Државната изборна комисија  на ден 30 март 2021 година, ја одржа петтата седница, на која присуствуваа Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, членовите на ДИК, Радица Ристеска, Борис Кондарко, Оливер Ристовски, Бобан Стојаноски и Кренар Лога.

На седницата се расправаше по следните точки од дневниот ред:

  1. Разгледување и усвојување на Записникот од четвртата седница на Државна изборна комисија;
  2. Разгледување и усвојување на Стратешкиот план на Државната изборна комисија за периодот 2021 – 2024 година,
  3. Разгледување и усвојување на Предлог Процедура за спроведување на постапките за доделување на договори за јавни набавки и нивна реализација;
  4. Разгледување и усвојување на Предлог Процедура за постапување со поднесоци доставени до Државната изборна комисија;
  5. Разно.

Записникот од 4-та седница на ДИК, Стратешкиот план на Државната изборна комисија за периодот 2021 – 2024 година, Процедурата за спроведување на постапките за доделување на договори за јавни набавки и нивна реализација, Процедурата за постапување со поднесоци доставени до Државната изборна комисија, беа усвоени едногласно од Комисијата.

Документите од точките од дневниот се објавени на веб страницата на ДИК www.sec.mk  додека детални информации за седницата можат да се најдат на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=3iVZUS8mgJs  

 

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

 

 

Државната изборна комисија  на ден 28 февруари 2021 година, ја одржа четвртата седница, на која присуствуваа Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, членовите на ДИК, Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Бобан Стојаноски и Кренар Лога.

На седницата се расправаше по следните точки од дневниот ред:

  1. Разгледување и усвојување на записникот од 3-та седнца на ДИК;
  2. Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за завршната сметка на Државната изборна комисија за 2020 година, и
  3. Разно.

Записникот од 3-та седница на ДИК и Годишниот извештај за завршната сметка на Државната изборна комисија за 2020 година, беа усвоени едногласно од Комисијата.

Документите од точка 2 од дневниот се објавени на веб страницата на ДИК www.sec.mk  додека детални информации за седницата можат да се најдат на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=TLKdRxIyr7E 

 

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

 

 

На 11 март 2021 година, Делегација на Државната изборна комисија, предводена од Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, а составена од членовите на ДИК, г. Кренар Лога,  г. Оливер Ристовски и г. Бобан Стојановски, имаа средба со Државниот комисионер за избори на Република Албанија, г. Илирјан Целибаши.

Целта на средбата беше разменувањето на искуствата помеѓу двете институции и преземањето на конкретни чекори за соработка во иднина.

Имајќи  предвид дека ДИК се наоѓа пред предизвикот за електронско идентификување на гласачите, интересот на делегацијата беше  фокусиран во имплементацијата на овој проект од страна на ЦИК на Р.Албанија.

Делегацијата на ДИК беше запознаена со законските одредби поврзани со технологијата во изборите, процедурите и чекорите кои биле превземени од страна на ЦИК на Албанија за реализација на имплементацијата на Електронскиот систем на идентификација на гласачите, како и со демонстрација на функсионирањето на уредот за електронска идентификација.

Делегацијата на ДИК, покажа интерес и за наблудување на избори во Република Албанија, кои ќе се одржат на 25 април 2021 година.

На 18.02.2021 година со почеток во 14:00 часот, Државната изборна комисија ја одржа третата седница.

На седницата се разгледаа и беа усвоени измените и дополнувањата на Актот за систематизација на ДИК.

Државната изборна комисија, предводена од претседателот Александар Даштевски, на 18 февруари оствари работна средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На средбата се разговараше околу измените на Изборниот законик, за воведување на отпечаток од прст во изборниот процес. Од страна на претставниците на ДИК беше побарана поддршка од МВР за достапност на одредени лични податоци на граѓаните кои ќе учествуваат во изборниот процес, во насока на спроведување беспрекорни фер и демократски избори со целосен легалитет и легитимитет на изборниот процес.

Двете страни ја потенцираа потребата од формирање заедничка работна група, која ќе ги реши сите дилеми и разлики во текот на постапката, но и нужноста од генерална стратегија за сајбер безбедност, и се согласија околу потребата од законски измени со кои би се утврдил начинот на користење на отпечатокот од прст во текот на изборниот процес.

    

Државната изборна комисија  на ден 10 февруари 2021 година, со почеток во 13:00 часот ја одржа втората седница, во која присуствуваа Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, членовите на ДИК, Радица Ристеска, Борис Кондарко, Оливер Ристовски, Бобан Стојаноски и Кренар Лога.

На седницата се расправаше по следните точки од дневниот ред:

  1. Разгледување и усвојување на записникот од 1-та седнца на ДИК;

  2. Предлог-Одлука за формирање на работна група за изготвување на ИКТ Стратегија на Државната изборна комисија за 2021-2023 година, и

  3. Разно.

Записникот од 1-та седница на ДИК и Одлуката за формирање на работна група за изготвување на ИКТ Стратегија на Државната изборна комисија за 2021-2023 година, беа усвоени едногласно од Комисијата.

Под точката Разно,  Комисијата, дискутираше за ажурирањето на Избирачкиот список, односноза објавувањето на последна состојба на Избирачкиот список, четри пати годишно, како обврска која произлегува од Изборниот законик и потребата за информирање на јавноста преку кампања за проверка на податоците во истиот.

Исто така беше дискутирано и за барањето на ДИК до Министерството за финансии за дообезбедување на средства за набавка на фингерпринт апарати.

Документите од точките 1 и 2 од дневниот се објавени на веб страницата на ДИК www.sec.mk  додека детални информации за седницата можат да се најдат на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=vdJjqrg-m4A

 

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Со презентација по повод 15 годишнината од формирањето на Државната изборна комисија како професионално тело, ДИК денеска (4 февруари) го прослави Глобалниот ден на изборите.

На прославата беа поканети и досегашните претседатели и потпретседатели на ДИК.

Настанот го отвори претседателот на ДИК, Александар Даштевски, кој во своето пригодно обраќање ја истакна важноста на правото на глас како едно од основните човекови права. Тој ја потврди заложбата на ДИК да подготвува, организира и спроведува избори според стандарди и процедури кои обезбедуваат рамноправни услови за сите учесници во изборите и општо, еднакво, слободно и тајно право на глас за секој гласач.

Свои изјави дадоа и поранешните претседатели на Комисијата, Александар Новаковски и Оливер Деркоски, како и поранешниот потпретседател Реџеп Прекопуца. Тие ја нагласија важноста на Државната изборна комисија и нејзините надлежности, напредокот кој ДИК го постигнала во изминатите 15 години, и изразија поддршка за проектите кои продолжува да ги спроведува актуелниот состав на Комисијата.

Државната изборна  комисија како професионално тело е востановена со Изборниот законик усвоен на 29 март 2006 година. Првиот професионален состав на ДИК на чело со Јован Јосифовски како претседател е избран на 15 април 2006 година. Актуелен е шестиот професионален состав на Комисијата, избран на 12 јануари годинава.

Од своето формирање како професионално тело, ДИК спровела Парламентари избори во 2006, 2008, 2011, 2014, 2016 и 2020 година, Претседателски избори во 2009, 2014 и 2019 година, Локални избори во 2009, 2013 и 2017 година, како и Референдум на државно ниво во 2018 година.

Глобалниот ден на изборите секоја година се одбележува во првиот четврток во февруари. На овој ден изборните комисии ширум светот организираат тркалезни маси, дебати, работилници, средби со граѓани и сл. со цел да ја истакнат посветеноста на заштита на правото на глас како едно од основните човекови слободи и права.

   

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Новиот состав Државната изборна комисија  на ден 25 јануари 2021 година, со почеток во 13:00 часот ја одржа првата седница, во која присуствуваа Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, членовите на ДИК, Радица Ристеска, Борис Кондарко, Оливр Ристовски, Бобан Стојаноски и Кренар Лога.

На седницата се расправаше по следните точки од дневниот ред:

  1. Разгледување и усвојување на финансиски план за распределба на средства на Државна изборна комисија за 2021 година;

  2. Разгледување и усвојување на Годишниот план за јавни набавки во 2021 година, по буџетска програма 20;

  3. Разгледување и усвојување на Годишниот план за јавни набавки во 2021 година, по буџетска програма 21;

  4. Усвојување на Годишниот план за обуки за 2021 годинa ; и

  5. Разно.

Сите точки од дневниот ред беа едногласно усвоени од страна на Комисијата.

Детални информации за седницата можат да се најдат на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=aeqkF_nWQm0

     

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

На 28 јануари 2021 година Државната изборна комисија (ДИК) беше домаќин на работната средба помеѓу ДИК и највисоки претставници на ИФЕС во Република Северна Македонија.

На оваа прва работна средба помеѓу актуелниот состав на ДИК и претставниците на ИФЕС, двете страни се согласија досегашната плодна соработка да продолжи и понатаму, во насока на зајакнување на капацитетите на изборната администрација и подготовка за претстојните локални избори.

Денеска во салата за седници на ДИК, беше одржан првиот состанок на новиот состав на Државната изборна комисија. Новиот состав на ДИК, предводен од Претседателот, Александар Даштевски, Потпретседателката, Дитмире Шеху, членовите, Радица Ристеска, Борис Кондарко, Оливер Ристовски, Бобан Стојаноски и Кренар Лога, разговараа за работата на ДИК и за предизвиците за претстојните локални избори. Воедно, Државната изборна комисија им се заблагодарува за нивната работа во Комисијата, на претходниот Претседател на ДИК, Оливер Деркоски и членовите, Елизабета Постоловска, Јанаќе Витановски и Енвер Салихи.

Заклучок за дополна на заклучокот, бр. 11-3589/1 од 17.12.2020 година, за конечност на резултати од гласањето во Општина Пласница на Предвремените избори за Градоначалник на Општина Пласница и Општина Штип, 13 декември 2020 година

Заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето во Општина Штип на Предвремените избори за Градоначалник, 13 декември 2020 година

Објава на ден 17.12.2020 год. во 18:30 часот

Решение за поништување на гласањето на ИМ број 2266 за Штип

 

Заклучок за конечност на резултати во Општина Пласница

Заклучок за важење на Правилникот за надоместок од -Парламентарни избори 2020

Првични резултати од спроведените Предвремени избори за градоначалник на Општина Пласница и Општина Штип, врз основа на податоците од записниците од ОИК

Описи на избирачките места во Република Северна Македонија за Предвремени избори за градоначалник на општина Штип и општина Пласница 13.12.2020

Одлука за заклучување на Избирачкиот список за Предвремени избори за градоначалник во Општина Штип и Пласница

Одлука за објавување на описите на избирачките места

Упатство за начин на гласање на избирачки места со помалку од 10 избирачи

Skip to content