https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-04-21 16:33:262022-04-21 16:33:27Заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето за избор на Градоначалник на Центар Жупа на 17 април 2022 година
Институтот за Политички Истражувања – Скопје (ИПИС) во периодот помеѓу 2 и 9 март 2022 спроведе телефонска анкета на национално ниво која беше овозможена од страна на Меѓународната организација за изборни системи – ИФЕС. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за ДИК и за изборите. Анкетата е спроведена на 1115 испитаници.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-04-21 16:22:582022-04-21 16:23:02Истражување на јавното мислење за Локалните избори 2021 година и работата на ДИК
Државната изборна комисија, по спроведените Избори за градоначалник на Општина Центар Жупа на ден 17.04.2022 година ги објавува првичните резултати во законскиот рок врз основа на примените оригинални записници за гласање, сумирање и утврдување на резултати од избирачките места. Истите се достапни на следниот линк: https://www.sec.mk/lokalni-izbori-2022-cenatr-zhupa/
Во организација на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), на 12 април 2022 година Државната изборна комисија оствари средба со Кетрин Елена, виш глобален правен советник во ИФЕС и директорка на Центарот за антикорупција и доверба во демократијата во ИФЕС.
Елена е експерт по антикорупција, правни и регулаторни рамки, изборна правда, решавање на изборни спорови и проценка на интегритетот на изборите. Таа е и специјален советник на Комитетот за изборно право на Американската адвокатска асоцијација, како и член на научниот комитет на Глобалната мрежа за изборна правда.
Вториот дел од посетата на Елена беше резервиран за одржување на работилница за градење на капацитетите на Правната служба на Државната изборна комисија. На работилницата, меѓу другото, се дискутираше за најдобрите практики и компаративни примери за правни сектори во изборни комисии ширум Светот.
На 5 и 6 април оваа година, претставници на Државната изборна комисија учествуваа на дводневна Конференција за интегритет на изборите во новата информатичка средина.
Настанот беше во организација на Меѓународната фондација за изборни системи (IFES), во партнерство со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во рамките на проектот „Северна Македонија – активност за поддршка на изборите“ поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID).
Конференцијата имаше за цел да се презентираат и анализираат меѓународни практики во областа на политичкото рекламирање, онлајн медиумите, социјалните и традиционалните медиуми, дезинформациите и улогата на регулаторните тела. Во текот на првиот ден од конференцијата се одржа и презентација на наодите од истражувањето и анализата на медиумите и изборите. Говорници на панел дискусиите беа реномирани меѓународни и домашни експерти. Во текот на вториот ден тема на дискусија беше начинот на финансирање на изборните кампањи на политичките партии и нивна контрола.
Конференцијата овозможи размена на мислење и искуства со членови на високи тела и стручни организации, како Европскиот парламент, Европската платформа на регулаторни тела (EPRA), Европската регулаторна група за аудиовизуелни медиумски услуги (ERGA), Комитетот на експерти на Советот на Европа за медиумска средина и реформи, AGCOM – Италијанско регулаторно тело за комуникации, Авторитетот на аудиовизуелни медиуми на Албанија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државна комисија за спречување на корупција, политички партии и други.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2022/04/konferencija-3.jpg7201600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-04-13 17:37:592022-04-13 17:43:57Соопштение за Конференција
Делегација од Државната изборна комисија (ДИК), предводена од претседателот Александар Даштевски, составена од членовите Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Оливер Ристовски, на покана на Републичката изборна комисија на Република Србија (РИК) беше во службена посета на Белград за набљудување на претседателските, парламентарните и локалните избори, кои се одржаа на 3 април.
Делегацијата на ДИК оствари средба со претседателот на РИК, Владимир Димитријевиќ, со цел размена на искуства за изборното законодавство, изборниот процес и работата на изборните органи и други институции при спроведувањето на изборите.
ДИК беше непосредно присутна и на повеќе избирачки места во Белград за време на гласањето и оствари контакти со претставниците на избирачките одбори.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-03-25 14:58:462022-03-25 14:58:48Програма за задолжителна едукација на општинската изборна комисија и избирачките одбори во општина Центар Жупа – Избори за Градоначалник 2022
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-03-24 17:26:572022-03-25 13:41:33Записник за влечење ждрепка на редослед на листите на кандидати кои ќе учествуваат на Изборите за градоначалник на Општина Центар Жупа, 2022 година
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-03-24 13:53:552022-03-24 13:53:57Заклучок за запирање на постапката за избор на градоначалник на Општина Маврово и Ростуше
Државната изборна комисија ги известува овластените претставници на политичките партии кои ќе учествуваат на Изборите за градоначалник на Општина Центар Жупа кои ќе се одржат на 17 април 2022 година, дека ждрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати ќе се одржи на 24.03.2022 година со почеток во 12 часот, во седиштето на Државната изборна комисија, голема сала, 4 кат.
Воедно ги покануваме овластените претставници на политичките партии кои ќе учествуваат на Изборите за градоначалник на Општина Центар Жупа, 2022 година да земат учество во ждребувањето, односно утврдувањето на редните броеви во единствената листа на кандидати.
Овластените претставници на политичките партии треба да понесат овластување од подносителот на листата.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-03-23 15:10:032022-03-23 15:10:05Соопштение за одржување на ждрепка за утврдување на единствена листа на кандидати
Согласно член 78-а став 5 и 6 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“, број 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17,125/17,35/18, 99/18,140/18, 208/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“, број 98/19, 42/20, 74/21 и 215/21), Државната изборна комисија спроведува ждрепка со која ќе ги распореди локациите на рекламните паноа и билборди кои се нудат за политичко рекламирање од страна на правните лица кои стопанисуваат со истите, а во врска со Изборите за градоначалник на Општина Центар Жупа, 2022 година.
Се повикуваат претставниците на правните лица да достават понуди за рекламни паноа и билборди со локации и ценовници до Државната изборна комисија за Изборите за градоначалник на Општина Центар Жупа, 2022 година, согласно Упатството за распределба на рекламни паноа и билборди по пат на ждрепка со број 10-691/1 од 03.03.2020 година, објавено на веб страната на Државната изборна комисија, најдоцна до четврток, 24.03.2022 година, до 10:00 часот
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-03-22 11:18:462022-03-22 11:41:34Соопштение за рекламни паноа и билборди
Како дел од програмата на УСАИД за поддршка на изборите во земјата, од страна на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) беше одржана Работилница за меѓуагенциска соработка за сајбер-безбедност во Северна Македонија.
Работилницата има за цел да придонесе зајакнување на меѓуинституционалната соработка во областа на сајбер безбедноста во Северна Македонија, како и информирање и дискутирање за глобалните трендови и искуства.
На одржаната работилница учествуваа претставници на Државната изборна комисија.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2022/03/20220317_142452-scaled.jpg10722560katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-03-18 16:40:462022-03-18 16:40:51Известување за одржана Работилница за меѓуагенциска соработка за сајбер-безбедност во Северна Македонија
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-03-15 14:17:112022-03-18 09:18:06Описи на избирачки места – Локални избори 17.04.2022
На 10 март 2022 година, претставници на Државната изборна комисија во просториите на Владата на Република Северна Македонија остварија средба со Министерот за правда Никола Тупанчески, на која беше потпишан договор за размена на податоци со државните органи и институции.
Државната изборна комисија го поддржува поврзувањето на државните институции преку ИКТ алатки за олеснување на процесот и зголемување на ефикасноста и ефективноста и пристап до информациите. За таа цел договорните страни се договорија да учествуваат во потпишувањето на договорот за меѓусебно поврзување и размена на податоци помеѓу правосудните институции, државните органи и институции преку Националната платформа за интероперабилност.
Остварената соработка меѓу институциите ќе придонесе кон олеснување на изборниот процес со побрзо добивање на податоци од страна на Министерството за внатрешни работи за гласачите, а со цел ажурирање на Избирачкиот список, како и добивање податоци од страна на судовите во однос на деловната способност на граѓаните.
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2022/03/017-scaled.jpg15292560katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-03-11 17:55:042022-03-11 18:30:25Известување од одржана средба за меѓусебно поврзување и размена на податоци помеѓу правосудните институции, државните органи и институции преку Националната платформа за интероперабилност
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-03-11 17:45:002022-03-11 18:06:29Известување за неприфаќање на барањето за изземање од должноста во ОИК – 11.03.2022
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-03-11 17:35:002022-03-11 18:09:29Упатство за начинот на утврдување на идентитетот на гласачот
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-03-11 17:25:002022-03-11 18:15:02Посебно упатство за процедурата за остварување на избирачкото право на избирачот кој на денот на гласање ги исполнува законските услови да биде запишан во ИС
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-02-22 16:45:082022-02-22 16:45:09Решение за упис во Регистарот на радиодифузер и печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали)
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-02-22 11:23:342022-02-22 11:23:37Заклучок за спроведување на изборни дејствија за распишаните избори за градоначалник на Маврово и Ростуше и Центар Жупа
Јавен повик за проверка на податоците во Избирачкиот список за избор на Градоначалник на општина Маврово и Ростуше и општина Центар Жупа, 17 април 2022 година
https://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/08/post-logo-sec-1.jpg449600katerinahttp://www.sec.mk/wp-content/uploads/2021/07/logo_dik-3.svgkaterina2022-02-18 16:21:432022-02-18 16:21:45Јавен повик за проверка на податоците во Избирачкиот список за избор на Градоначалник на општина Маврово и Ростуше и општина Центар Жупа, 17.04.2022