Одлука за исправка на техничка грешка во Одлуката за формирање на ОИК Пласница

Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на ИК за Град Скопје – 27.08.2021

Известување за неприфаќање на барањата за изземање од должноста во ОИК – 27. 08.2021

На седницата на Државната изборна комисија која се одржа на 17 август 2021 година, беше презентирана новата веб страница на Државната изборна комисија, како дел од проектот „Поддршка на изборни реформи“ на Швајцарската амбасада, Швајцарската агенција за развој и соработка-СДЦ, имплементиран од ИФЕС – Интернационална фондација за изборни системи и Националниот младински сојуз на Македонија. Веб страницата ќе има поедноставен приказ на содржините кои ќе бидат систематизирани во области и тоа: гласачи, учесници во избори, медиуми и изборни органи, како и  дополнителни пристапни алатки кои ќе го олеснат пристапот и прегледот на содржините на гласачите со попреченост. Дизајнот ќе овозможи брз и едноставен пристап на сите заинтересирани околу изборниот процес.

На седницата се усвои Јавниот повик за проверка на податоци во Избирачкиот список за Локалните избори за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Градот Скопје, 17 октомври 2021 година кој ќе започне на 21 август 2021 година и ќе трае до 9 септември 2021 година. Сите граѓани кои ќе сакаат да извршат увид во Избирачкиот список тоа ќе може да го направат по електронски пат на веб страницата на Државната изборна комисија izbirackispisok.gov.mk или на sec.mk, како и лично во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.

Согласно член 50 став 2 од Изборниот законик, граѓаните за време на траењето на Јавниот увид, барањата за запишување, бришење и дополнување на податоците во Избирачкиот список можат да ги поднесуваат по електронска пошта до Државната изборна комисија, за која цел беше донесено Упатството за постапување при прием на барања за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список по електронски пат во Државната изборна комисија.

Истoвремено, беше усвоен Стратешки план за ИТ кој ги дефинира активностите кои треба да се извршат за комплетно спроведување на ИКТ стратегијата на Државната изборна комисија 2021-2024 година.

На седницата беа донесени и Одлуката за доделување на средства за општинските изборни комисии за спроведувње на избори за членови на советите на општините и советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Градот Скопје, 17 октомври 2021 година, во однос на тековни трошоци кои што настануваат во врска со спроведување на изборните активности и Одлуката за доделување на авансни средства на подрачните одделенија и канцеларии за обиколка и обезбедување на избирачките места и за обезбедување на средства за заштита од COVID-19.

Исто така на седницата на Државната изборна комисија беа разгледани барањата за неприфаќање на извршување на должност претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинските изборни комисии, по што по барањата кои беа прифатени од страна на Комисијата се спроведе случаен избор на претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинските изборни комисии.

Донесените акти од оваа седница ќе бидат објавени на официјалната веб страница.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Одлуки за изменување и ополнување на одлуките за формирање ОИК – 10.08.2021

Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на ИК за Град Скопје

Известување за неприфаќање на барањата за изземање од должноста во ОИК – 12.08.2021

1. Државната изборна комисија ги известува граѓаните и заинтересираните Кандидати „група избирачи” дека постапката за собирање потписи за членови на советите на општините и советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Градот Скопје, согласано Роковникот на Државната изборна комисија број 11-1537/1 донесен на ден 06.08.2021 година, објавен на WEB страната на Државната изборна комисија, ќе се спроведе во Подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија кои се објавени на WEB страната со адресни податоци за истите и пред надлежен нотар.

2. Собирањето на потписи започнува на ден 16 август 2021 година, а завршува на 30 август 2021 година, секој ден од 08:00 до 20:00 часот, а на ден 30 август 2021 година до 24:00 часот.

3. Постапката ќе се спроведе врз основа на Правилникот за регулирање на постапка за собирање потписи и начинот на определување на нотарите број 08-3007/1 донесен на ден 14.10.2020 година, кои се претходно објавени WEB страната на Државната изборна комисија.

4. Составен дел на оваа известување е:

Решение за распишување на изборите за членови на совет во општините и Град Скопје и градоначалници на општините и Град Скопје

Државната изборна комисија ги известува радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) …

Државната изборна комисија, согласно член 75-ѓ став (11) од Изборниот законик, ја објавува просечно постигнатата цена и најниската цена за платено политичко рекламирање…

Известување за неприфаќање на барањата за изземање од должноста во Општинските изборни комисии – 12.07.2021

Државната изборна комисија Ве известува дека Комисијата за јавна набавка надлежна за спроведување на јавната набавка на интегриран систем за идентификација на гласачите, на ден 1 јули 2021 година (четврток), ќе изврши јавно отварање на пристигнати понуди.

Јавното отварање на пристигнатите понуди ќе започне во 13:00 часот во салата за седици на Државната изборна комисија.

На 29 април (четврток) со почеток во 12 часот Државната изборна комисија ја одржа седмата седница, со следниот дневен ред:

  1. Разгледување и усвојување на записникот од шестата седница на ДИК;
  2. Разгледување и усвојување на предлог одлука за измена и дополнување на Финансискиот план за распределба на средства во ДИК за 2021 година, број 05-160/1 од 25 јануари 2021 година;
  3. Разгледување и усвојување на предлог измена и дополнување на Годишниот план за јавни набавки по програма 21 на ДИК; и
  4. Разно.

Сите документи од дневниот ред беа усвоени едногласно.

Седницата беше отворена за јавноста, и истата можеше да се проследи во живо преку Јутјуб каналот на ДИК: https://youtube.com/channel/UCn5bjQrKxUgN2TCXP7ylEMQ

Снимка од оваа седница и натаму е достапна на овој канал.

 

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

 

На 22 април 2021 година претставници на Државната изборна комисија учествуваа на Вториот онлајн симпозиум за младинско учество, насловен „Гласаат прв пат, но не и последен“.

Симпозиумот се одржа во организација на Асоцијацијата на изборни органи од Европа (АЦЕЕЕО) во соработка со Асоцијацијата на арапски изборни органи (АрабЕМБс). На настанот се обработуваа актуелни теми, како трендовите, предизвиците и добрите практики за младинско учество, комбинирајќи го меѓународниот компаративен пристап со конкретните искуства на земјите учеснички.

На симпозиумот кој опфаќаше 50-тина учесници од различни земји и региони, се обратија генералните секретари на АЦЕЕЕО и АрабЕМБс, истакнати универзитетски професори, претставници од изборните комисии од земји-членки на двете Асоцијации, како и претставничка од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Киргистан.

На 22 април (четврток) со почеток во 12 часот Државната изборна комисија ја одржа шестата седница на која едногласно беа усвоени записникот од петтата седница на Државна изборна комисија, Стратешкиот план на Државната изборна комисија за периодот 2021 – 2024 година и Упатството за спроведување на процедура за вршење на ex-ante контрола на примените фактури за платено политичко рекламирање од радиодифузери, печатените и електронски медиуми.

Основна цел на Стратешкиот план на Државната изборна комисија за периодот 2021 – 2024 година е да постави среднорочна, четиригодишна стратегија за унапредување на работата на ДИК преку одржување на кредибилен изборен систем, перманентно унапредување на изборниот процес и постојана поддршка на сите учесници во изборите во остварувањето на нивните избирачки права. При тоа, ДИК ќе продолжи да работи во согласност со меѓународните стандарди и добрите практики заради спроведување на квалитетни изборни процеси, да ја гарантира својата професионалност и независност, да ги јакне своите капацитети, да ја зголеми информираноста на јавноста како и да обезбеди еднаков родов пристап во сите сфери од своите надлежности.

За да го постигне ова, стратешкиот план на ДИК за 2021– 2024 година ги содржи следниве седум приоритети, кои се во согласност со мисијата, визијата и фокусот на делување на ДИК:

  1. Зголемување на квалитетот на подзаконските акти и нивната ефикасна примена;
  2. Унапредување на начинот и постапката на водење за избирачкиот список;
  3. Подобрување на ефикасноста на активностите меѓу изборните органи;
  4. Зголемување на свесноста, знаењата и довербата на граѓаните за изборниот процес;
  5. Унапредување на знаењата и вештините на изборната администрација за спроведување на изборниот процес;
  6. Подобрување на внатрешната организација и функционирање;
  7. Интегрирање на родовите аспекти во активностите на ДИК.

Упатството за спроведување на процедура за вршење на ex-ante контрола на примените фактури за платено политичко рекламирање од радиодифузери, печатените и електронски медиуми детално го уредува начинот на вршење на оваа контрола и движењето на документацијата во интерните организациони единици на ДИК.

Седницата беше отворена за јавноста, и истата можеше да се проследи во живо преку Јутјуб каналот на ДИК: https://youtube.com/channel/UCn5bjQrKxUgN2TCXP7ylEMQ

Снимка од оваа седница и натаму е достапна на овој канал.

 

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

 

Skip to content