Заклучок за потврдени листи на кандидати кои ќе учествуваат на изборите за Претседател на Република Северна Македонија 2019 година

Описи на Избирачките места во Република Северна Македонија – Претседателски избори 2019

Државната изборна комисија Ве известува дека на 22.3.2019 година (петок) во 11:00 часот, во седиштето на Државната изборна комисија ќе одржи јавна седница на која со ждрепка ќе се утврди редоследот на единствена листа на кандидат за Избор на Претседател на Република Северна Македонија.


Денес 21.3.2019 година (четврток) на 26-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа во седиштето на Комисијата, се разгледуваше и одлучуваше по Листата за Претседател на Република  Северна Македонија, од кандидатот Блерим Река.

Листата за кандидат за Претседател на Република Северна Македонија, 2019 година за кандидатот Блерим Река, до Државната изборна комисија беше доставена на 19.3.2019 година, а согласно одредбите од Изборниот законик член 67 (став 1) Државната изборна комисија во законски утврдениот рок ја разгледа и ја потврди Листата, со што Блерим Река е кандидат за претседател на Република Северна Македонија.

Истовремено, во однос на поднесените барања за добивање овластување за набљудувачи за Претседателските избори 2019 година, на оваа седница за разгледување беше ставено Барањето од Здружението на лица со посебни потреби „Заедно можеме“ – Гостивар и истото беше усвоено.

На продолжението на 26-та седница на Државната изборна комисија, се разгледуваше и одлучуваше по листите за Претседател на Република Северна Македонија, од кандидатите Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.

Државната изборна комисија откако ги разгледа поднесените Листи, констатираше дека истите се уредно поднесени по што ги потврди и со тоа Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски се кандидати за Претседател на Република Северна Македонија.

Државната изборна комисија на кандидатите за Претседател на Република Северна Македонија, 2019 година ќе им подготви решенија за потврдување на Листата за кандидат на Претседател.

Државната изборна комисија им посака успех на кандидатите.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Одлука за објавување на описите на избирачки места

Заклучок за усвојување на извештајот во врска со поднесените пријави за гласање со кои граѓаните се пријавуваа за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Северна Македонија во странство

Упатство за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на листите на кандидати за градоначалник 2019

Заклучок за важење на Упатство за утврдување на личниот идентитет на гласачот (чл.108 од ИЗ)

Заклучок за важење на Упатство за распределба на рекламни паноа и билборди по пат на ждрепка

Заклучок за важење на Упатство за примена на член 112-а од ИЗ-за лица со посебни потреби

Заклучок за важење на Упатство за начинот и постапката за решавање на приговори

Заклучок за важење на Упатство за гласање на слепи лица и лица со оштетен вид

Заклучок за важење на Упатство за гласање на немоќно и болно лице (чл.111 став 4,5,6,7 од ИЗ)

Заклучок за важење на Упатство за гласање на немоќно и болно лице (чл.111 став 1,2,3 од ИЗ)

Заклучок за важење на Упатство за гласање на лица кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор

Заклучок за важење на Упатство за гласање на избирачи кои сечленови на избирачки одбори кои го спроведуваат гласањето во ДКП (чл113-б од ИЗ)

Заклучок за важење на Упатство за важечки и неважечки ливчиња

Заклучок за важење на Правилникот за начинот на постапување на полицијата за време на спроведување на изборите

Упатство за работа на Општинските изборни комисии и Изборната комисија на Град Скопје

Известување за распределба на рекламни паноа и билборди за предвремените избори за градоначалници 2019

Известување за потребните прилози кон поднесената листа на кандидати за градоначалник на Предвремените локални избори за општините Охрид, Ново село и Дебар (ЧЛЕН 64 од Изборниот законик)

Известување за потребните прилози кон поднесената листа за кандидат за Претседател на Република Северна Македонија

Јавниот увид во Избирачкиот список започна на 23 февруари 2019 и заврши на 14 март 2019 година. Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведе во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија и во 46 дополнителни канцеларии сместени во единиците на локалната самоуправа согласно Одлуката на Државната изборна комисја бр. 08-494/1 од 21.02.2019 година, во временски период од 09,00 до 19,00 часот, вклучувајќи ги и деновите од викенд и празници.

Јавниот увид се спроведе на Избирачкиот список со состојба на податоците на граѓаните и тоа:

  • Граѓани со наполнети 18 години живот со важечка лична карта или пасош на денот на гласањето (21 април 2019 година),
  • Умрени лица 30 дена пред распишувањето на изборите (9 јануари 2019 година) и
  • Другите податоци од Избирачкиот список на денот на распишувањето на изборите (8 февруари 2019 година).

Во целост јавниот увид помина без никакви проблеми во редовна постапка согласно насоките и упатствата претходно дадени од страна на Државната изборна комисија.

Согласно податоците кои секојдневно се добиваа од страна на подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија за увидот и промените во Избирачкиот список за целокупниот период од 23.02.2019 до 14.03.2019 година (20 работни дена), за спроведување на изборите за Претседател на Република Северна Македонија и на предвремените избори за Градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар кои ќе се одржат на 21.04.2019 година се доби следната состојба:

ВКУПНО: од 23.02 до 14.03.2019 година.

  1. Граѓани кои извршиле проверка во избирачкиот список 53972 граѓани.
  2. Граѓани за кои е донесено решение за запишување во ИС 517 граѓани.
  3. Граѓани за кои е донесено решение за Бришење од ИС 412 граѓани.
  4. Граѓани за кои е извршена промена на податоците во ИС 129 граѓани.
  5. Граѓани со поништено живеалиште кои направиле увид во ИС 1 граѓани.

Составен дел на Извештајот е и табелата: Конечен преглед од јавен увид од 23.02 – 14.03.2019 година

Извештај за пристигнати пријави за гласање од ДКП со пресек на 15.03.2019 во 09:30 часот

На координативната средба помеѓу д-р Бујар Османи, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и Национален ИПА координатор, која се одржа во просториите на Државната изборна комисија, се дискутираше за мерките и активностите кои се преземаат за непречено спроведување на Изборите за Претседател на Република Северна Македонија, 2019 година.

На средбата д-р Бујар Османи, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и Национален ИПА координатор, покажа особен интерес за административно – техничките капацитети и потребите на Државната изборна комисија, со цел да се пресретнат и надминат сите евентуални проблеми или недостатци, за конечна позитивна слика на целокупниот изборен процес.

Двете страни ја нагласија важноста овие Избори да се спроведат во фер и демократска атмосфера, согласно позитивните законски прописи и меѓународното законодавство, кои ќе претставуваат важен индикатор и предуслов во напредокот на имплементацијата на Итните реформски приоритети, односно спроведување на Листата на приоритети од Планот 18 во делот на Изборите за испорачување на резултати кои ќе донесат позитивна оценка во извештајот на Европската комисија.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Државната изборна комисија на 6 февруари 2019 година учествуваше на еднодневната конференција на тема „Учество во изборниот процес на лицата со попреченост“, во организација на мрежата за поддршка на изборите во Западен Балкан.
Во своите воведни обраќања претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, заедно со Амбасадорот Клеменс Која, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ја истакнаа важноста на обезбедувањето на еднакви услови за пристап на лицата со попреченост до политичкиот живот општо, а особено до изборниот процес.
Претседателот Деркоски истакна дека во својот краток период од нејзиното формирање во овој состав, ДИК направи исклучителни напори за време на организирање на референдумот за да им овозможи на лицата со попреченост да го остварат своето право на глас. ДИК продолжува и понатаму, пред претстојниот процес на претседателските избори, на овие лица да им овозможи подобрен пристап до гласачките места.

Во своето обраќање во првата панел сесија, претседателот Деркоски детално ги изложи преземените активности од страна на Државната изборна комисија, како и тоа дека ДИК континуирано имплементира активности во насока на обезбедување на пристап на лицата со попреченост до изборниот процес. Меѓутоа, за обезбедување на целосен и еднаков пристап и на оваа категорија гласачи како наша заедничка цел, потребна ни е отворена соработка и со други институции во чија надлежност се објектите за гласање, а секако и со граѓанскиот сектор во насока на подигање на свеста за потребите во оваа област, рече тој.

Државната изборна комисија на 17 јануари оваа година организираше стручна тркалезна маса на тема „Примена на нови технологии во изборните процеси”.

Тркалезната маса ја отворија претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски и потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Фросина Ременски Ташевска.

Целта на оваа тркалезна маса беше да се иницира дискусија помеѓу релевантните страни во изборите за можноста и потребата од воведување и користењето на нови информатички и комуникациски технологии во изборните процеси и презентација на различните меѓународни искуства, пренесени од страна на видни експерти и практичари од оваа област.

На тркалезната маса учествуваа претставници од клучни институции, како што се Собранието на РМ, Министерството за внатрешни работи, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за правда, Министерство за надворешни работи, Државниот завод за статистика, други институции, надзорни тела, граѓански здруженија и претставници од меѓународната заедница во Скопје.

Говорниците на тркалезната маса ги изложија своите искуства од примената на нови технологии при организирањето и спроведување на изборите во различни земји. Се разговараше и за сигурноста на новата технологија за гласање, влијанието кое новата технологија го има врз довербата на јавноста во изборниот процес, контролата и ревизијата на технологијата по завршување на изборите, како и препораките на ОБСЕ/ОДИХР во кои се опфатени нови технолошки решенија.

Посебна студија на случај презентираа говорниците од Централната изборна комисија и Центарот за континуирана едукација од Молдавија, кои го презентираа функционирањето на Државниот автоматизиран информатички систем „Избори“ (SAISE).

Од плодната дискусија на тркалезната маса произлезе заклучокот дека Државната изборна комисија треба да пристапи кон воведување на нови технологии во изборите со цел унапредување на целокупниот изборен процес, а особено на денот на гласањето и броењето и сумирањето на резултатите од гласањето. Присутните изразија подготвеност за соработка со ДИК во оваа насока.

Државната изборна комисија денеска склучи Меморандум за соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива. Меморандумот е изготвен во согласност со европското законодавство, Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост, домашната регулатива и интерните акти.
Со реализација на целите на Меморандумот двете страни отпочнаа веднаш по неговото потпишување. Денеска започна тридневната работилница за вработените во седиштето на Стручната служба на Државната изборна комисија, која ќе трае до 15 март, а преку која учесниците ќе се стекнат со вештини за испорачување на обуки за лица со попреченост.
По комплетирањето на оваа активност, ќе следат регионални работилници за претставници од општинските изборни комисии, кои ќе се реализираат во текот на месеците април и мај оваа година.
Со реализацијата на овие активности Државната изборна комисија ќе се стекне со тим на обучувачи со специфични вештини за комуникација и испорачување обуки на лица со попреченост. Овој тим на обучувачи понатаму ќе работи на реализација на целите на Меморандумот за соработка.

Основен приоритет на двете страни е преку реализација на целите од овој Меморандум да придонесат кон зголемување на поддршката на граѓаните со попреченост во сите сегменти и фази на изборниот процес, остварување на нивните гласачки права, унапредување на работата на изборната администрација во создавање на услови за унапредување на инклузивноста за гласачите со попреченост и успешно спроведување на инклузивни избори.

 

Државната изборна комисија, во согласност со европското законодавство, Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, домашната регулатива и интерните акти ќе склучи Меморандум за соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива.

Основен приоритет на двете страни е преку реализација на целите од овој Меморандум да придонесат кон зголемување на поддршката на граѓаните со попреченост во сите сегменти и фази на изборниот процес, остварување на нивните гласачки права, унапредување на работата на изборната администрација во создавање на услови за унапредување на инклузивноста за гласачите со попреченост и успешно спроведување на инклузивни избори.

Потпишувањето на Меморандумот ќе се одржи утре (вторник,13 март) со почеток во 11 часот, во просториите на Државната изборна комисија (голема сала, 4 кат).

Чинот на потпишување проследен со изјави од потписниците е отворен за медиумите.

 

Skip to content