На седницата на Државната изборна комисија беа донесени следните акти:

Согласно ново донесените измени и дополнувања во Изборниот законик потребно е определени изборни дејствија во изборниот процес да се усогласат со овие измени и за таа цел Државната изборна комисија го донесе Ревидираниот роковник за извршување на изборните дејствија за спроведување на избори за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините  и градоначалник на градот Скопје, 2021 година.

Понатаму, Државната изборна комисија го донесе Упатството за ангажирање на лица од редот на вработените во секторите за информатичките технологии во државната, јавната, општинската и администрацијата на градот Скопје или надворешни ИТ лица, кои ќе бидат  техничка поддршка на општинските изборни комисии и избирачките одбори за примена на техничката опрема на денот на гласање, според местото каде што се вработени.

Истовремено, Државната изборна комисија ја донесе Одлуката за објавување на описите на избирачките места, кои се објавуваат на веб страницата на Државната изборна комисија.

Донесените акти од оваа седница ќе бидат објавени на официјалната веб страница.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

На седницата на Државната изборна комисија беа донесени следните акти:

Кодексот за фер и демократски избори, согласно кој учесниците во изборниот процес се обврзуваат да ги почитуваат принципите на демократија и доброто владеење, со цел да се зацврстат фундаменталните вредности на демократијата и довербата во изборниот систем. Со Кодексот за фер и демократски избори учесниците во изборниот процес се обврзуваат да ги почитуваат законите кои се релевантни за изборите и се обврзуваат да не вршат притисок врз гласачите, да не се користи говор на омраза и да не се врши дискриминација врз основа на пол.

Понатаму беа донесени Обрасците: број.13б – Записник за предавање/враќање на УБИГ од Државната изборна комисија на општинската изборна комисија, број 14а – Записник за предавање/враќање на УБИГ од општинската изборна комисија на избирачкиот одбор, број 15 – Записник за утврдената состојба на просторијата за гласање, изборниот материјал и гласачките кутии и функционалноста на УБИГ од избирачкиот одбор за гласачко место, број 16б – Записник за гласање, сумирање и утврдување на резултати од избирачки одбор за избор на градоначалник на општина, број 16в  – Записник за гласање, сумирање и утврдување на резултати од избирачки одбор за избори за членови на совет на општина и број 18 в – Посебен записник од гласањето по листа на кандидат за избор на градоначалник на Градот Скопје за избирачите кои се на издржување на казна затвор или се во притвор во казнено поправна установа/дом.

Истовремено, Државната изборна комисија го донесе Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали), врз основа на поднесените барања за упис и доставените ценовници од радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) кои ќе обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања за Локалните избори 2021 година.

Учесникот во изборната кампања не може да нарача платено политичко рекламирање од радиодифузерите, печатените медиуми и електронски медиуми (интернет поратли) кои не се регистрирани во Регистарот.

Исто така, беше донесен и Правилникот за начинот на вршење на видео надзор во Државната изборна комисија.

Донесените акти од оваа седница ќе бидат објавени на официјалната веб страница.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

На средбата помеѓу Државната изборна комисија и претставниците на Националниот институт за демократија NDI, која се одржа на 10 септември 2021 година, се дискутираше за проектот на NDI „Не за насилство врз жените во политика“.

Државната изборна комисија ја подржува борбата против насилство врз основа на било кој основ на род и пол, како и борбата против говор на омраза во политиката и истото го имплементира во сите активности и акти кои се во рамките на нејзина надлежност.

Исто така, Државната изборна комисија го подржува овој Проект и за таа цел двете страни се договорија да учествуваат во потпишувањето на Кодексот за оваа намена.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

На средбата помеѓу Државната изборна комисија и претставниците на Набљудувачката Мисија на ОБСЕ – ОДИХР, која се одржа на 7 септември 2021 година, се дискутираше за преземените активности од страна на Државната изборна комисија, за спроведување на Локалните избори 2021 година.

Државната изборна комисија информираше за поголемите предизвици со кои се соочува за овие избори, а тоа е нова изборна администрација и користење на уредот за биометриска идентификација на гласачите УБИГ. За изборната администрација активно се врши обучување од страна на сертифицираните обучувачи на Државната изборна комисија, со што бројот на обучувачи за овие избори е зголемен за 60 нови обучувачи, покрај веќе сертифицираните 70  обучувачи. За користењето на УБИГ е подготвено соодветно упатство за постапување.

Државната изборна комисија ги информираше преставниците од Набљудувачката Мисија на ОБСЕ – ОДИХР за сите упатства и дејствија преземени во врска со родовата активност, безбедност во системот на Државната изборна комисја, како и за активностите кои тековно се одвиваат.

Набљудувачката Мисија на ОБСЕ – ОДИХР информираше дека за овие избори ќе има 15 долгорочни набљудувачи кои ќе бидат распоредени на девет локации низ територијата на Република Северна Македонија, кои ќе ја следат работата на изборната администрација, како и ќе остварат средби со политичките чинители и гласачите. На денот на гласањето ќе има 250 краткорочни набљудувачи распределени по повеќе избирачки места. Најпрво ќе биде подготвен времен извештај кој ќе содржи само опис на активностите, после завршување на Локалните избори 2021 година ќе достават извештај со прелиминарни наоди, а два месеца по завршувањето на изборите ќе го подготват конечниот извештај  со препораки за евентуални подобрувања.

Двете страни изразија задоволство од досегашната како и од претстојната соработката која ќе продолжи со цел да се спроведат овие избори успешно, во фер и демократска атмосфера, согласно законските прописи.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

На седницата на Државната изборна комисија беа донесени следните акти:

Упатството за начинот на утврдување на идентитетот на гласачот со кое се уредува начинот на гласање со и без примена на уредот за биометриска идентификација на гласачите УБИГ, односно кој управува со УБИГ, како ќе се спроведува гласањето со употреба на УБИГ, постапување во случај УБИГ да е технички неисправен и неупотреблив, исклучоци од гласање со техничка опрема, постапка за гласање без примена на УБИГ и сл. Поради ова Државната изборна комисија го презентираше изгледот и начинот на кој функционира УБИГ, со цел гласачите да се запознаат со изгледот и начинот на гласање.

Понатаму, беше донесена Одлуката за утврдување на максималниот износ на средствата потребни за изнајмување на простории во приватна сопственост за спроведување на гласање за оние избирачки места каде што не постојат јавни објекти кои ги задоволуваат законските услови за спроведување на гласањето и за кои е определен максимален износ од 3000 денари.

Едногласно беше донесена и Одлуката за изгледот и содржината на испечатените изводи од избирачките списоци, каде што е определено кои податоци ќе бидат содржани во внатрешните страни на изводите од Избирачкиот список, во насока на правилна примена на одредбите од член 45 од Изборниот законик.

Истовремено, беше донесено и Упатството за прием, сместување и чување на УБИГ кои се наоѓаат во просториите на Државната изборна комисија, во насока на безбедносен аспект, сите процедури, протоколи за чување, прием и обезбедување на УБИГ.

Исто така на седницата на Државната изборна комисија беа разгледани барањата за неприфаќање на извршување на должност претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинските изборни комисии, по што по барањата кои беа прифатени од страна на Комисијата се спроведе случаен избор на претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинските изборни комисии.

Донесените акти од оваа седница ќе бидат објавени на официјалната веб страница.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Заклучно 30 август 2021 година, до  24:00 часот, заврши постапката за собирање на потписи за кандидирање.  Согласно направените анализи од податоците добиени од страна на Подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, состојбата од постапката за собирање на потписи за кандидирање е следна:

  1. КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ОПШТИНИТЕ КОИ ГИ СОБРАЛЕ ПОТРЕБНИТЕ ПОТПИСИ ЗА КАНДИДИРАЊЕ:
  1. Фатмир Лимани, кандидат за градоначалник на општина Кичево,
  2. Горан Рајчевски, кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево,
  3. Горан Чекаловиќ, кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево,
  4. Јован Пејовски, кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево,
  5. Стојанче Лазов, кандидат за градоначалник на општина Росоман,
  6. Перо Митревски кандидат за градоначалник на општина Македонска Каменица,
  7. Ана Петровска, кандидат за градоначалник на Град Скопје,
  8. Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Град Скопје,
  9. Ацо Новевски, кандидат за градоначалник на општина Македонски Брод
  10. Марјанчо Колевски, кандидат за градоначалник на општина Кратово,
  11. Сенат Усеиновски, кандидат за градоначалник на општина Охрид,
  12. Жарко Стеваноски, кандидат за градоначалник на општина Прилеп,
  13. Горан Поцев, кандидат за градоначалник на општина Радовиш,
  14. Слободан Даневски, кандидат за градоначалник на општина Свети Николе,
  15. Енвер Пајазити, кандидат за градоначалник на општина Брвеница,
  16. Жика Стојановски, кандидат за градоначалник на општина Илинден,
  17. Зоран Лазаровски-Паљо, кандидат за градоначалник на општина Битола
  18. Шаќир Ислјами, кандидат за градоначалник на општина Врапчиште, и
  19. Јордан Павлов, кандидат за градоначалник на општина Лозово.
  20. Глигор Петков, кандидат за градоначалник на општина Гевгелија,
  21. Миран Митревски, кандидати за градоначалник на општина Македонска Каменица,
  22. Александар Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на општина Пехчево,
  23. Ристо Џаков, кандидат за градоначалник на општина Богданци,
  24. Зоран Ногачески, кандидат за градоначалник на општина Дебарца,
  25. Ангелчо Георгиевски, кандидат за градоначалник на општина Македонска Каменица,
  26. Максим Димитриевски, кандидат за градоначалник на општина Куманово,
  27. ИвицаТошевски, кандидат за градоначалник на општина Ранковце,
  28. Столе Атанасовски, кандидат за граноначалник на општина Илинден
  29. Александар Симоновски. Кандидат за градоначалник на општина Зелениково, и
  30. Влатко Смоковски, кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево,
  1. ГРУПИ НА ИЗБИРАЧИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТИ НА ОПШТИНИТЕ КОИ ГИ СОБРАЛЕ ПОТРЕБНИТЕ ПОТПИСИ ЗА КАНДИДИРАЊЕ:
  1. Група избирачи Петар Камчевски, листа на кандидати за членови на совет на општина Кавадарци,
  2. Група избирачи Ристо Сакалиев, листа на кандидати за членови на совет на општина Кавадарци,
  3. Група избирачи Аки Акиев, листа на кандидати за членови на совет на општина Кочани, 
  4. Група избирачи Франческо Наков, листа на кандидати за членови на совет на општина Чешиново- Облешево,
  5. Група избирачи Јана Белчева Андреевска, листа на кандидати за членови на совет на општина Центар.
  6. Група избирачи Борче Бучиновски, листа на кандидати за членови на совет на општина Могила,
  7. Група избирачиСејдо Селиов, листа на кандидати за членови на совет на општина Виница,
  8. Група избирачи Арбен Демироски, листа на кандидати за членови на совет на општина Охрид,
  9. Група избирачи Антонио Наумовски, листа на кандидати за членови на совет на општина Охрид,
  10. Група избирачи Димитар Веќановски, листа на кандидати за членови на совет на општина Охрид,
  11. Група избирачи Дарко Конески, листа на кандидати за членови на совет на општина Прилеп,
  12. Група избирачи Ристе Андонов, листа на кандидати за членови на совет на општина Свети Николе,
  13. Група избирачи Хамди Сулејмани, листа на кандидати за членови на совет на општина Тетово,
  14. Група избирачи Гарп Немиш, листа на кандидати за членови на совет на општина Велес,
  15. Група избирачи Невена Горгиевска, листа на кандидати за членови на совет на општина Карпош,
  16. Група избирачи Мирослав Славковиќ, листа на кандидати за членови на совет на општина Чучер Сандево,
  17. Група избирачи Горан Русовски, листа на кандидати за членови на совет на општина Чучер Сандево,
  18. Група избирачи Стефан Путовски, листа на кандидати за членови на совет на општина Чучер Сандево,
  19. Група избирачи Драгана Велковска, листа на кандидати за членови на совет на Град Скопје,
  20. Група избирачи Габриела Илиевска, листа на кандидати за членови на совет на општина Битола.
  21. Група избирачи Ивица Аврамовски,  листа на кандидати за членови на совет на општина Македонски Брод,
  22. Група избирачи Бране Јовановски,  листа на кандидати за членови на совет на општина Македонски Брод
  23. Група избирачи Филип Џуковски, листа на кандидати за совет на општина Маврово и Ростуше,
  24. Група избирачи Перо Митревски, листа на кандидати за членови на совет на општина Македонска Каменица,
  25. Група избирачи Ахмедин Рамовиќ, листа на кандидати за членови на совет на општина Долнени,
  26. Група избирачи Златко Шурбески,  листа на кандидати за членови на совет на општина Могила,
  27. Група избирачи Агим Садику,  листа на кандидати за членови на совет на општина Кичево,
  28. Група избирачи Венко Крстевски, листа на кандидати за членови на совет на општина Кочани,
  29. Група избирачи Владо Ристов, листа на кандидати за членови на совет на општина Зрновци,
  30. Група избирачи Македонка Ангеловска, листа на кандидати за членови на совет на општина Кратово,
  31. Група избирачи Димче Андрески, листа на кандидати за членови на совет на општина Дебарца,
  32. Група избирачи Александар Николоски, листа на кандидати за членови на совет на општина Дебарца,
  33. Група избирачи Дејан Ѓорѓиев, листа на кандидати за членови на совет на општина Пробиштип,
  34. Група избирачи Денис Тодоровски, листа на кандидати за членови на совет на општина Пробиштип
  35. Група избирачи Алексанрда Илиев Трајанова, листа на кандидати за членови на совет на општина Радовиш,
  36. Група избирачи Африм Селими, листа на кандидати за членови на совет на општина Врапчиште,
  37. Група избирачи Јован Златевски, листа на кандидати за членови на совет на општина Кавадарци,
  38. Група избирачи Владе Миланов, листа на кандидати за членови на совет на општина Лозово,
  39. Група избирачи Даниел Максимовски, листа на кандидати за членови на совет на општина Македонски Брод,
  40. Група избирачи Томе Ќичуков, листа на кандидати за членови на совет на општина Гевгелија,
  41. Група избирачи Миран Митревски, листа на кандидати за членови на совет на општина Македонска Каменица,
  42. Група избирачи Ангелчо Георгиевски листа на кандидати за членови на совет на општина Македонска Каменица,
  43. Група избирачи Стевче Стевоски, листа на кандидати за членови на совет на општина Охрид,
  44. Група избирачи Виолета Ѓорѓиевска, листа на кандидати за членови на совет на општина Пехчево,
  45. Група избирачи Маријан Алампиовски, листа на кандидати за членови на совет на општина Македонски Брод,
  46. Група избирачи Борис Ванчев, листа на кандидати за членови на совет на општина Богданци,
  47. Група избирачи Митко Камчев, листа на кандидати за членови на совет на општина Кавадарци,
  48. Група избирачи Маријанчо Арангелов, листа на кандидати за членови на совет на општина Кавадарци,
  49. Група избирачи Андон Крстевски, листа на кандидати за членови на совет на општина Демир Капија,
  50. Група избирачи Шевкет Асанов, листа на кандидати за членови на совет на општина Струмица,
  51. Група избирачи Ѓорѓи Танушев, листа на кандидати за членови на совет на општина Струмица,
  52. Група избирачи Костадин Ристоманов, листа на кандидати за членови на совет на општина Ново Село,
  53. Група избирачи Стојанчо Велков, листа на кандидати за членови на совет на општина Босилово,
  54. Група избирачи Трајче Илиевски, листа на кандидати за членови на совет на општина Гази Баба,
  55. Група избирачи Божо Лажетиќ, листа на кандидати за членови на совет на општина Центар, и
  56. Група избирачи Ивана Ѓорѓиевска, листа на кандидати за членови на совет на општина Куманово,
  57. Група избирачи Ремзи Медиќ, листа на кандидати за совет на општина Битола,
  58. Група избирачи Ристенка Алтипармаковска листа на кандидати за членови на совет на општина Битола,
  59. Група избирачи Дарко Спасовски, листа на кандидати за членови на совет на општина Ранковце,
  60. Група избирачи Сузана Ѓорѓевиќ, листа на кандидати за членови на совет на општина Куманово,
  61. Група избирачи Муамет Ахмедов, листа на кандидати за членови на совет на општина Чашка,
  62. Група избирачи Дејан Димитровски, листа на кандидати за членови на совет на општина Гази Баба,
  63. Група избирачи Александар Јаневски, листа на кандидати за членови на совет на општина Петровец,
  64. Група избирачи Свето Димовски, листа на кандидати за членови на совет на општина Чучер Сандево,
  65. Група избирачи Абдула Реџепи, листа на кандидати за членови на совет на општина Липково,
  66. Група избирачи Бојан Трајковски, листа на кандидати за членови на совете на општина Старо Нагоричане, и
  67. Група избирачи Милош Стаменковиќ, листа на кандидати за членови на совет на општина Куманово,
  1. КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ КОИ НЕ ГИ СОБРАЛЕ ПОТРЕБНИТЕ ПОТПИСИ ЗА КАНДИДАИРАЊЕ:
  1. Дејан Велиновски, кандидат за градоначалник на општина Македонска Каменица,
  2. Насто Палиоски, кандидат за градоначалник на општина Струга,
  3. Иљо Ангов, кандидат за градоначалник на општина Василево,
  4. Васко Костов, кандидат за градоначалник на општина Карпош,
  5. Мартин Кировски, кандидат за градоначалник на општина Кочани,
  6. Зоран Чиплаковски, кандидат за градоначалник на општина Берово,
  7. Љубомир Јосифовски, кандидат за градоначалник на Град Скопје, и
  8. Господин Попоски, кандидат за градоначалник на општинаВевчани,
  1. ГРУПИ НА ИЗБИРАЧИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ НА ОПШТИНИТЕ КОИ НЕ ГИ СОБРАЛЕ ПОТРЕБНИТЕ ПОТПИСИ ЗА КАНДИДИРАЊЕ
  1. Група избирачи Стојанчо Трпески- Чауш, листа на кандидати за членови на совет на општина Македонски Брод, и
  2. Група избирачи Абдул Азис Адеми, листа на кандидати за членови на совет на општина Тетово,

ТИМ ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

На седницата на Државната изборна комисија беа донесени следните акти:

Упатството за начинот на именување на членови на избирачките одбори по предлог на политичките партии за Локалните избори 2021 година, согласно кое се уредува правото на предлагање на членови и нивни заменици во избирачките одбори, односно тоа право го имаат политичките партии во опозиција, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови и политичките партии на власт кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови. Општинската изборна комисија е должна целосно да ги прифати усогласените предлози од политичките партии во опозиција и власт, кои пак се должни да го запазат утврдениот принцип при формирање на избирачките одбори во соодветната општина.

Понатаму беа утврдени обрасците кои се однесуваат на активностите поврзани со: известување за отстранување на неправилности во поднесената листа на кандидати за избор на градоначалник и членови на совет, потврдување на листите на кандидати за градоначалник и членови на совет, потврда за поднесена листа на кандидат од овластениот подносител за избор на градоначалник и избор на членови на Совет и решение за потврда на листа на кандидат за избор на градоначалник на општина односно Град Скопје и за избор на членови на советот на општина односно Град Скопје.

На седницата беше донесен и Кодексот за набљудување на изборите за членови на советите на општините и советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје, за Локалните избори 2021 година, кој има за цел да ги потврди процедурите за набљудување на изборите и процедурата за вршење на набљудувачка мисија на акредитираните набљудувачи, а во функција да се подобри интегритетот и транспарентноста на процесот на изјаснување.

Согласно ова беа дадени овластувања за набљудувачи  за Локалните избори 2021 година, на лица од ОБСЕ/ОДИХР Канцеларијата за демократски институции и човекови права на изборите.

Донесените акти од оваа седница ќе бидат објавени на официјалната веб страница.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Одлука за исправка на техничка грешка во Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на ОИК Сарај бр.08-1084/2 од 20.08.2021 година

Одлука за исправка на техничка грешка во Одлуката за формирање на ОИК Кисела Вода

Одлука за исправка на техничка грешка во Одлуката за формирање на ОИК Пласница

Skip to content