На 63-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 17.3.2020 година, се потврдија поднесените листи на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, поднесени од ВМРО – ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“ и Демократска унија за интеграција – ДУИ, за Предвремените избори за пратеници во Собранието 2020 година.

Понатаму, беше донесено Решението за неспроведување на гласање во дипломатско – конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Северна Македонија во странство по поднесените листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија за Изборната единица 7, за Предвремените избори за пратеници во Собранието 2020 година, кое е донесено согласно извршениот увид во Финалниот извештај за пријавувањето на државјаните на Република Северна Македонија за гласање во Дипломатско конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии на Република Северна Македонија во странство, каде што Државната изборна комисија утврди дека 6096 пријави кои се прифатени, се во согласност со одредбите од член 50-а од Изборниот законик, истите се поднесени во законскиот рок, своерачно се потпишани или се испратена преку апликацијата на Државната изборна комисија со лична електронска пошта со која се пријавуваат за гласање на претстојните избори и кон истите се приложени бараните докумети, а 1439  пријави кои се одбиени, не се уредни согласно член 50-а ставовите 6 и 8 од Изборниот законик. 

Односно, имајќи предвид дека согласно член 4 став 3 од Изборниот законик во Изборната единица 7, која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија, пратеник може да се избере доколку соодветната листа на кандидати за пратеници освоила најмалку онолкав број на гласови со кои што е избран пратеник со најмал број на гласови во изборните единици во Република Северна Македонија на последните парламентарни избори во Република Северна Македонија, а ставот 6 од истиот член предвидува дека доколку во Изборната единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија и Азија, ниту една од листите на пратеници не го добила потребниот број на гласови утврден во ставот (3) на овој член, не се избира ниту еден пратеник, Државната изборна комисија го донесе Решението бидејќи потребниот број од 6534 пријави, не беше достигнат.

Истовремено, Државната изборна комисија ја донесе и Одлуката за објавување на описите на избирачките места.

Донесените акти ќе бидат објавени на веб – страницата на Државната изборна комисија.

Известување во врска со поднесени пријави за гласање во ДКП

Извештај за пристигнати и обработени пријави за гласање во ДКП на РСМ со пресек на 11.03.2020 година во 11:50 часот

Извештај за пристигнати и обработени пријави за гласање во ДКП на РСМ со пресек на 10.03.2020 година во 11:30 часот

Извештај за пристигнати и обработени пријави за гласање во ДКП на РСМ со пресек на 09.03.2020 година во 11:30 часот

Извештај за пристигнати и обработени пријави за гласање во ДКП на РСМ со пресек на 06.03.2020 година во 11:30 часот

Одлука за изменување и дополнување на одлуките за Формирање на ОИК – 06.03.2020

Тужба за поведување на управен спор против Одлуката за утврдување на просечно постигнатата цена и најниската цена за платено политичко рекламирање во последните пет изборни циклуси број 10-476/1 од 16.01.2020 година

Упатство за начинот и постапката за пријавување и гласање во посебни установи за вонсемејна грижа (домови за стари лица)

Упатство за изгледот на беџовите за идентификација на изборните органи, изборната администрација, овластените претставници на подносителите на листа на кандидат, меѓународните и домашните набљудувачи за предевремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2020 година

Упатство за начинот и постапката за решавање на приговори во надлежност на Државната изборна комисија

Упатство за начинот и постапката за решавање на приговори во надлежност на Општинските изборни комисии

На 61-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 6.3.2020 година, беа разгледувани и донесени следните подзаконски акти:

  • Упатството за начинот и постапката за пријавување и гласање во посебни установи за вонсемејна грижа (домови за стари лица), согласно кое избирачите кои на денот на гласање се згрижени во посебни установи за вонсмејна грижа, по претходна пријава до одговорното лице на установата каде што се згрижени ќе можат да го остварат правото на глас, за што Министерството за труд и социјална политика врз основа на сопствена евиденција и врз основа на доставените податоци од одговорните лица во установите за вонсемејна грижа до Државната изборна комисија ќе достави податок за овие лица.

  • Упатството за изгледот на беџовите за идентификација на изборните органи, изборната администрација, овластените претставници на подносителите на Листа за кандидат, меѓународните и домашните набљудувачи за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2020 година.

  • Упатството за начин и постапка за решавање на приговори кои се во надлежност на Општинските изборни комисии, за начинот и постапката за решавање на приговори поднесени од избирачите согласно член 149 став (1) од Изборниот законик, според кој на секој избирач на кој му е повредено личното избирачко право во постапката за спроведување на гласањето може да поднесе приговор до Општинската изборна комисија во рок од 24 часа.

  • Упатството за начинот и постапката за решавање на приговори кои се во надлежност на Државната изборна комисија, за начинот и постапката за решавање на приговори поднесени од избирачите и овластените подносители на листи на кандидати, по кое приговори може да се поднесуваат согласно: член 69-а (подносител на листа односно кандидат може да поднесе приговор за непочитување на одредбите од член 69-а став (1) и став (2) од Изборниот законик), член 148 од Изборниот законик (приговор може да поднесе секој подносител на листа на кандидати за повреда во постапка за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето), член 149 став (2) од Изборниот законик (приговор може да поднесе секој избирач на кого му е повредено личното избирачко право во постапка за спроведување на гласањето во странство) и член 149-а од Изборниот законик (приговор може да поднесе секој избирач на кого му е повредено избирачкото право во секоја фаза од избориот процес), кое има за цел да ги определи минималните услови за формата, содржината на приговорот, начинот на поднесување до Државната изборна комисија и да обезбеди независно, непристрасно и правично разгледување и одлучување по приговорите.                                                                

  • Државната изборна комисија го донесе и Образецот број 21- Записник за сумирање на резултатите од гласањето за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и Упатството за составување на истиот.

Се разгледаа поднесените барања за добивање овластување за набљудувачи – Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2020 година и беа одобрени 4 акредитации на Меѓународна фондација за изборни системи, ИФЕС –Канцеларија во Северна Македонија, 18 акредитации на Граѓанска асоцијација за Развој на Демократските Институции – МОСТ Скопје и 33 акредитации на ОБСЕ Канцеларија за демократски институции и човекови права – Мисија за набљудување на избори.

Претседателот на Државната изборна комисија информираше во врска со Јавниот увид во Избирачкиот список, каде до 5.3.2020 година, проверка извршиле 5725 граѓани, за 87 граѓани е донесено решение за запишување во Избирчакиот список, за 42 граѓани е донесено решение за бришење од Избирачкиот список, на 34 граѓани им е извршена промена на податоците во Избирачкиот список и 7 граѓани со понишетно живеалиште кои направиле увид во Избирачкиот список.

По однос на собирањето на потписи од група избирачи, во Изборната единица 1 – Емилија Гелева, собрала 74 потписи, за Изборната единица 2 – Игор Цветковски – 33 потписи, за Изборната единица 3 – Зоран Мијалков не собрал потписи, за изборната единица 4 – Горан Танаскоски собрал 255 потписи, за Изборната единица 5 – Петар Котевски собрал 174 потписи и за Изборната единица 6 – Исмаил Бојда, не собрал потписи.

Во дипломатско – конзуларните претставништва заклучно со 5.3.2020 година, се пријавиле вкупно 2871 граѓани.

Исто така, Државната изборна комисија ги разгледа барањата за неприфаќање на извршување на должност претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинските изборни комисии по што беше направен случаен избор на претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинските изборни комисии чии барања за изземање беа прифатени од Државната изборна комисија.

 

Со почит

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Извештај за пристигнати и обработени пријави за гласање во ДКП на РСМ со пресек на 05.03.2020 година во 13:00 часот

Во соработка со  Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Државната изборна комисија  во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на ден 4 март 2020 година,  организираше Форумот за инклузивноста на изборниот процес за претставници и претставнички на институции и здруженија на граѓани,

Преку организирање на овој настан, во пресрет на Парламентарните избори 2020, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Државната изборна комисија имаа за цел да го истакнат значењето на инклузивноста на изборниот процес, преку размена на идеи и предлози за недостатоците на системот, кои превенираат одредени групи граѓани и граѓанки потполно и еднакво да учествуваат во изборниот процес. Фокусот ќе беше ставен на жените, лицата со попреченост и припадниците на заедниците. Очекувањата од овој  Форум се дека истиот ќе придонесе кон  охрабрување на сите релевантни актери вклучени во изборниот процес да преземат конкретни чекори за унапредување на својата работа на начин кој ќе овозможи подобра вклученост и видливост на овие категории граѓани и граѓанки во изборниот процес.

Крајната цел е да се придонесе кон демократски, фер и инклузивен изборен процес.

На настанот присуствуваа претставници од институциите кои на било каков начин се вклучени во некој дел од изборниот процес, граѓанските организации кои работат во областа на набљудување на изборите и застапување на правата на лицата со попреченост, жените и заедниците, академската заедница, како и од локалните канцеларии на меѓународните организации кои работат на ова поле.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Во седиштето на Државната изборна комисија се одржа средба помеѓу членовите на Државната изборна комисија и Претставници на Канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР, на чело со Шефот на Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР, Тана де Зулета.

Се разговараше за сите аспекти од изборниот процес и за сите чинители и учесници во истиот. Претставниците на Мисијата на ОБСЕ/ ОДИХР беа заинтересирани за начинот и активностите кои ги презема Комисијата како одговор на промената на законската рамка, непосредно пред распишувањето на Предвремените парламентари избори, 2020 година.

Направени се неколку изменувања и дополнувања на Изборниот законик, вклучувајќи ги: можноста потписите на избирачите во постапката на кандидирање да се собираат покрај службените лица на Државната изборна комисија и пред нотар, гласање во посебни установи за вонсемејна грижа, предвиден е нов Пилот – проект за нов метод на идентификување на гласачите, во Избирачкиот список ќе бидат сите граѓани кои на денот на изборите имаат 18 години, без разлика дали имаат важечки лични документи, при што правото на глас ќе може да го остварат само оние граѓани кои имаат важечки лични документи на денот на гласањето. Друга новина за овие избори е дека по приговорите за заштита на личното избирачко право ќе одлучуваат општинските изборни комисии, додека пак по другите приговори во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето ќе одлучува Државната изборна комисија, која согласно новите законски измени ќе може да обезбедува и прибира докази.

Понатаму, претседателот на Државната изборна комисија ги информираше Претставниците на Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР, за важноста за континуирана задолжителна обука на изборната администрација, како и за резултатите кои овие обуки ги имаа на претходните избори.

Особен фокус на средбата имаше и прашањето за начинот на распределба и користење на финансиските средства за платено политичко рекламирање, обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија, за радиодифузерите, печатените медиуми и електронските поратли (Интернет порталите) кои ќе обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната капмања.

Исто така, Државната изборна комисија информираше дека со помош на грант обезбедена е опрема за комплетна заштита на информацискиот систем на Државната избирна комисија.

По однос на поголема транспарентност и со цел граѓаните да бидат навремено информирани за резултатот од гласањето на денот на изборите, во тек е набавка на нова апликација за прибирање на резултати, преку која ќе се овозможи побрза објава на првични резултати од гласањето, како и објава на излезеност на гласачите, со што оваа година Државната изборна комисија ќе ги објавува на секои два саати.

Претставниците на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, укажаа дека нивната задача е набљудување на изборите, од кое ќе дадат извештај и следни препораки за понатамошните избори.

Двете страни се заблагодарија за меѓусебната отворена соработка и транспарентност и се согласија истата да ја продолжат и понатаму за успешно реализирање на Предвремените парламентарни избори 2020 година.

Извештај за пристигнати и обработени пријави за гласање во ДКП на РСМ со пресек на 04.03.2020 година во 12:30 часот

Упатство за гласање на слепи лица и лица со оштетен вид


АУДИО ЗАПИС – УПАТСТВО ЗА ГЛАСАЊЕ НА СЛЕПИ ЛИЦА И ЛИЦА СО ОШТЕТЕН ВИД

Извештај за пристигнати и обработени пријави за гласање во ДКП на РСМ со пресек на 03.03.2020 година во 12:00 часот

Skip to content