Pdf 2Упатство за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за локални избори.pdf

Превземи (Упатство за важечки и неважечки гласачки ливчиња (член 115 од Изборниот законик) )

Превземи (Упатство за утврдување на личниот идентитет на гласачот)

Превземи (Вкупен финансиски извештај за приходите и расходите на Коалиција за предвремени парламентарни избори 2016 предводена од СДСМ за период 01.11.2016 до 13.07.2017 година)

Предмет: Состојба со Избирачкиот список за општина Дојран за спроведување на референдум на локално ниво, 23 јули 2017 година

Почитувани,
По извршеното ажурирање, во избирачкиот список за општина Дојран се наоѓаат: (повеќе)

ИЗВЕШТАЈ
ЗА БРОЈ НА ГЛАСАЧИ ВО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ПО СПРОВЕДЕНА ОРГАНИЗАЦИОНО-
ТЕХНИЧКА И МЕТОДОЛОШКА ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИТЕ СО
СОСТОЈБА НА ПОЛНОЛЕТСТВО 11.06.2017 година

Во Избирачкиот список со состојба на полнолетство 11.06.2017 година, сосотојба референдум Богданци (ЦД доставено од страна на Државниот завод за статистика на 06.07.2017 година), состојбата со бројот на гласачи е следна…(повеќе)

Превземи (Правилник за начинот и постапката за решавање на приговори)

Врз основа на член 31 став 2 точка 35 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија”, број 40/06, 136/08,148/08,155/08,163/08,44/11, 51/11, 54/11,142/12, 31/13, 34/13,14/14, 30/14,196/15, 35/16, 97/16, 99/16,136/16,142/16 и 67/17), Државната изборна комисија на седницата одржана на 05.07.2017 година, донесе

ДЕЛОВНИК
НА ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

ГЛАВА 1
ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

Со овој деловник се уредува начинот на работа и одлучување на Државната изборна комисија (во понатамошниот текст: Комисија)… (повеќе)

ИЗВЕШТАЈ
ЗА БРОЈ НА ГЛАСАЧИ ВО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ПО СПРОВЕДЕНА ОРГАНИЗАЦИОНО-
ТЕХНИЧКА И МЕТОДОЛОШКА ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИТЕ СО
СОСТОЈБА НА ПОЛНОЛЕТСТВО 23.04.2017 година

Во Избирачкиот список со состојба на полнолетство 23.04.2017 година и спроведените промени на податоците на граѓаните доставени до ДЗС заклучно со 11.05.2017 година (ЦД доставено од страна на Државниот завод за статистика на 15.05.2017 година), состојбата со бројот на гласачи е следна…(повеќе)

Превземи (Збирен месечен извештај за спроведени промени во избирачкиот список за месец април 2017 година)

 Врз основа на член 31 став 2 точка 28 д од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија усвои:

 

ЈАВЕН ПОВИК
за проверка на податоците во Избирачкиот список

 

Се повикуваат сите заинтересирани граѓани на Република Македонија, кои сакаат да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно,  да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во истиот.

Избирачкиот список кој се става на јавен увид е направен со податоци на граѓаните кои заклучно со 1 февруари 2017 година, станале полнолетни.

Јавниот увид може да се изврши:
– на официјалната веб страница на Државната изборна комисија www.mk;
– во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.

Списокот на адреси на Подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, како и други подетални информации може да се најдат на официјална веб страна  www.sec.mk.

Барањата за измена, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список, граѓаните ги поднесуваат во Подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.

 

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

 

Во Избирачкиот список со состојба 01.02.2017 година (ЦД доставено од страна на Државниот завод за статистика на 17.03.2017 година, по извршена техничко – методолошка обработка на податоците добиени од Министерството за внатрешни работи на 10.02.2017 година, согласно член 43 став 3 од Изборниот законик), бројот на гласачи со состојба со 1-ви февруари 2017 година е како следи:…(повеќе)

На 1 март 2017 година во Државната изборна комисија се одржа интерактивна презентација на The Hatch Act, односно Актот кој го дефинира превенирањето на партиски ангажмани на јавните службеници во САД.

Презентацијата ја спроведе Шефицата на Одделот за спроведување на Актот, г-а Ана Галиндо Мароне. Одделот за спроведување на Актот дава советодавни мислења на службени лица од федералните државни органи, органи на ниво на сојузните држави и на локално ниво, како и на општата јавност во САД, за разни ситуации што може да доведат до примена на законски мерки за придржување кон Актот.

Презентацијата ја овозможи Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

 

Превземи (Збирен месечен извештај за спроведени промени во избирачкиот список за месец јануари 2017 година)
   КОНЕЧНИ ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ ЗА ПРИХОДИ И РАСХОДИ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ

 

Извршниот директор на Граѓанската асоцијација МОСТ од Скопје, г. Дарко Алексов и Претседателот на Државната изборна комисија, г. Александар Чичаковски, се согласија за предавање на користење на „Датабаза на одлуки и пресуди по приговори и тужби за изборите”, од страна на Граѓанската асоцијација МОСТ на Државната изборна комисија.

Со потпишувањето на овој записник, Граѓанскзтз асоцијација МОСТ го предава домејнот http://izbornapravda.mk на Државната изборна комисија, која понатаму ќе ја администрира датабазата и ќе може истата да ја дополнува со нови одлуки.

Датабазата ги содржи одлуките по приговори за изборите од страна на Државната изборна комисија и пресудите no жалбите и тужбите од страна на Врховниот, односно Управниот суд. Временскиот период кој го опфаќа датабазата е од предвремените избори за пратеници зо Собранието иа Република Македонија одржани во 2008-ма г. до изборите за претседател на Република Македонија и предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија одржани во 2014-та г.

Датабазата е израбогена во форма на веб-страница (http://izbornapravda.mk) која ги содржи самите одлуки и пресуди во форма на датотеки во .pdf формат, како и основни податоци за истите, како на пример изборен циклус, вид на приговор, избирачко место, одлука по приговор итн. По истите овие критериуми датабазата може и да се пребарува.

Датабазата на одлуки и пресуди е во насока на продолжување на долгогодишната успешна соработка помеѓу Државната изборна комисија и Граѓанскага асоцијација МОСТ и има за цел да им послужи на сите субјекти и чинители поврзани со избориге.

Датабазата беше подготвена во рамките на проектот „Патоказ кон слободни и фер избори” кој го спроведуваше Граѓанската асоцијација МОСТ и кој беше финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија…(повеќе)

По повод Глобалниот ден на изборите, кој се оддржува секој прв четврток во февруари, Државната изборна комисија оствари работна средба со претставници од Граѓанската асоцијација МОСТ.

Средбата беше во насока на проширување на соработката помеѓу ДИК и МОСТ и на истата Граѓанската асоцијација МОСТ на ДИК и ја предаде на користење датабазата на одлуки и пресуди по приговори и тужби за изборите, претходно подготвена од страна на Граѓанската асоцијација МОСТ.

Датабазата е изработена во форма на веб- страница (http://izbornapravda.mk) која ги содржи самите одлуки и пресуди во форма на документи во pdf формат, како и основни податоци за истите, како на пример изборен циклус, вид на приговор, избирачко место, одлука по приговор итн. По истите овие критериуми датабазата може и да се пребарува.

Датабазата беше подготвена како дел од проектот „Патоказ кон слободни и фер избори“ кој го спроведуваше Граѓанската асоцијација МОСТ, а беше финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија, Британската Амбасада во Скопје, Националниот демократски институт (NDI) и Националниот фонд за демократија (NED).

Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија се спроведени согласно со Решението за распишување на избори за пратеници во Собранието на Република Македонија број 09-4469/1 од 18 октомври 2016 година, донесено од претседателот на Собранието на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” број 193/2016), а врз основа на одредбите од Уставот на Република Македонија и Изборниот законик.

Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, одржани на 11 декември 2016 година ги спроведоа Државната изборна комисија, 80 општински изборни комисии и 3524 избирачки одбори, од кои 3478 избирачки одбори во Република Македонија и 46 избирачки одбори во дипломатско конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство.

Врз основа на член 4 став (2) од Изборниот законик, во Собранието на Република Македонија се избираат 123 пратеници, од кои 120 пратеници се избираат според пропорционалниот модел, при што територијата на Република Македонија е поделена на шест изборни единици, во кои се избираат по 20 пратеници и тројца пратеници се избираат според пропорционален модел во една изборна единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка и Австралија и Азија…(повеќе)

Врз основа на членовите 127 и 127-а, член 31 став (2) точка 22 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија”, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16) и член 34 од Привремениот деловник на Државната изборна комисија, бр. 01-1089/1 од 04.07.2006 година, Државната изборна комисија на седница1а одржана на 28.12.2016 година, го донесе следниот

ЗАКЛУЧОК
за објавување на конечни резултати и распределба на мандати за избор на пратеници во
Собранието на Република Македонија

I. На спроведените предвремени избори за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија на 11.12.2016 година и прегласувањето на едно гласачко место, одржано на 25.12.2016 година, Државната изборна комисија врз основа на записниците, образец број 21, од Општинските изборни комисии и записникот, образец број 21 гс/1, ги објавува конечните резултати:

– Вкупен број на избирачи запишани во Избирачкиот список изнесува – 1.784.416 Вкупен број на избирачи кои гласале- 1.191.852

– Процент на избирачи кои гласале – 66,79%

– Вкупен број на неупотребени гласачки ливчиња – 592.557

– Вкупен број на важечки гласачки ливчиња -1.153.984 Вкупен број на неважечки гласачки ливчиња – 37.870

– Процент на неважечки гласачки ливчиња од избирачите кои гласале – 3,18%

II. Распределбата на мандатите за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија според бројот на вкупните гласови што ги добиле листите на кандидати одделно врз основа на сумираните резултати од општинските изборни комисии за избирачките места во изборните единци за кои се надлежни, се прикажани во табеларен преглед по Изборни единици, кој е составен дел на овој Заклучок.

III. Државната изборна комисија ќе издаде уверенија на кандидатите избрани за пратеници во Собранието на Република Македонија.

IV. Овој Заклучок да се објави на ВЕБ страницата на Државната изборна комисија…(повеќе)

Skip to content