ПРЕДМЕТ : Барање

Почитувани.

Be известуваме дека претседателот на Собранието на Република Македонија на 18 октомври 2016 година донесе решение бр.09-4469/1 за распишување на предвремени избори за пратечици во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 11 декември 2016 година.

Согласно член 25 став 1 од Изборниот законик, а во функција на непречено организирање и спроведување на претстојните избори бараме:

1. Да им ставите на располагање на раководителите на нашите подрачни одделенија и канцеларии едно возило (по можност теренско) и возач.

Согласно лланираните активности за подготовка на претстојните избори, подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија треба во најкраток можен рок да ги посетат локациите во кои согласно решенијата за описите на избирачките места се сместени истите, да ги подготват за непречено спроведување на гласањето и да склучуваат договори за закуп на приватни простории каде што нема објекти во државна сосптвеност… (повеќе)

Врз основа на член 31 став 2 точка 44 и член 50-а став 1, 3 и 4 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), согласно членовите 18 и 34 од Привремениот деловник на Државната изборна комисија, број. 01-1089/1 од 04.07.2006 година а во врска со Решението на Претседателот на Собранието на Република Македонија, за распишување на „Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, 11 декември 2016 година“, број 09-4469/1 од 18.10.2016 година, објавено во „Службен весник на Република Македонија“, број 193 од 18.10.2016 година, Државната изборна комисија на седницата одржана на 18.10.2016 година, усвои

ЈАВЕН ПОВИК
за распишување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија

                                                              податоци за видот на изборите за кои се гласа
Се известуваат државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во (се наведува државата) дека на 11 декември 2016 година ќе се одржат Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија… (повеќе)

[ux_image id=”8526″ drop_shadow=”1″]

 

Превземи (Решение за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија – 11.12.2016 година)

Правната служба на Државната изборна комисија, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 12 и 13 октомври 2016 година оствари дводневна посета за размена на искуства со Централната изборна комисија на Косово (ЦИК).

Со членовите и секретарот на ЦИК, како и со шефовите на правниот, оперативниот и одделот за информатичка технологија, тие разговараа за различните можности при постапувањето по приговори за време на избори, како и за воспоставување на процедури и стандарди за истите.

Правната служба на ДИК оствари средба и со независниот Панел за изборни жалби и претставки, чија цел е да обезбеди професионално, непристрасно и навремено разрешување на изборните спорови, осигурувајќи ја заштитата на правата на сите учесници во изборниот процес.

 

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски и шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Нина Суомалаинен, потпишаа Меморандум за соработка.

Меморандумот се однесува на заедничките активности на ОБСЕ и ДИК за периодот 2016 – 2017 година, за зајакнување на капацитетите на изборната администрација.

 

Превземи (Збирен месечен извештај за спроведени промени во избирачкиот список за месец септември 2016 година)

Во рамките на подготовките за претстојните парламентарни избори, Државната изборна комисија организира и спроведува регионални работилници за општинските изборни комисии.
Целта на работилниците е секоја општинска изборна комисија да изготви план на активностите, со временска рамка, рокови, како и одговорни лица за извршување на истите.
Спроведувањето на работилниците е во тек, а заклучно со 30 септември ќе се спроведат вкупно 14 регионални работилници, и тоа  четири во Скопје, две во Штип, и по една во Струмица, Богданци, Прилеп, Битола, Охрид, Куманово, Тетово и Гостивар. Работилниците ги спроведуваат обучувачи на Државната изборна комисија.

 

Делегација на Државната изборна комисија учествува на јубилејната 25-та Годишна конференција на Асоцијацијата на изборни органи од Европа, која се одржува во Тирана, Албанија. Тема на Конференцијата е ,,Развојот на изборните системи и процеси во последните 25 години”.

Се известуваат граѓаните дека доколку при пребарувањето во Избирачкиот список, по ЕМБГ, по име и презиме или по адреса, НЕ СЕ ПРОНАЈДАТ во Избирачкиот список, да се проверат дали се наоѓаат во Листата на граѓани чии што записи во Избирачкиот список останале спорни, односно за кои има несовпаѓање на податоците, а кои согласно член 196-б од Изборниот законик не доставиле пријава до Државната изборна комисија.

Доколку се пронајдат во Листата, а за да го оставарат своето избирачко право на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат во декември 2016 година, ќе можат да се пријават при Државаната изборна комисија во текот на Јавниот увид во Избирачкиот список кој ќе трае 15 дена.

Државната изборна комисија најдоцна 10 дена од денот на распишувањето на изборите, Избирачкиот список ќе го стави на јавен увид во своите подрачни одделенија и месни канцеларии.

Граѓаните пријавувањето ќе можат да го направат согласно Упатството кое ќе го донесе Државната изборна комисија.

Државната изборна комисија денес оствари средба со новиот шеф на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, амбасадорот Самуел Жбогар.
Амбасадорот Жбогар се запозна со членовите на Комисијата и ја нагласи поддршката кон работата на Државната изборна комисија и нејзините заложби за организирање и спроведување на фер и демократски избори.
Во текот на двочасовната средба, амбасадорот Жбогар беше запознат со тековните активности кои се преземаат во насока на подготовка за претстојните предвремени парламентарни избори, кои треба да се одржат на 11 декември 2016 година, како и предизвиците пред кои е исправена Државната изборна комисија.
Државната изборна комисија истакна дека, посветено и одговорно работи на остварување на своите надлежности. Во фокусот на Државната изборна комисија секогаш е избирачкото право како уставно загарантирано право и во Комисијата постои согласност дека целиот процес мора да се заврши квалитетно, со цел зајакнување на довербата во Избирачкиот список и изборите кај сите актери во процесот.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Превземи (Збирен месечен извештај за спроведени промени во избирачкиот список за месец август 2016 година)

Предмет: Прв седмичен извештај на Агенцијата

Почитувани,

Врз основа на обврските од член 76-в став 2 и член 196-в од Изборниот законик, а во согласност со Меморандумот склучен меѓу нашите институции на 04,02.2016 година, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го доставува првиот седмичен извештај за периодот од 2 до 8 септември 2016 година.

Имајќи предвид дека според член 196-в од Изборниот законик, правилата за медиумско претставување од членовите 75, 75-а, 75-6, 75-в, 75-г, 75-д, 76-в и 76-г се применуваат 100 дена пред денот на одржување иа предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат во 2016 година, Агенцијата започна со мониторингот на 2 септември 2016 година… (повеќе)

Врз основа на член 196-г и член 196-ѓ од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија” бр.40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), а во врска со Писмениот извештај за извршен надзор (мониторинг) на Првиот телевизиски програмски сервис на Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЈ1ЕВИЗИЈА Скопје – Македонска телевизија – Прв програмски сервис (МРТ1) бр.10-4351/1 од 07.09.2016 година, Привремената комисија за следење на медиумско претставување, доставува:

П Р Е Д Л О Г
за постапување

До Привремената комисија за следење на медиумско претставување доставен е Писмен извештај за извршен надзор (мониторинг) на Првиот телевизиски програмски сервис на Јавното радиодифузно претпријатие МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА Скопје – Македонска телевизија – Прв програмски сервис (МРТ1), бр. 10-4351/1 од 07.09.2016 година, емитуван во периодот од 2 до 5 септември 2016 година… (повеќе)

Превземи (Збирен месечен извештај за спроведени промени во избирачкиот список за месец јули 2016 година)

Врз основа на член 31 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија бр.40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/2014, 30/2014, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016 и 136/2016), член 34 од Привремениот деловник на Државната изборна комисија а во врска со член 196-б од Законот за дополнување на Изборниот законик („Сл. весник на РМ“, бр. 136/2016 од 23.07.2016 година), Државната изборна комисија на 48-та седница одржана на 25 јули 2016 година, го донесе следниот

З А К Л У Ч О К

1. Списокот на граѓаните, за кои при административните и теренските проверки спроведени согласно Правилникот за методологија за водење и ажурирање на избирачкиот список заснована на проверки и статистички анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции, неограничени теренски проверки и други соодветни признати методи на проверки, се утврдени спорни записи односно несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список, се објавува на веб страната на ДИК на 26.07.2016 година… (повеќе)

Врз основа на член 196-б став (5) од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16 и 136/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на ден 25.07.2016 година донесе

К О Д Е К С
за набљудување на процесот за пријавување на граѓани чии податоци во Избирачкиот список по спроведените административни и теренски проверки се утврдени како спорни, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список

Кодексот има за цел да ги утврди процедурите за набљудување на јавниот увид за спорните записи односно несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список, а во функција на транспарентноста и стекнување доверба во целиот процес… (повеќе)

Превземи (Пријава на лица чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки останаа неконзистентни) 

Согласно член 196-б од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик („Службен Весник на Република Македонија“, бр. 136/16 од 23.07.2016 год.) и член 31 став 2 точка 2 и точка 28-e од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16 и 136/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 25.07.2016 година го донесе следното:

УПАТСТВО
за постапување по поднесени пријави на граѓаните чии записи во Избирачкиот список по спроведените административни и теренски проверки се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список

Член 1
Со ова Упатство се уредува начинот на постапување по поднесени пријави на граѓаните чии записи во Избирачкиот список по спроведените административни и теренски проверки се утврдени како спорни односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список… (повеќе)

Превземи (Список на подрачни единици на ДИК и општини во кои ќе се спроведе пријавувањето)

Врз основа на член 196-б од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16 и 136/16) и член 5 од Упатството за постапување по поднесени пријави на граѓаните чии записи во Избирачкиот список по спроведените административни и теренски проверки се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список, Државната изборна комисија на 48-та седница одржана на 25.07.2016 година ја донесе следнава

О Д Л У К А
за отварање канцеларии на Државната изборна комисија во седиштата на единиците на локалната самоуправа каде ќе се спроведува пријавувањето

член 1

Заради пријавување на граѓаните чии записи во Избирачкиот список по спроведените административни и теренски проверки се утврдени како спорни односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список, Државната изборна комисија ќе отвори дополнителни канцеларии во седиштата на единиците на локалната самоуправа каде ќе се спроведува пријавувањето… (повеќе)

Skip to content