Pdf 2Известување за барањата за изземање од должноста во Општинските изборни комисии – 22.08.2017

 

Pdf 2Одлука за изменување и дополнување на одлуките за формирање на Општинските изборни комисии – 22.08.2017 година

 

Slika 1 pdf Список на општини и одговорни лица за спроведување на јавен увид и собирање потписи

Државната изборна комисија Ве известува дека утре, вторник 22 август ќе започне со случајниот избор на членови на избирачки одбори. Случајниот избор ќе се врши во период од 22 август (вторник) до 25 август (петок ) во просторите на дом на АРМ.

Почетокот на случајниот избор ќе започне во 11:00 часот

Државна изборна комисија

Превземи (Распоред на општински изборни комисии за вршење на случаен избор на избирачки одбори –  Локални избори 2017 година)

Врз основа на член 66 од Деловникот на Државната изборна комисија, бр. 01-1322/1 од 06.07.2017 година и член 49 став 1 од Изборниот законик законик („Службен весник на Република Македонија”, број 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16,’ 136/16,’ 142/16 и 67/17), Државната изборна комисија на 128 седница одржана на 19.08.2017 година донесе

ОДЛУКА
за отварање канцеларии на Државната изборна комисија во седиштата на единиците на
локалната самоуправа каде ќе се спроведува јавниот увид во Избирачкиот список и ќе се
собираат потписи за листи на кандидати предложени од група избирачи за Локалните избори кои
ќе се одржат на 15.10.2017 година

член 1

Заради спроведување на јавниот увид во Избирачкиот список и собирање потписи за листи на кандидати предложени од група избирачи, за Локалните избори кои ќе се одржат на 15.10.2017 година, Државната изборна комисија ќе отвори дополнителни канцеларии во седиштата на единиците на локалната самоуправа, каде што нема свои подрачни одделенија или канцеларии…(повеќе)

Согласно член 49 и 49 а став 1 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16) и член 34 од привремениот Деловник на Државната изборна комисија, a no спроведената организационо-техничка и методолошка обработка на податоците на граѓаните од страна на Државниот завод за статистика (ЦЦ – со состојба на Избирачкиот список за ставање на јавен увид добиено од Државниот завод за статистика на 18.08.2017 година), Државната изборна комисија на седницата одржана на 20 август 2017 година го донесе следниот

ИЗВЕШТАЈ
за утврдување на состојбата во Избирачкиот список за ставање на јавен увид за
одржување на Локалните избори на 15.10.2017 година

1. Се утврдува Избирачкиот список за ставање на јавен увид.

2. По спроведената организационо-техничка и методолошка обработка на Избирачкиот список за ставање на јавен увид, состојбата на Избирачкиот список е следна…(повеќе)

Врз основа на член 49 став 1 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16,142/16 и 67/17), Државната изборна комисија на седницата одржана на 20 август 2017 година, усвои

ЈАВЕН ПОВИК
за проверка на податоците во Избирачкиот список

Државната изборна комисија ги известува сите граѓани на Република Македонија дека јавниот увид на податоците во Избирачкиот список ќе започне на ден 21 август 2017 година и истиот ќе трае до 9 септември 2017 година.

Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведува во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија и во дополнително отворените канцеларии во седиштата на единиците на локалната самоуправа, во време од 08:30 до 19:00 часот, вклучувајќи ги и деновите од викенд и празници. На 09 септември 2017 година јавниот увид ќе трае до 24:00 часот.

Избирачкиот список се става на јавен увид со состојба на податоци на граѓани, и тоа: граѓани со наполнети 18 години живот со важечка лична карта или пасош на денот на изборите (15 октомври 2017 година),

– умрени лица 30 дена пред денот на распишувањето на изборите (06 Јули 2017 година) и

– други податоци од Избирачкиот список на денот на распишувањето на изборите (06 Август 2017 година)…(повеќе)

Врз основа на член 66 од Деловникот на Државната изборна комисија, бр. 01-1322/1 од 06.07.2017 година и член 31 став 2 точките 2 и 10 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија”, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14 и 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16 и 67/17), Државната изборна комисија на седницата одржана на 19 август 2017 година, донесе

ЗАКЛУЧОК
ЗА ВАЖЕЊЕ И ПРИМЕНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА
ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, 15 ОКТОМВРИ 2017 ГОДИНА

1. Обрасците за спроведување на изборите за Градоначалник на општините односно Градоначалник на Градот Скопје и избор за членови на советот на општината односно членови на Советот на Градот Скопје, објавени во „Службен весник на Република Македонија”, број 7/2009, 13/2009, 15/2009 и 27/2009 и на веб страницата на Државната избоена комисија, а ставени во важност и примена за Локалните избори 2013 година со Одлуката со бр. 07-299/1 од 24.07.2013 година, ќе ВАЖАТ и ќе се ПРИМЕНУВААТ и при спроведување на Локалните избори 2017 година, кои ќе се одржат на 15 октомври 2017 година…(повеќе)

Превземи (Вкупен финансиски извештај за приходите и расходите на Политичка партија ЛЕВИЦА за изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2016 година)

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Во врска со член 78-а
(рекламни паноа и билборди)

Општините во Република Македонија, градот Скопје и правните лица кои стопанисуваат со рекламни паноа и билборди, се должни во рок од 5 дена од денот на распишување на изборите (најдоцна до 11 август 2017) јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди (задолжително на сопствените веб страници или гласила или во медиумите-печатени и електронски).

Максималниот број на рекламни паноа и билборди кои може да се користат за политичко рекламирање изнесува 50% од вкупниот број на територијата на определена општина, градот Скопје, односно на територијата на кое определено правно лице стопанисува со истите.

Заради распределување на локациите за политичко рекламирање по пат на ждрепка која ја спроведува Државната изборна комисија, општините, градот Скопје, и правните лица се должни локациите и цените за закуп на рекламни паноа и билборди да ги достават до Државната изборна комисија…(повеќе)

Државната изборна комисија постапувајќи по примените барања за изземање од должноста претседател, заменик претседател, член или заменик член во општинските изборни комисии врз основа на член 31 став (2) точка 1 а во врска со членовите 18 став (3), 33 став (1), 34 став (1) и (4) и 35 став (1) и (2) од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16,136/16, 142/16 и 67/17), дава

ИЗВЕСТУВАЊЕ

1. Барањето, број 08-4196/1 од 28.12.2016 година, за изземање од должноста претседател во Општинската изборна комисија Гостивар, поднесено од МУСТАФА МУСЛИУ, вработен во Министерство за образование и наука, именуван со одлука за формирање на општинска изборна комисија Гостивар, број 08-2788/1 од 28.10.2016 година, објавена во ‘Службен весник на Република Македонија,’ број 198 од 29 октомври 2016 година, HE Е ПРИФАТЕНО…(повеќе)

Врз основа на член 31 став (2) точка 1 а во врска со членовите 18 став (3), 33 став (1), 34 став (1) и (4) и 35 став (1) и (2) од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14,196/15, 35/16, 97/16,136/16,142/16 и 67/17), Државната изборна комисија на седницата одржана на 16.08.2017 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ
ИЗБОРНИ КОМИСИИ

I. Во одлуките за формирање на општинските изборни комисии, број 08-1304/1 од 28.04.2016 година, објавени во „Службен весник на Република Македонија”, број 84 од 30 април 2016 година, број 08-1304/3, 06.05.2016 година, објавена во Службен весник на Република Македонија број 89 од 09.05.2016 година, број 08-1304/5 од 10.05.2016 година, број 08-2788/1 од 28.10.2016 година, број 08-2788/3 од 03.11.2016 година, број 08-2788/5 од 09.11.2016 година, број 08-2788/7 од 14.11.2016 година, број 08-2788/9 од 22.11.2016 година, број 08-2788/11 од 28.11.2016 година и број 08-2788/13 од 08.12.2016 година, Државната изборна комисија решавајќи по поднесените барања за неприфаќање за извршување на должноста претседател, заменик претседател, член или заменик член во општинските изборни комисии поради здравствени или семејни причини, ги изврши следните измени и дополнувања:… (повеќе)

Превземи (Вкупен финансиски извештај за приходите и расходите на Движење БЕСА за изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2016 година)

По извршеното ажурирање, во избирачкиот список за општина Валандово се наоѓаат:

> Вкупно 10.141 гласачи од кои:

– Гласачи со пријавено живеалиште на територијата на општината – 9.561

– Гласачи кои го се на привремена работа или престој во странство – 576

– Гласачи кои се на издржување казна затвор или се во притвор – 4…(повеќе)

Согласно Решението за распишување на избори за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на градот Скопје, бр. 09-2482/1 од 06.08.2017 година донесено од Претседателот на Собранието на Република Македонија, а врз основа на член 31 став (1) и став (2) точката 2 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија”, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 142/16 и 67/17), Државната изборна комисија на 125-та седница одржана на 07 август 2017 година донесе:

РОКОВНИК
за извршување на изборните дејствија за спроведување на Локалните избори 2017 година за
членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините
и за градоначалник на градот Скопје

I. ОДРЖУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ

I.1 Изборите за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје (во понатамошниот текст: Локални избори) ќе се одржат на 15 октомври 2017 година…(повеќе)

[row style=”boxed”]

[col span=”1/2″]
[ux_banner height=”385px” bg=”13325″ mob_height=”250px” link=”http://www.sec.mk/wp-content/uploads/2017/08/Решение-за-распишување-на-Локални-избори-2017-1-2.jpg” text_color=”light” text_width=”90%” text_align=”center” text_pos=”full-width far-bottom” padding=”10px” parallax=”0″ parallax_text=”0″]


[/ux_banner]

[/col]

[col span=”1/2″]

[ux_banner height=”385px” bg=”http://www.sec.mk/wp-content/uploads/2017/08/Решение-за-распишување-на-Локални-избори-2017-2.jpg” mob_height=”250px” link=”http://www.sec.mk/wp-content/uploads/2017/08/Решение-за-распишување-на-Локални-избори-2017-2-2.jpg” text_color=”light” text_width=”90%” text_align=”center” text_pos=”full-width far-bottom”  padding=”10px” parallax=”0″ parallax_text=”0″]

[/ux_banner]

[/col]

[/row]

Превземи (Решение за распишување на избори за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје – 2017 година)

Превземи (Вкупен финансиски извештај за приходите и расходите на Коалиција Алијанса за Албанците за изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2016 година)

Превземи (Вкупен финансиски извештај за приходите и расходите на ДПА за изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2016 година)

Превземи (Правилник за измена на правилникот, бр. 08-1321/1 од 06.07.2017 година за начинот и постапката за решавање на приговори)

Skip to content