На 26.2.2020 година (среда) во седиштето на Државната изборна комисија се одржа работен состанок на кој учествуваa Државната изборна комисија, д-р Рената Дескоска, министер за правда, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Имајќи предвид дека се донесени изменувања и дополнувања на Изборниот законик, целта на овој состанок беше да се изнајде начин за да се одговори најдобро на новите предизвици кои произлегуваат и со кои ќе се соочуваат во текот на спроведувањето на Предвремените парламентарни избори 2020 година.

Посебно беше разгледано прашањето за финансирањето на политичката кампања, со што беше утврдено дека за истото ќе се одржи нова работна средба, на која ќе биде потребно да присуствуваат и претставници од Министерството за финансии.

По однос на сите прашања и активности за спроведување на изборниот циклус, Државната изборна комисија на работниот состанок им укажа на присутните дека им стои на располагање и соработка во рамките на својата надлежност.

Извештај за пристигнати и обработени пријави за гласање во ДКП на РСМ со пресек на 26.02.2020 година во 12:00 часот

Правилник за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите

Јавен повик за проверка на податоците во Избирачкиот список за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 12 април 2020

Извештај за пристигнати и обработени пријави за гласање во ДКП на РСМ со пресек на 25.02.2020 година во 12:00 часот

Извештај за пристигнати и обработени пријави за гласање во ДКП на РСМ со пресек на 24.02.2020 година во 11:45 часот

П О Т С Е Т У В А Њ Е

Почитувани,

Државната изборна комисија Ве потсетува дека, согласно член 75-ѓ став 3 од Изборниот законик, сите радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет порталите), кои поднеле барање за регистрација во Државната изборна комисија, должни се во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите да ги утврдат ценовници за платено политичко рекламирање и истите да ги достават до Државната изборна комисија, најдоцна до 21 февруари (петок) 2020 година до 24:00 часот.

Ценовниците може да се поднесат електронски, на следната електронска адреса [email protected] , во архивата на ДИК на бул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје или со препорачана пратка.

НАПОМЕНА: Цената за Вашите услуги во доставените ценовници по секунда за платено политичко рекламирање и цената за закуп на рекламен простор во печатениот медиум ДА НЕ ЈА НАДМИНУВА просечната цена на рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклуси, која Државната изборна комисија ја утврди со Одлука, бр. 10-476/1 од 16.02.2020 година, која Ви ја доставуваме во прилог и истата е објавена на интернет страната на Комисијата.

Доколку Вашиот медиум доставил ценовник со цена повисока од утврдената просечна цена од страна на Државната изборна комисија, Ве молиме истиот да го повлечете и истовремено да доставите нов, усогласен ценовник, најдоцна до 24:00 часот на 21 февруари 2020 година.

Со почит,

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Јавен повик за пријава и увид во Избирачкиот список за гласање во странство

Известување од ДИК ДО МНР за доставување на Јавен повик и барање список на вработени

Појаснување за спроведување на Јавен увид во дипломатско – конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство и пријавување за гласање

Насоки за начинот на собирање потписи во Дипломатско – конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство за подршка на листа на кандидати за пратеници предложена од група избирачи (член 61 став 2 од Изборниот законик)

Одлука за утврдување на трошоци за спроведување на изборни активности во реално направени износи

Барање од ДИК до МИОА, согласно член 32 од Изборниот законик

Известување од ДИК до Градоначалниците на општините за барање за постапување за обезбедување на просторно технички услови

Известување од ДИК до ЗЕЛС за барање за постапување за обезбедување на просторно технички услови

Известување до ОИК за започнување на подготовки за спроведување на Предвремените избори 2020 година

Известување до Радиодифузерите, печатените медими и електронските медиуми (интернет порталите) за регистрација во ДИК за платено политичко рекламирање

Упатство за начинот и постапката за утврдување на просечно постигнатата цена и најниска цена за платено политичко рекламирање

Одлука за утврдување на просечно постигнатата цена и најниската цена за платено политичко рекламирање во последните пет изборни циклуси

Роковник за извршување на изборните дејствија за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 16 февруари – 12 април 2020

Skip to content