Државната изборна комисија ги известува граѓаните кои во законски определениот рок се пријавија за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија во:

1. Токио,
2. Њу Делхи,
3. Атина,
4. Астана,
5. Каиро,
6. Киев,
7. Талин и
8. Тел Авив

дека на овие избирачки места бројот на пријавени граѓани е помал од 10. Согласно Изборниот законик во овие дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии нема да се спроведе гласање на предвремените избори за пратеници во Собранието иа Република Македонија закажани за 11.12.2016 година.

Граѓаните кои се пријавиле за гласање во овие дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии, своето право на глас ќе можат да го реализираат на нивните избирачки места според адресните податоци во Република Македонија.

Изборната кампања за предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија закажани за 11 декември оваа година ќе започне на 21 ноември (понеделник).

Државната изборна комисија потсетува дека од денот на распишување на изборите па се до почеток на изборна кампања, радиодифузерите и печатените медиуми не смеат да емитуваат, односно да објавуваат платено политичко рекламирање.
Исто така, од денот на распишување на изборите се до нивното завршување, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања.

За прекршителите на овие одредби Државната изборна комисија ќе иницира поведување соодветни постапки согласно своите надлежности. Висината на глобите за ваквите прекршоци се определени во член 181 и 182 од Изборниот законик.

Be известуваме дека општинската изборна комисија е должна да ги прифати предлозите за членови и нивни заменици во избирачки одбори од политичките партии во опозиција и на власт, се со цел да се запази соодветната застапеност, согласно член 38 став 5 од Изборниот законик, и во ситуација кога листите со предлози или замени на веќе предложените кандидати, политичките партии ги доставиле надвор од роковите наведени во Роковникот за извршување на избориите дејствија за спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, 18 октомври -11 декември 2016 година… (повеќе)

Почитувани,

Државната изборна комисија Be известува дека при формирањето на избирачките одбори, а со цел да се залази принципот на нивно формирање, согласно член 38 ставовите 5 и 6 од Изборниот законик, за сите избирачки одбори каде предлози за членови и заменици имаат доставено двете политички партии во опозиција и двете политички партии од власта, општинската изборна комисија е должна да постапи согласно упатството на Државната изборна комисија бр. 08-2998/1 од 08.11.2016 година.

Во ситуација кога предлози за членови и нивни заменици доставила само една од политичките партии во опозиција или на власт, општинската изборна комисија е должна да ги прифати доставените предлози и да ги именува за членови и нивни заменици предложените лица само од доставените листи на предлози… (повеќе)

ПОЈАСНУВАЊЕ

За запишување во посебниот извод од избирачкиот список на лицата од членот 196-6 од
Изборниот законик.

Граѓаните кои согласно член 196-6 од Изборниот законик во број од 29858 кои поднеле пријава за запишување во избирачкиот список ло електронски пат преку апликацијата [email protected] или во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и чии што пријави се прифатени од страна на Државната изборна комисија, доколку сакаат да гласаат во странство, треба да поднесат Пријава/Барање за запишување во посебниот извод од избирачкиот список за гласање во ДКП на Република Македонија.

Државјаните на Република Македонија чии што пријави се прифатени и кои претходно го имаат пријавено пред надлежен орган на РМ својот привремен престој во странство или привремена работа во странство, односно државјаните за кои Министерството за внатрешни работи има евиденција дека се на привремена работа или престој во странство, поднесуваат само пријава Образец бр. 30

Државјаните на Република Македонија чии што пријави се прифатени и кои претходно не го пријавиле пред надлежен орган на Р.М. својот привремен лрестој или привремена работа во странство, односно државјаните за кои Министерството за внатрешни работи нема евиденција дека се на привремена работа или престој во странство, поднесуваат пријава/барање Образец бр. 29. Во прилог на образецот задолжително доставуваат скенирана копија од документи како доказ за престој во странство… (повеќе)

Понеделник 07.11.2016 година е последен ден за политичките партии на власт, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови и за политичките партии во опозиција, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, до Општинските изборни комисии да достават предлози за членови на избирачки одбори и нивните заменици во Република Македонија.

Поради тоа, Општинските изборни комисии се должни да организираат дежурства за прием на предлози за членови на избирачки одбори и нивните заменици од политичките партии на власт, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови и за политичките партии во опозиција, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, а по приемот на листите електронски да ја известат Државната изборна комисија.

Се известуваат Политичките партии дека Табелата „Предлози од политичка партија за членови и нивни заменици во избирачки одбори во Република Македонија“, објавена на веб страната на Државната изборна комисија, на 30.10.2016 година (недела) имаше технички грешки, поради што истата беше повлечена од веб страната.

На 04.10.2016 година повторно беше објавена корегираната табела.

Политичките партии предлозите за членови и нивни заменици во избирачки одбори во Република Македонија да ги достават во корегираната табела и во истата не мора да бидат пополнети рубриките: e-mail адреса и образование за предлог членовите и нивни заменици во избирачките одбори во Република Македонија.

Се известуваат граѓаните дека доколку при пребарувањето во Избирачкиот список, по ЕМБГ, по име и презиме или по адреса, НЕ СЕ ПРОНАЈДАТ во Избирачкиот список, да се проверат дали се наоѓаат во Листата на граѓани чии што записи во Избирачкиот список останале спорни, односно за кои има несовпаѓање на податоците, а кои согласно член 196-б од Изборниот законик не доставиле пријава до Државната изборна комисија.

Доколку се пронајдат во Листата, а за да го оставарат своето избирачко право на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат во декември 2016 година, ќе можат да се пријават при Државаната изборна комисија во текот на Јавниот увид во Избирачкиот список кој ќе трае 15 дена.

Државната изборна комисија најдоцна 10 дена од денот на распишувањето на изборите, Избирачкиот список ќе го стави на јавен увид во своите подрачни одделенија и месни канцеларии.

Граѓаните пријавувањето ќе можат да го направат согласно Упатството кое ќе го донесе Државната изборна комисија.

Предмет: Прв седмичен извештај на Агенцијата

Почитувани,

Врз основа на обврските од член 76-в став 2 и член 196-в од Изборниот законик, а во согласност со Меморандумот склучен меѓу нашите институции на 04,02.2016 година, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го доставува првиот седмичен извештај за периодот од 2 до 8 септември 2016 година.

Имајќи предвид дека според член 196-в од Изборниот законик, правилата за медиумско претставување од членовите 75, 75-а, 75-6, 75-в, 75-г, 75-д, 76-в и 76-г се применуваат 100 дена пред денот на одржување иа предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат во 2016 година, Агенцијата започна со мониторингот на 2 септември 2016 година… (повеќе)

Врз основа на член 196-г и член 196-ѓ од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија” бр.40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), а во врска со Писмениот извештај за извршен надзор (мониторинг) на Првиот телевизиски програмски сервис на Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЈ1ЕВИЗИЈА Скопје – Македонска телевизија – Прв програмски сервис (МРТ1) бр.10-4351/1 од 07.09.2016 година, Привремената комисија за следење на медиумско претставување, доставува:

П Р Е Д Л О Г
за постапување

До Привремената комисија за следење на медиумско претставување доставен е Писмен извештај за извршен надзор (мониторинг) на Првиот телевизиски програмски сервис на Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје – Македонска телевизија – Прв програмски сервис (МРТ1), бр. 10-4351/1 од 07.09.2016 година, емитуван во периодот од 2 до 5 септември 2016 година… (повеќе)

Во просториите на Државната изборна комисија денеска, 13 јули 2016 година, д-р Јасмина Димитриева одржа презентација на компаративната анализа на улогите на изборните тела во сузбивањето на изборни неправилности.

На барање на Државната изборна комисија, а во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), беше изготвен преглед на постојните практики од 12 земји од Западен Балкан и пошироко. Овој документ ќе послужи за натамошна разработка на постапките поврзани со изборни неправилности, како и за зајакнување на капацитетите на правната служба на ДИК.

 

 

Се известуваат правните лица, кои стопанисуваат со рекламните паноа и билборди а кои доставиле свои ценовници до Државната изборна комисија дека ждрепката за поделба на локациите кои се нудат за политичко рекламирање, распоредени согласно критериумите од член 78-а став 3 од Изборниот законик, ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО НЕДЕЛА, 15 МАЈ 2016 ГОДИНА.

Ви благодариме на соработката,

                                                                                                                                             ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
                                                                                                                                                        ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР
                                                                                                                                                                ДОБРЕ ЈАНЧЕВ

                                                                                                                                               

Превземи (Соопштение за собирање потписи за независни кандидати за пратеници)

Почитувани претставници на медиумите,

Државната изборна комисија на ден 6 април 2016 година, со почеток во 10:00 часот, ќе одржи јавна седница во која ќе се расправа по следниот дневен ред :

1. Разгледување на Извештајот за прогресот од вкрстените, теренските и административните проверки заради ажурирање на Избирачкиот список врз основа на Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список (заклучно со 05.04.2016); и

2. Разно.​

Ве покануваме да присуствувате во истата.

Државната изборна комисија информира дека теренските проверки на Избирачкиот список се спроведуваат во согласност со определената динамика. Над 550 анкетари во сите 80 општини на територијата на Република Македонија, почнувајќи од 28 март непрекинато работат во периодот од 8:30 до 19:00 часот. Теренските проверки во сите подрачни одделенија на Државната изборна комисија се во завршна фаза.

Државната изборна комисија во моментов е фокусирана на внес и обработка на податоците од анкетните прашалници во единствената електронска апликација. Се прават напори сите податоци да бидат на време внесени и соодветно обработени.

Државната изборна комисија истакнува дека информациите кои се појавија во определени медиуми, а кои се однесуваат на наводно намерно кочење на процесот на теренски проверки, се невистинити. Сите членови на Државната изборна комисија и нејзината Стручна служба се целосно посветени теренските проверки навремено да бидат завршени.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content