Државната изборна комисија, во согласност со европското законодавство, Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, домашната регулатива и интерните акти ќе склучи Меморандум за соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива.

Основен приоритет на двете страни е преку реализација на целите од овој Меморандум да придонесат кон зголемување на поддршката на граѓаните со попреченост во сите сегменти и фази на изборниот процес, остварување на нивните гласачки права, унапредување на работата на изборната администрација во создавање на услови за унапредување на инклузивноста за гласачите со попреченост и успешно спроведување на инклузивни избори.

Потпишувањето на Меморандумот ќе се одржи утре (вторник,13 март) со почеток во 11 часот, во просториите на Државната изборна комисија (голема сала, 4 кат).

Чинот на потпишување проследен со изјави од потписниците е отворен за медиумите.

 

По повод Глобалниот ден на изборите, кој секоја година се одбележува во првиот четврток во февруари, на 1 февруари 2018 година Стручната служба на Државната изборна комисија организираше прв Отворен едукативен ден за граѓаните. 

На овој ден сите заинтересирани граѓани беа добредојдени во просториите на Државната изборна комисија, каде можеа да проследат едукативна презентација преку која се информираа околу остварувањето на своето избирачко право со особен фокус на водењето на Избирачкиот список. Воедно граѓаните можеа да постават и прашања до вработените во Стручната служба на ДИК, а и да подигнат едукативни материјали. 

На првиот Отворен едукативен ден посетителите најмногу се интересираа за начинот на ажурирање на Избирачкиот список, електронскиот увид во веб-апликацијата Избирачки список, а добивме и конструктивни предлози за олеснување на пристапот на независните кандидати до изборниот процес.

 

По повод Глобалниот ден на изборите, кој секоја година се одбележува во првиот четврток во февруари, на 1 февруари оваа година Стручната служба на Државната изборна комисија организира прв Отворен едукативен ден за граѓаните. Ова е прв пат од своето постоење Државната изборна комисија да ги отвори своите врати за граѓаните, а интенцијата е ваквите денови да станат редовна пракса.

На овој ден сите заинтересирани граѓани се добредојдени во просториите на Државната изборна комисија, каде ќе можат да проследат едукативна презентација преку која ќе се информираат околу остварувањето на своето избирачко право со особен фокус на водењето на Избирачкиот список.

Воедно граѓаните ќе можат да постават и прашања до вработените во Стручната служба на ДИК.

Во три термини во текот на денот, и тоа во 11:00, 13:00 и 15:00 часот, заинтересираните граѓани ќе можат да ја проследат едукативната тура во седиштето на ДИК (Бул. Св. Кирил и Методиј бр.54, 4-ти кат), или пак да се информираат околу остварувањето на своето избирачко право во некое од подрачните одделенија и канцеларии ( http://www.sec.mk/16000-2/ ).

Сите заинтересирани за централните настани во седиштето на ДИК, ги покануваме 10 минути пред одбраниот термин (11:00. 13:00 или 15:00 часот) да дојдат пред главниот влез на зградата на седиштето.
Групата од главниот влез до салата на 4-ти кат ќе ја водат вработени со беџови на Стручната служба на ДИК.

Важно за медиумите:

Изјава за медиумите по повод одбележувањето на Глобалниот ден на изборите во седиштето на ДИК закажуваме за во четврток, 1 февруари, во 12:00 часот.

Вашите екипи ќе можат да ги проследат едукативните тури и да снимаат кадри за ваши потреби.

Отворениот едукативен ден во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК е отворен и за локалните ТВ и радио станици  кои можат да ги посетат и да проследат како тече одбележувањето на Глобалниот ден на изборите.

ДИК најостро ги демантира дезинформациите пласирани во јавноста дека наводно “кратела од теренците за себеси да си даде бонус“.

Државната изборна комисија со цел да ја зголеми одговорноста за точноста при внесот на податоците од страна на општинските изборни комисии, за овие избори одлучи наместо внесот на податоци да се врши исклучиво од лица од Државниот завод за статистика, општинските изборни комисии да определат лица кои беа обучени од страна на ДИК за внес на податоци.

Од тие причини е намален бројот на ангажираните лица од ДСЗ за внес на податоци на само едно лице по општинска изборна комисија. Наведените лица се ангажирани само на изборниот ден по 19 часот, односно по пристигнувањето на податоците од гласањето.

Државната изборна комисија за сите ангажирани лица од ДСЗ обезбеди авансни средства за транспорт и други трошоци, а на повеќе од 15 лица им беше платено и спиење.

Покрај платените патни и други трошоци, секое ангажирано лице од ДЗС доби надоместок од 2000 денари за ангажман не повеќе од 8 часа, идентичен надоместок како и претходните избори.

 

Pdf 2Соопштение за медиуми 06.12.2017.pdf

 

По повод денешните тврдења на г – динот Џабир Дерала во весникот Слободен печат во кои говори за “луксузен престој” на членовите на Државната изборна комисија во хотел Радика, 48 часа пред парламентарните избори во 2016 година, Државната изборна комисија остро ги демантира и ги отфрла ваквите наводи како тотално невистинити и тенденциозни.

Државната изборна комисија ја информира јавноста дека престојот во хотел Радика всушност беше РАБОТИЛНИЦА за постапување и решавање на поднесени приговори во пресрет на локалните избори и поттикнување на меѓуинституционална соработка која се одржа на 30 мај – 1 јуни 2017 година, со подршка на:

  1. Мисијата на ОБСЕ во Скопје;
  2. Венецијанската комисија;
  3. Европската Унија;
  4. Советот на Европа;
  5. Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС;

На оваа работилница присуствуваа претставници од повеке државни институции, невладини организации, Мисијата на ОБСЕ, Венецијанската комисија и Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС.

На истата таа работилница присуствуваше и г-динот Џабир Дерала кој добро знае дека сите трошоци за престојот беа покриени од страна на Меѓународна фондација за изборни системи – ИФЕС и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

 

Pdf 2Демант на натписот од Слободен печат.pdf

 

На избирачкото место 2901 во општина Чаир вкупно 719 запишани избирачи денеска можат да го остварат своето избирачко право.
До 13 часот, од вкупниот број на запишани избирачи, на гласање излегле вкупно 150, односно 20.86 %.

Подносителите на листи на кандидати имаат право да поднесат приговори до ДИК за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати.

Приговорите за постапката за гласање можат да се поднесуваат најдоцна до утре до 19 часот, додека рокот за поднесување на приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите истекува во среда во 2 часот наутро.

ДИК е должна во рок од 48 часа по приемот на секој приговор да донесе одлука по истиот. Против одлуката на ДИК, подносителот на приговорот може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа.

Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

 

Државната изборна комисија ги известува граѓаните кои се запишани во избирачкиот список а на кои рокот на важност на документот за лична идентификација им истекува помеѓу двата изборни круга на Локалните избори 2017 година, во вториот изборен круг на Локалните избори 2017 година кој ќе се одржи на 29 октомври 2017 година, можат да гласаат единствено со важечка лична карта или патна исправа.

Граѓаните кои сакаат да го остварат своето избирачко право во вториот изборен круг за избор на Градоначалник на општината, треба веднаш да извадат нова лична карта или патна исправа.

 
Pdf 2Соопштениe за граѓаните за втор круг.pdf

 

Подносителите на листи на кандидати имаат право да поднесат приговори до ДИК за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати.

Приговорите за постапката за гласање можат да се поднесуваат најдоцна до денеска, 17 октомври, до 19 часот.

Со оглед дека општинските изборни комисии ги објавуваат првичните резултати од изборите во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките одбори, рокот за поднесување на приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите истекува ноќва во 2 часот по полноќ.

Државната изборна комисија ги известува овластените претставници на политичките партии, коалициите и групите избирачи кои ќе учествуваат на Изборите за градоначалници и членови на советите на општините и Градот Скопје 2017 година дека ждрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати ќе се одржи во вторник, 19 септември со почеток во 12 часот.

Ждрепката ќе се одржи во седиштето на Државната изборна комисија, голема сала, 4 кат.

Воедно ги покануваме овластените претставници на политичките партии, коалициите и групите избирачи кои ќе учествуваат на Локалните избори 2017 година да земат учество во ждребувањето, односно утврдувањето на редните броеви во единствената листа на кандидати.

Тие со себе треба да понесат овластување од подносителот на листата.

 

Ha 16.09.2017 година (сабота), во 13 часот, во просториите на Државната изборна комисија ќе се спроведе ждрепка согласно член 78-а ставови 5 и 6 од Изборниот законик со која Државната изборна комисија ќе ги распореди локациите на рекламните паноа и билборди кои се нудат за политичко рекламирање од страна на правните лица кои стопанисуваат со истите.

Се повикуваат претставниците на правните лица кои доставиле понуди за рекламни паноа и билборди и поднеле локации и ценовници до ДИК да учествуваат во ждрепката, доколку нема присутен претставник од понудувачите, извлекувањето ќе го изврши лице од стручната служба.

Се известуваат и заинтересираните политичките партии, учесници во изборниот процес, дека може да присуствуваат и да го следат процесот на спроведување на ждрепката за рекламни паноа и билборди.

 

Pdf 2Соопштение за Рекламни паноа и билборди –  15.09.2017 година.pdf

 

 

 

[ux_image id=”14013″ drop_shadow=”1″ link=”http://www.sec.mk/wp-content/uploads/2017/08/Sredba-so-EU-2.jpg” ]

 

Државната изборна комисија денеска оствари средба со преставници од Европскиот Парламент и ЕУ делегацијата. На средбата гостите ја нагласија поддршката кон работата на ДИК во нејзините заложби за организирање и спроведување на локалните избори 2017 година.

Во текот на средбата  преставниците од Европскиот Парламент и ЕУ делегацијата се интересираа за повеќе прашања во доменот и надлежностите на ДИК, во делот на имплементација на препораките на ОДИХР и ОБСЕ, како и за начинот на ажурирање на податоците во Избирачкиот список.

Од страна на ДИК, беше истакнато  дека комисијата била во постојана соработка со сите релевантни институции.  Гостите беа информирани дека Избирачкиот список веќе е на јавен увид на официјалната страна на Државната изборна комисија и во сите општини односно подрачни одделенија и канцеларии на ДИК.

ДИК, исто така, информираше за преземените активности во нејзината надлежност а кои се дел од планот  3-6-9 од Влада на Република Македонија и во согласност со Стратешкиот план на Државната изборна комисија за периодот 2017-2020 година.

Беше подвлечено дека ДИК, од нејзиното формирање, посветено и одговорно работи, во рамките на своите надлежности, во зголемување на довербата во процесот на организирање на  изборниот процес, кај сите клучни актери.

 

Државната изборна комисија Ве известува дека утре, вторник 22 август ќе започне со случајниот избор на членови на избирачки одбори. Случајниот избор ќе се врши во период од 22 август (вторник) до 25 август (петок ) во просторите на дом на АРМ.

Почетокот на случајниот избор ќе започне во 11:00 часот

Државна изборна комисија

На 1 март 2017 година во Државната изборна комисија се одржа интерактивна презентација на The Hatch Act, односно Актот кој го дефинира превенирањето на партиски ангажмани на јавните службеници во САД.

Презентацијата ја спроведе Шефицата на Одделот за спроведување на Актот, г-а Ана Галиндо Мароне. Одделот за спроведување на Актот дава советодавни мислења на службени лица од федералните државни органи, органи на ниво на сојузните држави и на локално ниво, како и на општата јавност во САД, за разни ситуации што може да доведат до примена на законски мерки за придржување кон Актот.

Презентацијата ја овозможи Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

 

Извршниот директор на Граѓанската асоцијација МОСТ од Скопје, г. Дарко Алексов и Претседателот на Државната изборна комисија, г. Александар Чичаковски, се согласија за предавање на користење на „Датабаза на одлуки и пресуди по приговори и тужби за изборите”, од страна на Граѓанската асоцијација МОСТ на Државната изборна комисија.

Со потпишувањето на овој записник, Граѓанскзтз асоцијација МОСТ го предава домејнот http://izbornapravda.mk на Државната изборна комисија, која понатаму ќе ја администрира датабазата и ќе може истата да ја дополнува со нови одлуки.

Датабазата ги содржи одлуките по приговори за изборите од страна на Државната изборна комисија и пресудите no жалбите и тужбите од страна на Врховниот, односно Управниот суд. Временскиот период кој го опфаќа датабазата е од предвремените избори за пратеници зо Собранието иа Република Македонија одржани во 2008-ма г. до изборите за претседател на Република Македонија и предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија одржани во 2014-та г.

Датабазата е израбогена во форма на веб-страница (http://izbornapravda.mk) која ги содржи самите одлуки и пресуди во форма на датотеки во .pdf формат, како и основни податоци за истите, како на пример изборен циклус, вид на приговор, избирачко место, одлука по приговор итн. По истите овие критериуми датабазата може и да се пребарува.

Датабазата на одлуки и пресуди е во насока на продолжување на долгогодишната успешна соработка помеѓу Државната изборна комисија и Граѓанскага асоцијација МОСТ и има за цел да им послужи на сите субјекти и чинители поврзани со избориге.

Датабазата беше подготвена во рамките на проектот „Патоказ кон слободни и фер избори” кој го спроведуваше Граѓанската асоцијација МОСТ и кој беше финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија…(повеќе)

По повод Глобалниот ден на изборите, кој се оддржува секој прв четврток во февруари, Државната изборна комисија оствари работна средба со претставници од Граѓанската асоцијација МОСТ.

Средбата беше во насока на проширување на соработката помеѓу ДИК и МОСТ и на истата Граѓанската асоцијација МОСТ на ДИК и ја предаде на користење датабазата на одлуки и пресуди по приговори и тужби за изборите, претходно подготвена од страна на Граѓанската асоцијација МОСТ.

Датабазата е изработена во форма на веб- страница (http://izbornapravda.mk) која ги содржи самите одлуки и пресуди во форма на документи во pdf формат, како и основни податоци за истите, како на пример изборен циклус, вид на приговор, избирачко место, одлука по приговор итн. По истите овие критериуми датабазата може и да се пребарува.

Датабазата беше подготвена како дел од проектот „Патоказ кон слободни и фер избори“ кој го спроведуваше Граѓанската асоцијација МОСТ, а беше финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија, Британската Амбасада во Скопје, Националниот демократски институт (NDI) и Националниот фонд за демократија (NED).

Државната изборна комисија ја информира јавноста дека материјалите за едукација на гласачите кои се подготвени од други субјекти, а кои се емитуваат преку медиумите, не се одобрени од страна на Државната изборна комисија.
Материјалите за едукација на гласачите обележани со логото на Државната изборна комисија се единствени едукативни материјали. Оваа обврска на Државната изборна комисија е во согласност со член 31, став 2, точка 15 од Изборниот законик со кој се регулира дека Државната изборна комисија „ја информира и едуцира јавноста за начинот на гласање и за остварување на избирачкото право“.

Дезинформациите и шпекулациите кои се шират низ медиумите во однос на доверливиот изборен материјал за наводно осумдесет илјади пробни испечатени гласачки ливчиња, Државната изборна комисија ги демантира во целост.

Државната изборна комисија има целосна контрола врз целиот изборен процес, а особено врз печатењето на доверливиот изборен материјал.

Државната изборна комисија ги известува сите граѓани дека изводите од Избирачкиот список се испечатени, проверени, потврдени и потпишани од сите членови на Државната изборна комисија. Исто така, испечатени се и гласачките ливчиња и се пакуваат за достава до надлежните општински изборни комисии во наредните денови.

Воедно сакаме да ве информираме дека во текот на утрешниот ден во просториите на Државната изборна комисија ќе се спроведе гласањето на членовите на избирачките одбори кои ќе го спроведуваат гласањето во дипломатско конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија во странство.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Во информираме дека на 07.12.2016 година (среда) во просториите на Државната изборна комисија ќе се спроведе гласањето на членовите на избирачките одброи кои ќе го спроведуваат гласањето во дипломатско конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Македонија.

Гласањето ќе започне од 07.00 часот и ќе трае до 19.00 часот.

 

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Врз основа на член 34 од Привремениот деловник на Државната изборна комисија, број. 01-1089/1 од 04.07.2006 година, членот 31 став 2 точките 2 и 44 од Изборниот законик („Службен Весник на Република Македонија”, број 40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 54/11, 142/12, 31/2013, 34/2013,14/2014, 30/14,196/15, 35/16, 97/16, 99/16,136/16 и 142/16) во врскасо член 173 став 1 од Изборниот законик, Државната изборна комисија на седницата одржана на 04.12.2016 година, донесе

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ
за постапување на општинските изборни комисии

Општинските изборни комисии да стапат во контакт со одговорните лица во институциите (средни и основни училишта, градинки и сл.) каде се сместени гласачките места а во чии објекти има инсталирано систем за видео надзор, и да побараат видео надзорот да биде исклучен во временски период од 06:00 до 24:00 часот на денот на гласањето (11 декември 2016 година) при што камерите, кои го опслужуваат видео надзорот да бидат насочени кон ѕидот на кој се монтирани, со цел овозможување на тајноста на гласачите и изборниот процес во целина.

Општинската изборна комисија да побара писмено известување од соодветната институција, во кое се гарантира дека видео надзорот е исклучен.

Во случај на доставени приговори од гласачите, по овој основ, Државната изборна комисија ќе преземе соодветни законски мерки против овластеното лице од соодветната институција, општинската изборна комисија и избирачкиот одбор…(повеќе)

Skip to content