Pdf 2Втора работилница за ОИК (Октомври, 2017 година) – План за едукација.pdf

Pdf 2Одлука за заклучување на Избирачкиот список – Локални избори 2017.pdf

Pdf 2Табела на акредитирани набљудувачи – Локални избори 2017.pdf

Pdf 2Известување за барањата за изземање од должноста во Општинските изборни комисии – 21.09.2017 година.pdf

 

ПРЕДМЕТ: НАСОКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ

Државната изборна комисија Be известува дека, согласно член 69 став 4 од Изборниот Законик, утврдените единствени листи на кандидати за членови за совет, односно листата на кандидати за градоначалник, општинската изборна комисија ќе ги огласи најдоцна 23 дена пред денот определен за одржување на изборите во сите населени места и на избирачките одбори во општината.

Согласно Роковникот за извршување на изборните дејствија за Локалните избори 2017 година, општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје утврдените еднинствени листи на кандидати за пратеници ќе ги објават на 21 септември (четврток) 2017 година.

Утврдените писти на кандидати во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се објавуваат покрај на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и на службениот јазик што го употребуваат граѓаните во таа општина.

Објавувањето на листите да биде без личните податоци на канидатите, односно без нивната адреса и матичен број, туку само со редниот број на подносителот на листата кој го добил согласно спроведената ждрепа за утврдување на редоследот на листи на кандидати, називот на овластениот подносител на листата на кандидати и името и презимето на кандидатот за член на совет или градоначалник.

Сите огласени листи да се достават до кординаторите на вашата општина определени од ДИК и до Генералниот секретар Добре Јанчев.

Во прилог на листите да доставите и копија од личната карта од канидатот за градоначалник од секој подноистел на листа и копија од лична карта од носителот на листата за советници од секој подносител на листа.

Pdf 2Насоки за постапување за објава на листи на кандидати.pdf

Pdf 2Одлука за изменување и дополнување на одлуките за формирање на Општинските изборни комисии –  19.09.2017 година.pdf

 

Pdf 2Редослед на листите на кандидати во гласачкото ливче за Локални избори 2017 година.pdf

Државната изборна комисија ги известува овластените претставници на политичките партии, коалициите и групите избирачи кои ќе учествуваат на Изборите за градоначалници и членови на советите на општините и Градот Скопје 2017 година дека ждрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати ќе се одржи во вторник, 19 септември со почеток во 12 часот.

Ждрепката ќе се одржи во седиштето на Државната изборна комисија, голема сала, 4 кат.

Воедно ги покануваме овластените претставници на политичките партии, коалициите и групите избирачи кои ќе учествуваат на Локалните избори 2017 година да земат учество во ждребувањето, односно утврдувањето на редните броеви во единствената листа на кандидати.

Тие со себе треба да понесат овластување од подносителот на листата.

 

Pdf 2Одлука за изменување на Упатство, број 08-1428/1 од 25.07.2017 година, за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за локални избори.pdf

ПРЕДМЕТ: НАСОКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ПО БАРАЊЕ ОД 17.09.2017 ГОДИНА

Почитувани,

На работниот состанок одржан на 17 септември 2017 година, Државната изборна комисија го разгледа Вашето барање и го дава следното мислење:

1. Овластен подносител на листа на кандидати за членови на совбтот на општината. може да изврши корекција во листата односно замена на еден предложен кандидат со друг, се до моментот на потврдување на листата.

2. По потврдувањето на листата замена на предложен кандидат со нов може да се направи доколку настапат условите предвидени во член 67-а од Избоониот законик.

Pdf 2Насоки за постапување по барање од 17.09.2017 за ОИК Делчево.pdf

Pdf 2Насоки за постапување во врска со потврдите за неосудуваност.pdf

ПРЕДМЕТ: НАСОКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ВО БАРАЊЕ ОД 16.09.2017 ГОДИНА

Почитувани,

На работниот состанок одржан на 17 септември 2017 година, Државната изборна комисија го разгледа Вашето барање за толкување и го дава следното мислење:

  1. Листата за членови на советот на општина Аеродором, поднвсвна од Коалииијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ во целост ги исполнува условите предвидени во член 64 став 5 од Изборниот законик. односно во поднесената листа најмалку 40% од кандидатите му поипаѓаат на помалку застапениот пол, и тоа: на секои три мѕста најмалку едно место му припаѓа на помалку застапениот пол и дополнително уште најмалку по едно место на секои десет места.

Pdf 2Насоки за постапување во врска со барање за толкување од 16.09.2017 за ОИК Аеродром.pdf

ПРЕДМЕТ: НАСОКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ

Почитувани,

Be известувам дека, подносителите на листи на кандидати за градоначалници и членови на советите на општините, листите на кандидати ги доставуваат до ОИК на образец усвоен од Државната изборна комисија.

При тоа, не се мисли на ситуација задолжително да мора да се искуцаат кандидатите на вака преземениот образец од веб страната на Комисијата, туку поднесените листи на кандидати мора да ги содржат сите елементи кои се предвидени на образецот на Државната изборна комисија, како што е:

– за што се поднесува листата (избор на членови на совет или градоначалник)

– за која општина се поднесува листата,

– назив на листата,

– име на подносител на листата,

– листата да содржи онолку кандидати за колку се врши изборот (градоначалник или

членови на совет), со податоци за лицата (име, презиме, лостојано живеалиште и ЕМБГ)

– име презиме, ЕМБГ и потпис на подносителот на листата.

Образецот на Државната изборна комисија не е формулар на кој задолжително мора да се искуцаат имињата и податоците за кандидатите, туку е насока како треба да изгледаат и кои елементи треба да ги имаат поднесените листи.

Доколку поднесените листи до Вашата општинска изборна комиоија ги содржат сите елементи кои се предвидени во образецот на Државната изборна комисија, а при тоа на листата нема лого од Државната изборна комисијата, ова не е неуредност која треба да се исправи во рок од 48 часа.

За ова не треба да давате известување за констатирани неправилности.

Pdf 2Насоки за постапување во врска со образецот на листи на кандидати 15.09.2017 година.pdf

Предмет: ИЗВЕСТУВАЊЕ
 

Почитувани,

Државната изборна комисија на работниот состанок одржан на 15 септември 2017 година, го разгледа вашиот допис, испратен преку електронска пошта, во кој не известувате дека дека Коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, листите на кандидати за градоначалник и членови на совет, ги доставиле до ОИК Неготино во 00:05 часот на 15 септември, односно пет минути по истекот на законски пропишаниот рок за поднесување на листи на кандидати.

Државната изборна комисија укажува дека изборите се основата на демократијата а политичкиот плурализам и демократските избори се темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија.

Изборите претставуваат поле на политички натпревар меѓу учесниците, каде е од витално значење плурализмот на идеи и компетитивноста, во фер и демократска атмосфера, каде се гарантира правото на граѓаните на тајност на гласањето.

Имејќи го предвид горенаведеното, сметаме дека ОИК Неготино треба да има флексибилност и разбирање за сите кои сакаат да учествуваат во изборите. Сметаме дека доцнењето од 5 минути може да е производ на објективни причини, по што мнозинството од членовите на Државната изборна комисија се на мнение дека Вашата општинска изборна комисија треба да ги прифати листите поднесени од Коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ како навремени и да продолжи со постапката за нивно прегледување. Доколку во листите има неправилности, согласно член 67 став 2 од Изборниот законик, ОИК е должна да го извести подносителот да ги отстрани неправилностите во рок од 48 часа a доколку листата е составена согласно Изборниот законик истата да ја потврди со решение.

Pdf 2Известување од ДИК до ОИК Неготино – 15.09.2017.pdf

Pdf 2Описи на Избирачките места во Република Македонија – Локални избори 2017 година.pdf

Pdf 2

Записници од извршена ждрепка за доделување на локации на рекламни паноа и билборди за политичко рекламирање.pdf

Ha 16.09.2017 година (сабота), во 13 часот, во просториите на Државната изборна комисија ќе се спроведе ждрепка согласно член 78-а ставови 5 и 6 од Изборниот законик со која Државната изборна комисија ќе ги распореди локациите на рекламните паноа и билборди кои се нудат за политичко рекламирање од страна на правните лица кои стопанисуваат со истите.

Се повикуваат претставниците на правните лица кои доставиле понуди за рекламни паноа и билборди и поднеле локации и ценовници до ДИК да учествуваат во ждрепката, доколку нема присутен претставник од понудувачите, извлекувањето ќе го изврши лице од стручната служба.

Се известуваат и заинтересираните политичките партии, учесници во изборниот процес, дека може да присуствуваат и да го следат процесот на спроведување на ждрепката за рекламни паноа и билборди.

 

Pdf 2Соопштение за Рекламни паноа и билборди –  15.09.2017 година.pdf

 

 

 

ПРЕДМЕТ: Известување за насоки за постапување од 13 септември 2017 година

Државната изборна комисија на 12 септември 2017 година, постапувајќи по примените дописи од општинските изборни комисии, ги донесе следните насоки за постапување:

1. Во врска со спроведување на постапка за јавна набавка на услуги за транспорт на изборен материјали и избирачки одбори и склучувње на договори со економските оператори, општинските изборни комисии да веднаш да стапат во контакт со надлежните во општината. Бидејќи локалните избори се финансисраат од општините, општините треба да бидат договорниот орган кој ќе го склучи договорот за транспорт на изборен материјал и избирачки одбори.

2. Општинските изборни комисии да ги прифаќаат како релевантни Решенијата издадени од Централниот регистер на РМ за добиен ЕДБ, во кој стои назнака „група граѓани”, „за градоначалник на општина” или „за совет на општина” и „Локални избори 2017″. Задолжително треба да се бара и потврда од банка дека е отворена трансакциската сметка.

3. При изборот на претседатели, членови и нивни заменици во избирачките одбори, општинската изборна комисија мора да внимава, при случајниот избор да биат избрани државни или јавни службеници, при што за претседател и заменик претседател на ИО мора да е со виско образование а за член и заменик член мора да има најмалку средно образование. Што работи избраното лице не е релевантно (бравар, хигиеничар и сл).

4. Kora на барање од општинските изборни комисии, институциите во кои се вработени избраните претседатели, членови и нивни заменици во избирачките одбори доставиле информација во оригинал, заверена со архивски број, печат, штембил и потпис од овластено лице на институцијата, во кое се вели дека избраните лица во избирачките одбори во моментот вршат избрана или именувана функција или им престанал работниот однос или се на неплатено отсуство, може да го. прифзтат известувањето како веродостојно, затоа што зад неговата веродостојност стои институцијата. Дополнително пожелно е да се побара институцијата да достави копија од соодветниот акт, како што е одлука за именување или избор, решение или спогодба за порестанок на работниот однос или решение за одобрено неплатено отсуство со решение дека лицето е одјавено од Агенцијата за вработување во овој период и сл.

5. Под избрано или именувано лице се сметаат избрани или именувани функционери од Владата односно Собранието на Република Македонија, при што истите се должни кон барањето за неприфакање за вршење на функција во избирачките одбори, да достават копија од соодветната одлука за избор и именување и/или копија од службениот весник каде истата е објавена.

6. При проверката на кандидатите за градоначалници и членови на советот на општините и градот Скопје, општинските изборни комисии се должни да ги проверат кандидатите со „Регистарот на лица за кои Комисијата за верификација на факти (Комисија за лустрација) утврдила дека го исполнуваат условот со кој се ограничува вршењето на јавна функција”. Регистерот можете да го најдете на следниот линк: http://www.kvf.orq.mk/index.DhD/mk/reqistar.

Pdf 2

Известување за насоки за постапување од 13 септември 2017 година.pdf

Pdf 2Одлука за изменување и дополнување на одлуките за формирање на Општинските изборни комисии –  12.09.2017 година.pdf

 

Предмет: ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани,

Државната изборна комисија Be известува дека, во прилог на поднесените листи на кандидати за градоначалник и членови на советот на општината, за секој од кандидатите задолжително се доставува и „потврда за неосудуваност“, согласно чл. 7 ст. 3 од Изборниот законик.

Поднесените поврди треба да бидат од казнената евиденција од надлежниот основен суд.

Вие, како Општинска изборна комисија при проверка на кандидатските листи, како релеватен доказ треба да ја прифатите Потврдата од казнена евиденција издадена од надлежниот суд.

 

Pdf 2Известување до ОИК за поднесените листи на кандидати.pdf

 

Skip to content