Известување за неприфаќање за изземање – 02.07.2020

Одлука за исправка на Одлуката за изменување и дополнување на одлуките за формирање на ОИК од 30.06.2020

Одлука за изменување и дополнување на одлуките за формирање на ОИК- 02.07.2020

На Продолжението на 73-та седница на Државната изборна комисија, кое се одржа на 2 јули 2020 година, се изврши случаен избор на претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинските изборни комисии, чиишто барања за изземање претходно беа прифатени од страна на Државната изборна комисија.

Државната изборна комисија ги прифати барањата за добивање овластување за набљудувачи за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 15 јули 2020 година, и тоа од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Гласот на Америка, Американската амбасада во Скопје, Амбасадата на Република Албанија и Здружението на граѓани ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Истовремено, на седницата беше донесена Одлука за бришење на алинеја 2, 3 и 5 од точка 7, од Упатството за набљудување на изборите и изборната постапка, донесено од Државната изборна комисија, во делот на набљудување на изборниот процес од страна на домашни и странски акредитирани набљудувачи, со цел да се овозможи поголема достапност во набљудувањето на изборите, поголема транспаренстност и подобри услови за работа.

Описи на избирачките места во Република Северна Македонија за Предвремени парламентарни избори 2020

Табела на избрани здравствени работници во избирачки одбори за Ковид-19

На 73-та седница на Државната изборна комисија која се одржа на 1 јули 2020 година, во седиштето на Државната изборна комисија, беа усвоени Записникот од 71-та седница на Државната изборна комисија, одржана на 25 јуни 2020 година и Записникот од 72-та седница на Државната изборна комисија, одржана на 28 јуни 2020 година.

Согласно член 52 од Изборниот законик, Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници на Собранието на Република Северна Македонија на 15 јули 2020 година и Ревидираниот роковник за продолжување на изборните дејствија за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, донесен од Државната изборна комисија, на седницата беше заклучен Избирачкиот список, по спроведените промени од Јавниот увид во Избирачкиот список и спроведената организационо – техничка и методолошка обработка од страна на надлежните институции, со следната состојба:

  1. Вкупен број на гласачи запишани во Избирачкиот список е 1.814.263, од кои:
    • Во изводите од Избирачкиот список се запишани 1.729.189 гласачи;
    • Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои се на привремена  работа или престој во странство, се запишани 83.054 гласачи;
    • Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, се запишани 1.657 гласачи;
    • Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои се згрижени во установи за вонсемејна грижа, се запишани 357 гласачи и
    • Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои согласно евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика се водат како внатрешно раселени лица се запишани 6 гласачи.

Истовремено, Државната изборна комисија го донесе Упатството за начинот на гласање на избирачките места со помалку од 10 избирачи, со кое од вкупно 3480 избирачки места, во 90 избирачки места  – на подрачјето на 29 општински изборни комисии се евидентирани помалку од 10 гласачи, со што гласачите од овие избирачки места своето право на глас ќе може да го остварат на најблиското избирачко место со над 10 гласачи, откако претходно ќе бидат известени за местото каде што ќе можат да го остварат своето право на глас.

Исто така, на затворениот дел од седницата, Државната изборна комисија го утврди изгледот на гласачкото ливче за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Рапублика Северна Македонија, за 15 јули 2020 година.

Одлука за заклучување на Избирачкиот список

Упатство за начин на гласање на избирачки места со помалку од 10 избирачи

Упатство за пријавување и гласање на лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на Ковид 19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација

Упатство за дополнување на упатството за гласање на немоќно или болно лице (член 111 став 1,2 и 3 од Изборниот законик)

Задолжителни препораки за здравствена заштита во текот на изборниот процес

Известување за пријавување на лица кои се позитивни на КОВИД -19, лица во самоизолација, болни, немоќни и хронично болни лица

Известување за неприфаќање на изземање од ОИК- 30.06.2020

Одлука за именување и дополнување на одлуките за формирање на Општинските изборни комисии – 25.06.2020

На 72-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 28 јуни 2020 година, беа разгледани поднесените приговори за предвремено започната изборна кампања од Коалицијата „Можеме“ и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ и истите беа едногласно отфрлени, поради тоа што не ги исполнуваат законските услови од член 69а од Изборниот законик.

Поради важноста да се обезбеди максимална здравствена заштита на сите учесници во изборниот процес, а поврзано со Здравствениот протокол за спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Репубика Северна Македонија, 15 јули 2020 година од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од аспект на  надлежностите на Државната изборна комисија, на седницата беа донесени Задолжителните препораки за здравствена заштита во текот на изборниот процес, во кои се опфатени хронолошки сите изборни дејствија, односно предавањето на изборниот материјал од Државната изборна комисија на општинските изборни комисии, а потоа од општинските изборни комисии до избирачките одбори и обратно, процесот на гласање на лицата кои се заразени со КОВИД -19 или лицата кои се наоѓаат во домашна изолација, гласањето на болните и изнемоштени лица и хронично болните, како и денот на гласање, со што темелно се опфатени сите аспекти за заштита и спречување на ширење на Коронавирусот.

Исто така, Државната изборна комисија ги донесе Одлуката за дополнување на Одлуката бр.05-546/1 од 20 јуни 2020 година, за утврдување на потреба од формирање на помошни тела на Државната изборна комисија за спроведување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и Одлуката за изменување на Ревидираниот роковник, бр.10-467/2 од 16 јуни 2020 година, за продолжување на изборните дејствија за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 15 јули 2020 година.

На затворена седница Државната изборна комисија го утврди гиош елементот за позадината на гласачкото ливче за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 15 јули 2020 година.

 

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Одлука за изменување на Ревидираниот роковник за продолжување на изборните дејствија за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на РС Македонија, 15 јули 2020 година

На 71-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 25 јуни 2020 година, беше усвоен Записникот од 68-та седница на Државната изборна комисија, одржана на 12 јуни 2020 година, Записникот од 69-та седница на Државната изборна комисија, одржана на 16 јуни 2020 година и Записникот од Седумдесеттата седница на Државната изборна комисија, одржана на 18 јуни 2020 година.

Државната изборна комисија ги одобри барањата за акредитација поднесени од Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и од Амбасадата на Република Франција.

Поднесените приговори за предвремено започната изборна кампања, поднесени од: ВМРО – ДПМНЕ и Колалицијата „Обнова за Македонија“; Политичка партија ЛЕВИЦА и Коалиција „МОЖЕМЕ“, беа едногласно одбиени од Државната изборна комисија, поради тоа што истите не ги исполнуваат законските услови од член 69а од Изборниот законик.

По однос на Барањето за промена на редоследот на редниот број на кандидатите на изборните листи од „Твоја партија“ и Барањето од политичката партија „Родина Македонија“ за учество на Предвремените парламентарни избори за пратеници во Собранието на Република Северна македонија, 15 јули 2020 година, Државната изборна комисија едногласно одлучи да не ги прифати согласно Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес, донесена од Владата на Република Северна Македонија, на 21 март 2020 година, каде во член 5 јасно е наведено дека спроведувањето на изборните дејствија ќе продложи од денот на престанокот на вонредната состојба, а сите изборни дејствија кои се преземени согласно одредбите на Изборниот законик до денот на стапување во сила на Уредбата ќе се сметаат за важечки, Заклучокот на Државната изборна комисија за прекинување на сите изборни дејствија за спроведување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, закажани за 12 април 2020 година, донесен од Државната изборна комисија, каде исто се заклучува дека сите изборни дејствија кои се преземени согласно одредбите од Изборниот законик до 22 март 2020 година се сметаат за важечки и Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Макеоднија на 15 јули 2020 година, донесена од Владата на Република Северна македонија,  на 15 јуни 2020 година, со која е утврдено дека спроведувањето на останатите изборни дејствија, ќе продолжи од денот на престанокот на вонредната состојба, а сите изборни дејствија, до денот на влегувањето на оваа уредба со законска сила се сметаат за важечки.

Понатаму беше разгледано и Барањето за запишување во Избирачки список доставено од ВМРО-ДПМНЕ и по истото беше констатирано дека сите лица наведени во предметното Барање ќе бидат упишани во Избирачкиот список, со исклучок на едно лице на кое е истечена важноста на личната карта.

Државната изборна комисија ја донесе Одлуката за доделување авансни средства на подрачните одделенија и канцеларии за обиколка и обезбедување на избирачките места и Одлуката за доделување на дополнителни средства на општинските изборни комисии за спроведување на Предвремените парламентарни избори, 15 јули 2020 година, имајќи го предвид зголемениот обем на работни активности и задачи согласно новонастаната состојба со Коронавирусот.

Истовремено, беше донесено и Упатството за дополнување на упатството за гласање на немоќно и болно лице (член 111 став 1, став 2 и став 3 од изборниот законик), во кое се додаваат хронично болните лица, кои се определени согласно Листата на Министерството за труд и социјална политика.

Имајќи предвид дека лицата кои се во домашен карантин заради позитивен COVID -19 тест и лицата на кои им е одредена мерка домашна самоизолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе гласаат на 13 јули 2020 година, во своите домови според местото на живеење, Државната изборна комисија донесе Упатство за пријавување и гласање на лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на Ковид-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација, во кое се објаснува постапката и спроведувањето на гласањето во овие околности.

За активностите од изборниот процес на кои се однесуваат безбедносните мерки предвидени во здравствениот протокол за спроведување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 15 јули 2020 година, на седницата беше донесен Посебен дел на прирачникот за едукација на изборните органи.

Исто така, на седницата Државната изборна комисија спроведе случаен избор на претседател и членови на посебните избирачки одбори кои ќе го спроведат гласањето на болните од Ковид-19, како и случаен избор на претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинските изборни комисии чии барања за изземање беа прифатени од Државната изборна комисија.

 

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content