Членови на Државната изборна комисија, минатата недела учествуваа на регионалната конференција „ Јакнење на ефикасноста на изборната администрација во Западен Балкан“ што се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина, во организација на ОДИХР и ОБСЕ мисијата во Босна и Херцеговина.

Во своето обраќање, претседателот на ДИК, Даштевски се осврна на поголемите изборни реформи што се случија во последните години во Македонија.

Даштевски ги презентираше искуството и предизвиците со кои се соочуваше ДИК при воведување на уредот за биометриска идентификација на гласачите во постапката за гласање, важноста на интегрирањето на родовите аспекти во работењето на ДИК во насока на отпочнување на процесот на родова сензибилизација, обуките за изборната администрација како и плановите за формирање на Центарот за обуки.

„Основната цел на Стратешкиот план на ДИК за периодот 2021-2024 година е да постави среднорочна, четиригодишна стратегија за унапредување на работата на ДИК преку одржување на кредибилен изборен систем, континуирано унапредување на изборниот процес и постојана поддршка на сите учесници во изборите во остварувањето на нивните избирачки права. Од него произлезе развивањето на Родовиот акциски план на ДИК, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје“ – истакна претседателот Даштевски.

Обраќањето на претседателот Даштевски беше во рамки на сесијата „ Улогата на органите за управување со изборите при изборни реформи и нивно следење: Предизвици и научени лекции“.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Денеска, 4 септември 2023 година, Државната изборна комисија склучи Меморандум за соработка зо Здружението за европска социјална инклузија ЕСИ НЕЛИС од Скопје.

Цел на овој Меморандум за соработка е зголемување на поддршката за слепите лица и лицата со визуелна попреченост во сите сегменти и фази на изборниот процес при остварување на изборните права, како и унапредување на работата на изборната администрација за создавање на услови за градење на инклузивен изборен систем и успешно спроведување на инклузивни избори.

Двете страни се согласија дека координирано ќе работат на заемна поддршка, соработка и учество во подготовка и имплементација на стратегии, програми и проекти за создавање на услови за  пристапни и достапни изборни процеси за  слепите лица и лицата со визуелна попреченост.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Денес, во просториите на Државната изборна комисија се потпиша Меморандум за разбирање меѓу Државната изборна комисија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за спроведување на заедничките активности во периодот 2023 – 2026 година.

Со овој Меморандум, двете страни се согласуваат на меѓусебна соработка за понатамошно зајакнување на изборниот процес, обезбедување на меѓународна и домашна експертиза за спроведување на заеднички активности, размена на добри практики и соработка со други изборни комисии и чинители, организирање на обуки и развивање на материјали за обуки.

На средбата, претседателот Александар Даштевски и присутните членови на Државната изборна комисија разговараа со Амбасадорот Килиjан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје,  за предизвиците со кои се соочува ДИК, за изборните реформи и воопшто за унапредување на изборните процеси во државата.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

На ден 10.07.2023 година претставници на Државната изборна комисија земаа активно учество на онлајн состанок кој служеше како воведна сесија во Програмата за Меѓународно сертифицирање за управување со ризик од корупција-МСУРК (International Certificate in Corruption Risk Management- ICCRM) на Овластениот институт за јавни финансии и сметководство (Chartered Institute of Public Finance and Accountancy-CIPFA) како дел од програмата за спречување корупција, развиена во соработка со Канцеларијата на обединетите нации, а подржана од Меѓународната фондација за изборни реформи ИФЕС.

Програмата има за цел зајакнување на капацитетите на институциите во државата и истата е насочена кон спроведување, управување и следење на спроведувањето на ризиците од корупција и плановите за интегритет на ниво на држава во сите субјекти од јавниот сектор.

Оваа програма ќе се реализира во периодот од месец јули до месец декември 2023 година.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, учествуваше на дводневната тркалезна маса на тема: ,,Дигитализација на изборниот процес: перспективи на сајбер безбедноста и меѓуинституционалната соработка во Западен Балкан”, која се одржа од 6 до 7 јули оваа година.

Учесниците ги изложиjа своите искуства од областа на дигитализацијата, конкретните сајбер закани со кои се соочиле, како и ефективните мерки кои ги преземале.

Настанот беше во организација на Меѓународна ИДЕА, а се одржа во Тирана, Албанија.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Државната изборна комисија ја известува јавноста дека поради дефект во напојувањето со електрична енергија во моментов не функционираат службените меил адреси и други услуги поврзани со напојувањето.

Дефектот е во целата зграда каде што е седиштето на ДИК, во која се сместени и повеќе други државни институции. Истиот трае веќе неколку дена, од 7 април. ЕВН работи на негово отстранување, кое, според најавите, ќе потрае. За враќањето во функција на меил адресите и останатите услуги ќе објавиме дополнително соопштение.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Во организација на Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС, од 15 до 17 март во Скопје се одржа BRIDGE работилница на тема Едукација на гласачи и граѓани.BRIDGE е кратенка за „градење на ресурсите во демократијата, владеењето и изборите“, претставува глобална програма и го содржи најсеопфатниот курикулум од областа на изборите. 

Преку посебно креирана методологија, на оваа работилница учесниците стекнаа знаења и вештини за дизајнирање на програми за едукација и информирање на граѓани и гласачи.

Покрај учесниците од Државната изборна комисија, на работилницата учествуваа и претставници од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државната комисија за спречување корупција, Народниот правобранител, политички партии и граѓански организации.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

На 14 март Државната изборна комисија учествуваше на настан организиран од Националниот демократски институт НДИ: Изборни реформи во Северна Македонија.

Настанот го отвори министерот за правда, г. Кренар Лога, а претставници од над 15 клучни институции, домашни и меѓународни организации и политички партии дискутираа за капацитетите за спроведување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и резултатите од евентуални изборни реформи.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

На 15 март Државната изборна комисија оствари средба со Шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Килијан Вал. Теми на состанокот беа функционирањето на ДИК и потребата од изборни реформи, особено имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Распределба на доволно ресурси e од витално значење за работата на ДИК. 

Шефот на Мисијата понуди засилено партнерство со ДИК и блиска соработка со цел да се постигне добро функционален изборен систем во согласност со највисоките меѓународни стандарди.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање, Министерството за труд и социјална политика започна со спроведување циклус обуки за вработените во јавниот сектор. На 6 и 7 март се одржа основна обука за род, родова еднаквост и воведување на родова перспектива во јавните политики. 

Се обработуваа и теми за циклусите на креирање на јавни политики, стратегии за застапување на родова еднаквост во тие процеси како и родовата статистика.

На обуката учествуваат и вработени во Стручната служба на Државната изборна комисија.

Стекнатите знаења ќе ги применат во својата работа во иднина.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, отпочна обука за спроведување на политиката на интегритет во Државната изборна комисија, наменета за вработените во ДИК.

На обуката се обработуваат повеќе теми, како: типови и форми на корупција, врската интегритет – антикорупција, елементи на интегритетот, елементи на политиката на интегритет.

Учесниците работат и на предлог активности за секој елемент на политиката на интегритет.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Како дел од проектот „Поддршка на изборните реформи во Западен Балкан“, Канцеларијата за демократски инсистуции и човекови права (ОДИХР) организираше работилница во Варшава на 21 и 22 февруари 2022 година за да отвори дискусија за клучните предизвици при имплементацијата на препораките на ОДИХР и можностите за ангажман на граѓанското општество во изборното следење. 

Учесници на работилницата беа претставници на меѓународни организации, изборни комисии од регионот, како и граѓански организации и активисти.

Членови на Државната изборна комисија учествуваа на работилницата, а на сесијата за имплементација на препораките од извештаите на ОДИХР за учество на недоволно застапените групи во изборите ги презентираа достигнувањата на Државната изборна комисија во поглед на промовирање на учеството на жените и лицата со попреченост.

Дискусијата помеѓу учесниците донесе заклучоци за тоа како да се консолидира присуството и одржливоста на граѓанските организации (ГО) во текот на изборниот циклус како едни од клучните чинители во изборните реформи и промоцијата на демократијата низ Западен Балкан.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

На 2 февруари Државната изборна комисија го одбележа Глобалниот ден на изборите.

Како резултат на заложбата која произлегла од Глобалната конференција за избори која се одржала од 15 до 17 септември 2005 година во Будимпешта, Унгарија, Глобалниот ден на изборите секоја година се одбележува во првиот четврток во февруари. На овој ден изборните комисии ширум светот организираат тркалезни маси, дебати, работилници, средби со граѓани и сл. со цел да ја истакнат посветеноста на заштита на правото на глас како едно од основните човекови слободи и права.

На настанот по повод овој значаен ден, Државната изборна комисија ги презентираше активностите кои ги реализираше во текот на 2022 година, како и дел од планираните активности за 2023 година.

ДИК официјално го промовираше и Порталот за избори, кој на сите заинтересирани ќе им овозможи полесен пристап до сите статистички податоци поврзани со спроведените изборни процеси, а кои можат да послужат за информирање, истражувања и анализи.

Овој портал уште еднаш ја нагласува заложбата на ДИК за транспарентност во работењето, отвореност, отчетност и достапност на податоците.

Порталот е достапен на следниот линк: https://ep.sec.mk/

Изработен е со поддршка на Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Од 23 до 25 ноември во Скопје се одржа обука за обучувачи од младински организации и организации на лица со попреченост.

Учесниците стекнаа знаења и вештини поврзани со избирачкото право, кои ќе ги пренесат понатаму преку инфо сесии со нивните членови.

Обуката се спроведе со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Од 24 до 25 ноември во Маврово се одржа работилница за изготвување на електронски регистар на законски и подзаконски акти.

Електронскиот регистар ќе овозможи полесен пристап до целокупната изборна  регулатива која е од интерес за сите чинители во изборите.

Работилницата се реализира со поддршка на ИФЕС, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

На 22 ноември претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, оствари средба со регионалната директорка за Европа и Евро-Азија при Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС, Анја Кумберланд, како и со директорката на канцеларијата на ИФЕС во Северна Македонија, Иоана Косма.

На средбата сите изразија задоволство од досегашната соработка помеѓу ДИК и ИФЕС како стратешки партнери, а се разговараше и за областите во кои соработката ќе продолжи и во претстојниот период.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

На 17 ноември од страна на акредитирано сертификациско тело на Државната изборна комисија свечено и беше врачен сертификат за примена на Системот на менаџмент со квалитет, согласно барањата на стандардот ISO 9001:2015.

Опсегот на квалитет на Државната изборна комисија се состои во организирање и спроведување на избори и референдум, ажурирање на избирачкот список и евиденција на избирачкото право, обука и едукација на изборни органи и граѓани, носење на подзаконски акти и одлучување по приговори.

Дел од придобивките за Државната изборна комисија од воведувањето на ISO 9001:2015 се однесуваат на зголемување на ефикасноста во работењето, поголема одговорност на вработените, подобрување на имиџот на институцијата, вреднување и документирање на работните задачи, подобро искористување на времето и ресурсите, како и континуирано подобрување.

Процесот на сертифицирање согласно барањата на стандардот ISO 9001:2015 беше поддржан од Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС, преку проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Како континуиет на соработката,  и надоврзување на веќе финализираните проекти – Нова интернет страница и Платформа за учење, на 16.11.2022г. во ДИК се одржа заеднички работен состанок со претставници на ИФЕС, на кој се дискутираше и беше извршена презентација на развојот, целите, содржината и функционалноста на новиот проект – Портал за избори, чија реализација е помогната од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Порталот за избори ќе биде нова ефикасна и практична алатка и платформа на ДИК која на едно место ќе ги содржи сите достапни резултати од сите видови на спроведени избори за целата територија на РСМ, одделно и детално по избирачки места, општини и изборни единици, како и податоци за листите на кандидати и политички партии учесници на изборите. Тој ќе содржи и GPS информаци за локацијата на избирачките места, нивната достапност за лица со попреченост и други статистички податоци од интерес, разделени според пол и етничка припадност.

„Со Порталот за избори ќе се овозможи зголемување на транспарентноста, подобрување и олеснување на пристапноста, како и значително зголемување и поедноставување на достапноста до податоците за учесниците на изборите и до резултатите од изборите, нивна споредба, анализа и истражувања, а сите овие податоци ќе може да ги користат сите заинтересирани граѓани, медиумите, политичките партии, невладините организации.“ – нагласи Борис Кондарко, член на ДИК.

Порталот за избори во јавноста ќе биде претставен до крајот на оваа година.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Во рамките на соработката со Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС, а во насока на континуирано градење на капацитетите на изборната администрација, на 1 и 2 ноември во Тетово се одржа дводневна обука на тема „Заштита на личните податоци.“

Обуката беше наменета за вработени во Стручната служба на Државната изборна комисија, а имаше за цел да им ги доближи прописите за заштита на личните податоци и нивната практична примена при вршењето на работните задачи.

Спроведувањето на оваа активност беше поддржано од Швајцарската агенција за развој и соработка.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

На 25 октомври, во организација на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР), во Виена се одржа семинар кој опфати две теми: набљудување на изборите и учество на жените на избори.

Семинарот им даде можност на делегациите на ОБСЕ, експертите за избори, изборните органи, меѓународните организации, граѓанските организации и другите засегнати страни да разговараат за новите предизвици и добри практики поврзани со организацијата на изборите во согласност со заложбите на ОБСЕ, меѓународните обврски и други стандарди за демократски избори.

Поконкретно, семинарот во фокусот го имаше прашањето за родовата еднаквост во изборните процеси како долгогодишна заложба на земјите-членки на ОБСЕ.

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, имаше свое обраќање во вториот дел од семинарот, во кое ги презентираше достигнувањата и натамошните планови на ДИК во унапредување на родовата еднаквост во изборите. Претседателот Даштевски особено се задржа на Родовиот акциски план на ДИК 2021-2024, реализираните активности и резултатите од истите, како и активностите кои претстојат за ДИК согласно Планот.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content