Pdf 2Известување за потребните прилози кон поднесената листа на кандидати за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје (член 64 од изборниот законик).pdf

 

Pdf 2Одлука за доделување на авансни средства на подрачните одделенија и канцеларии за обиколка и обезбедување на избирачките места.pdf

 

Pdf 2Известување за барањата за изземање од должноста во Општинските изборни комисии – 04.09.2017.pdf

 

Pdf 2Одлука за изменување и дополнување на одлуките за формирање на Општинските изборни комисии – 04.09.2017 година.pdf

 

Предмет: УРГЕНЦИЈА

Почитувани,

Be известуваме дека, како подготовка за средбата со Владата на Република на Македонија, потребно е повторно да ни ги доставите следните податоци:

– Дали вашата општина има блокирана жиро сметка,

– Дали вашата општина има планирано во буџетот за 2017 година ставка за Локални избори 2017 година и

– Дали за Општинската изборна комисија се обезбедени сите просторно и технички услови од страна на соодветната општина.

Барање со иста содржина е доставено до Вас и пред една недела, но имајќи предвид дека само неколку општински изборни комисии одговорија на првото барање, Be молам веднаш, a најдоцна до утре 06 септември 2017 година, до 14:00 часот да ни ги доставите бараните подотоци.

 

Pdf 2Ургенција до ОИК.pdf

ПРЕДМЕТ: Известување за насоки за постапување

Државната изборна комисија на 04 септември 2017 година, постапувајќи по примените дописи од општинските изборни комисии, ги донесе следните насоки за постапување:

1. Општинските изборни комисии да ги прифатат поднесените лични барања за изземање од вршење функција во избирачките одбори, за лицата кои се вработени во:

– Министерство за финансии – Управа за јавни приходи,

– Министерство за финансии – Царинска управа, само цариници како униформирани лица;

– Министерство за правда – Управа за водење на матични книги;

– Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – шумска полиција како униформирани лица и

– Вработени во територијална противпожарна единица – пожарникари како униформирани лица.

Откако ќе донесат решение за изземање, општинската изборна комисија доставува известување до Државната изборна комисија за потреба од дополнителен случаен избор.

2. Кога двете политички партии во опозиција односно кога двете политичките партии на власт, имаат доставен посебни листи со предлози за членови и нивни заменици во избирачките одбори, општинската изборна комисија ги формира избирачките одбори согласно Упатството, бр. 08-1679/1 од 22.08.2017 година, за начинот на именување на членови на избирачките одбори по предлог на политичките партии.

3. Кога до општинската изборна комисија, предлози за членови и нивни заменици во избирачките одбори има доставена само една политичка партија од опозица односно само една политичка партија на власт, општинската изборна комисија ги формира избирачките одбори на начин што ги именува за членови и заменици членови, двете лица кои се предложени во листата на политичката партија која доставила предлози.

Pdf 2Известување за насоки за постапување на ОИК 05.09.2017.pdf

ПРЕДМЕТ: Известување за насоки за комуникација и координација

Државната изборна комисија на 04 септември 2017 година, со цел ефикасна координација помеѓу Државната изборна комисија и општинските изборни комисии ги донесе следните насоки за комуникација:

1. Општинските изборни комисии се поделени во пет групи, при што за секоја од групите е задолжен посебен тим од страна на вработените во стручната служба, надлежен за комуникација и координација како и спроведување на случајниот избор за претседатели, заменици претседатели, членови и заменици членови во општинските изборни комисии.

Општинските изборни комисии целата своја комуникација ќе ја вршат преку користење на официјалниот меил на нивната комисија ([email protected]) на начин што сите дописи ќе ги праќаат до надлежното лице за својата општинска изборна комисија.

Одговорите од Државната изборна комисија, ќе ги добиваат на официјалниот меил на општинската изборна комисија.

Група 1-1
Надлежно лице: Љугжа Гугучевска, [email protected]. Општински изборни комисии во нејзина надлежност: ЦЕНТАР, КАРПОШ, КИСЕЛА ВОДА, АЕРОДРОМ, ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, ГАЗИ БАБА, ЧАИР, САРАЈ, ШУТО ОРИЗАРИ и БУТЕЛ.

Група 1-2
Надлежно лице Бети Ѓорѓеска, [email protected]. Општински изборни комисии во нејзина надлежност: ПЕТРОВЕЦ, ЗЕЛЕНИКОВО, СОПИШТЕ, ИЛИНДЕН, ЧУЧЕР САНДЕВО, СТУДЕНИЧАНИ и АРАЧИНОВО…(повеќе)

Pdf 2

Список по општини на независни кандидати за членови на совет и градоначалник кои го собраа потребниот број на потписи (согласно член 62 и член 63 од изборниот законик).pdf

Pdf 2Список на поднесени листи за собирање на потписи за независни кандидати за членови на совет и градоначалник, по општини.pdf

Pdf 2Известување за барањата за изземање од должноста во Општинските изборни комисии – 01.09.2017

 

[ux_image id=”14013″ drop_shadow=”1″ link=”http://www.sec.mk/wp-content/uploads/2017/08/Sredba-so-EU-2.jpg” ]

 

Државната изборна комисија денеска оствари средба со преставници од Европскиот Парламент и ЕУ делегацијата. На средбата гостите ја нагласија поддршката кон работата на ДИК во нејзините заложби за организирање и спроведување на локалните избори 2017 година.

Во текот на средбата  преставниците од Европскиот Парламент и ЕУ делегацијата се интересираа за повеќе прашања во доменот и надлежностите на ДИК, во делот на имплементација на препораките на ОДИХР и ОБСЕ, како и за начинот на ажурирање на податоците во Избирачкиот список.

Од страна на ДИК, беше истакнато  дека комисијата била во постојана соработка со сите релевантни институции.  Гостите беа информирани дека Избирачкиот список веќе е на јавен увид на официјалната страна на Државната изборна комисија и во сите општини односно подрачни одделенија и канцеларии на ДИК.

ДИК, исто така, информираше за преземените активности во нејзината надлежност а кои се дел од планот  3-6-9 од Влада на Република Македонија и во согласност со Стратешкиот план на Државната изборна комисија за периодот 2017-2020 година.

Беше подвлечено дека ДИК, од нејзиното формирање, посветено и одговорно работи, во рамките на своите надлежности, во зголемување на довербата во процесот на организирање на  изборниот процес, кај сите клучни актери.

 

Pdf 2Одлука за изменување и дополнување на одлуките за формирање на Општинските изборни комисии – 29.08.2017 година.pdf

 

 

 

Државната изборна комисија Ве информира дека за „Предвремени парламентарни избори, 15 декември 2016 година“, од вкупно 35.770 членови на 80-те општински изборни комисии и 3480 избирачки одбор, на 738 лица не им е исплатен надоместокот за учество и спроведување на изборите.

За овие лица, општинските изборни комисии имаа внесено во електронскиот систем за исплата, погрешни трансакциски сметки или погрешен ЕМБГ, односно внесени се други погрешни податоци, по што налозите за исплата на нивните надоместоци не можеа да се реализираат од страна на Министерство за финансии.

Со цел исплата на неисплатените надоместоци, Државната изборна комисија бара општинските изборни комисии да стапат во контакт со лицата од избирачките одбори во нивна надлежност кои не добиле надоместок, да обезбедат исправни податоци и истите веднаш да ги достават до Секторот за финансиски прашања на Државната изборна комисија на следниите Е-маил адреси: [email protected], [email protected], најдоцна до 30 август 2017 година.

Во прилог е објавена табела со податоци за неисплатените лица.

Pdf 2ТАБЕЛА НА НЕИСПЛАТЕНИ ЛИЦА ЗА УЧЕСТВО И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ДЕКЕМВРИ 2016 ГОДИНА

Pdf 2Вкупен финансиски извештај за приходите и расходите на Политичка партија КОАЛИЦИЈА ВМРО ЗА МАКЕДОНИЈА за изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2016 година

УПАТСТВО
за начинот на именување на членови на избирачките одбори по предлог на политичките партии
за Локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври 2017 година

Право да предлагаат членови и нивни заменици во избирачките одбори имаат политичките партии во опозиција, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови и политичките партии на-власт, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, и тоа:

еден член и неговиот заменик се именува на предлог на политичките партии во опозиција и еден член и неговиот заменик се именува на предлог на политичките партии на власт.

Политичките партии во опозиција можат да достават до општинските изборни комисии, усогласен предлог за член и негов заменик во избирачките одбори. Истото тоа може да го направат и политичките партии на власт.

Во таков случај, општинската изборна комисија е должна целосно да ги прифати единствените, усогласени предлози од политичките партии во опозиција и од политичките партии на власт.

Кога политичките партии во опозиција, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови или кога политичките партии на власт, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, немаат усогласен став во однос на тоа од која партија ќе биде именуван членот а од која неговиот заменик во избирачките одбори, ќе се применува правилото пар – непар, на следниот начин:…(повеќе)

Почитувани,

Државната изборна комисија на седницата одржана на 22 август 2017 година, согласно член 38 став 5 и 6 од Изборниот законик, право да достават предлози за членови и нивни заменици во избирачките одбори имаат следните политички партии:

– СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

– ВМРО – ДПМНЕ (ВМРО – Демократска партија за македонско национално единство)

– ДЕМОКРАТСКА УНИЈА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА

– ДВИЖЕЊЕ БЕСА

Краен рок за политичките партии за достава на предлози за членови и нивни заменици во избирачките одбори е 29 август (вторник) 2017 година.

Согласно ова, Вашата општинска изборна комисија е должна да организира дежурство на 29 август 2017 година, до 24:00 часот, како би можеле политичките партии да ги достават своите предлози до Вашата Комисија…(повеќе)

Pdf 2

Табела за Предлози од политички партии за членови и нивни заменици во избирачки одбори во Република Македонија

Pdf 2Одлука за формирање на изборна комисија на град Скопје – 22.08.2017 година

Skip to content