на Изборите за градоначалник на Општина Центар Жупа има потрошено 14,7 % од одобрените буџетски сретства кои беа наменети за организирање и спроведување на Изборите за градоначалник на општина Маврово и Ростуше и градоначалник на општина Центар Жупа.
Државната изборна комисија истотака го усвои Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Стручната служба на Државната изборна комисија согласно усвоениот Родовиот акциски план 2021-2024 во насока на подобрување и унапредување на родовата еднаквост во институцијата и стручната служба со тоа што е предвидено работно место на Државен службеник за унапредување на родова еднаквост и спроведување на обуки и тренинг центар. Како единствена од институциите која има донесено Родов акциски план има за цел подобрување и унапредување на родовата еднаквост и застапеност, подигнување на свеста за родовите прашања и интегрирање на родовите аспекти во внатрешното функционирање и изборните активности на Државната изборна комисија.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-06-03 16:10:352022-06-03 16:10:39Соопштение за јавноста
Од страна на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), како долгогодишен партнер на Државната изборна комисија, за подрачните одделенија на ДИК беа донирани 46 персонални компјутери, 10 мултифункционални печатачи и 41 инвертер клима уреди.
Целокупната донација е ставена во функција во подрачните одделенија на ДИК и истата веќе се користи. Со ова значително е олеснето функционирањето на оние подрачни одделенија и канцеларии каде опрема недостасуваше, или пак се работеше со застарена опрема.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-05-25 12:35:222022-05-25 12:35:28Донација за подрачните одделенија на ДИК
Институтот за Политички Истражувања – Скопје (ИПИС) во периодот помеѓу 2 и 9 март 2022 спроведе телефонска анкета на национално ниво која беше овозможена од страна на Меѓународната организација за изборни системи – ИФЕС. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за ДИК и за изборите. Анкетата е спроведена на 1115 испитаници.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-04-21 16:22:582022-04-21 16:23:02Истражување на јавното мислење за Локалните избори 2021 година и работата на ДИК
Државната изборна комисија, по спроведените Избори за градоначалник на Општина Центар Жупа на ден 17.04.2022 година ги објавува првичните резултати во законскиот рок врз основа на примените оригинални записници за гласање, сумирање и утврдување на резултати од избирачките места. Истите се достапни на следниот линк: https://www.sec.mk/lokalni-izbori-2022-cenatr-zhupa/
Во организација на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), на 12 април 2022 година Државната изборна комисија оствари средба со Кетрин Елена, виш глобален правен советник во ИФЕС и директорка на Центарот за антикорупција и доверба во демократијата во ИФЕС.
Елена е експерт по антикорупција, правни и регулаторни рамки, изборна правда, решавање на изборни спорови и проценка на интегритетот на изборите. Таа е и специјален советник на Комитетот за изборно право на Американската адвокатска асоцијација, како и член на научниот комитет на Глобалната мрежа за изборна правда.
Вториот дел од посетата на Елена беше резервиран за одржување на работилница за градење на капацитетите на Правната служба на Државната изборна комисија. На работилницата, меѓу другото, се дискутираше за најдобрите практики и компаративни примери за правни сектори во изборни комисии ширум Светот.
На 5 и 6 април оваа година, претставници на Државната изборна комисија учествуваа на дводневна Конференција за интегритет на изборите во новата информатичка средина.
Настанот беше во организација на Меѓународната фондација за изборни системи (IFES), во партнерство со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во рамките на проектот „Северна Македонија – активност за поддршка на изборите“ поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID).
Конференцијата имаше за цел да се презентираат и анализираат меѓународни практики во областа на политичкото рекламирање, онлајн медиумите, социјалните и традиционалните медиуми, дезинформациите и улогата на регулаторните тела. Во текот на првиот ден од конференцијата се одржа и презентација на наодите од истражувањето и анализата на медиумите и изборите. Говорници на панел дискусиите беа реномирани меѓународни и домашни експерти. Во текот на вториот ден тема на дискусија беше начинот на финансирање на изборните кампањи на политичките партии и нивна контрола.
Конференцијата овозможи размена на мислење и искуства со членови на високи тела и стручни организации, како Европскиот парламент, Европската платформа на регулаторни тела (EPRA), Европската регулаторна група за аудиовизуелни медиумски услуги (ERGA), Комитетот на експерти на Советот на Европа за медиумска средина и реформи, AGCOM – Италијанско регулаторно тело за комуникации, Авторитетот на аудиовизуелни медиуми на Албанија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државна комисија за спречување на корупција, политички партии и други.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2022/04/konferencija-3.jpg7201600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-04-13 17:37:592022-04-13 17:43:57Соопштение за Конференција
Делегација од Државната изборна комисија (ДИК), предводена од претседателот Александар Даштевски, составена од членовите Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Оливер Ристовски, на покана на Републичката изборна комисија на Република Србија (РИК) беше во службена посета на Белград за набљудување на претседателските, парламентарните и локалните избори, кои се одржаа на 3 април.
Делегацијата на ДИК оствари средба со претседателот на РИК, Владимир Димитријевиќ, со цел размена на искуства за изборното законодавство, изборниот процес и работата на изборните органи и други институции при спроведувањето на изборите.
ДИК беше непосредно присутна и на повеќе избирачки места во Белград за време на гласањето и оствари контакти со претставниците на избирачките одбори.
Државната изборна комисија ги известува овластените претставници на политичките партии кои ќе учествуваат на Изборите за градоначалник на Општина Центар Жупа кои ќе се одржат на 17 април 2022 година, дека ждрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати ќе се одржи на 24.03.2022 година со почеток во 12 часот, во седиштето на Државната изборна комисија, голема сала, 4 кат.
Воедно ги покануваме овластените претставници на политичките партии кои ќе учествуваат на Изборите за градоначалник на Општина Центар Жупа, 2022 година да земат учество во ждребувањето, односно утврдувањето на редните броеви во единствената листа на кандидати.
Овластените претставници на политичките партии треба да понесат овластување од подносителот на листата.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-03-23 15:10:032022-03-23 15:10:05Соопштение за одржување на ждрепка за утврдување на единствена листа на кандидати