Извештај за пристигнати и обработени пријави за гласање во ДКП на РСМ со пресек на 03.03.2020 година во 12:00 часот

Упатство за постапување при прием на барања за запишување, дополнување или бришење податоци во Избирачкиот список добиени по електронски пат во Државната изборна комисија (член 50 став 2 од Изборниот законик)

Предизборен финансиски извештај доставен од Министерството за финансии

Одлука за изменување и дополнување на одлуките за формирање на Општинските изборни комисии – 28.02.2020

Табела за предлози од политички партии за членови во избирачки одбори во Република Северна Македонија

Извештај за пристигнати и обработени пријави за гласање во ДКП на РСМ со пресек на 02.03.2020 година во 12:30 часот

Регистар на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали)

Одлука за утврдување на максималниот износ на средствата потребни за изнајмување простории во приватна сопственост за спроведување на гласање

На 60-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 28.2.2020 година, беа разгледувани и донесени следните подзаконски акти:

  • Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња, со кое за важечко гласачко ливче се утврдува гласачкото ливче кое е во согласност со член 110 од Изборниот законик и гласачкото ливче од кое на сигурен и недвосмислен начин може да се утврди за која листа на кандидати избирачкот гласал, додека пак неважечко гласачко ливче е она кое не е пополнето или пак гласачот заокржил повеќе листи на кандидати или кандидат.

  • Упатството за гласање на избирачите кои се членови на избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето во Дипломатско – конзуларните претставништва односно конзуларни канцеларии (член 113б од Изборниот законик).

  • Упатството за распределба на рекламни паноа и билборди по пат на ждрепка (согласно член 78а од Изборниот законик), согласно кое општините во Република Северна Македонија, Градот Скопје и правните лица кои стопанисуваат со рекламните паноа и билборди се должни во рок од пет дена од распишувањето на изборите јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билбори, кои локации и цени треба да ги достават до Државната изборна комисија со цел спроведување на ждрепката.

  • Упатството за утврдување на личниот идентитет на гласачот (член 108 од Изборниот законик).

  • Упатството за гласање на лица кои се наоѓаат во куќен притвор (член 113 од Изборниот законик), согласно кое граѓаните кои на денот на гласањето се наоѓаат во куќен притвор, доколку сакаат да го остварат своето право на глас потребно е преку овластен полномошник да ја известат општинската изборна комисија која е надлежна за местото каде што гласачот е во куќен притвор, најдоцна три дена пред денот определен за гласање.

  • Упатството за примена на член 112-а од Изборниот законик – за лица со попреченост, со кое за избирачите, лицата со попреченост кои неможат да влезат односно пристапат во гласачкото место согласно Изборниот законик, Избирачкиот одбор е должен да им овозможи на соодветен начин да влезат, односно пристапат во гласачкото место за да го остварат своето право на глас.

  • Упатството за гласање на слепи лица и лица со оштетен вид, со кое е утврдено гласањето на лицата со оштетен вид, со тоа што Општинската изборна комисија на секој избирачки одбор му предава еден шаблон на кој со помош на Браева азбука се отпечатени податоците од гласачкото ливче.

  • Упатството за гласање на немоќно или болно лице (член 111 ставовите 4, 5, 6 и 7 од Изборниот законик) и Упатството за гласање на немоќно или болно лице (член 111 став 1, 2 и 3 од Изборниот законик) со кои се определува начинот на кој болните и немоќните лица кои сакаат да гласаат ја известуваат Општинската изборна комисија, со соодветна приложена лекарска документација, како и начинот на спроведување на гласањето за овие лица од страна на Избирачкиот одбор.

  • Упатството за набљудување на изборите и изборната постапка, во кое се содржани насоките за начинот на споведувањето на набљудувањето на изборите и изборната постапка.

  • Заклучокот за Правилникот за начинот на постапување на полицијата за време на спроведување на изборите, бр.07-210/4 од 19.2.2014 година.

  • Упатството за начинот и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатските листи за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 2020 година и Одлуката за утврдување на максималниот износ на средствата потребни за изнајмување на простории во приватна сопственост за спроведување на гласањето, за оние избирачки места каде не постојат јавни објекти кои ги задоволуваат законските услови за спроведување на истото.

Истовремено, на седницата беа усвоени и Образецот број 16 ЗРД (за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на избирачите кои се на издржување казна затвор или се во притвор, кои гласаат на избирачкото место бр.5050 и се избрани за членови на избирачки одбори надлежни за спроведување на гласањето во ДКП на Република Северна Македонија, избирачки кои се со статус на внатрешно раселени лица и за избирачи кои се пријавени во установите за вонсемејно згрижување, Образецот број 16гс (за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија од избирачки одбор во ДКП, Образец број 16 (за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија од избирачки одбор), Образецот по член 107 од Изборниот законик – неможност за остварување на гласачкото право, Образец број 18 по член 113 од Изборниот законик (Посебен записник од гласањето по листи на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија за избирачите на издржување на казна затвор во притвор во казнено поправна установа) и Образец број 18а по член 111а од Изборниот законик (Посебен записник од гласањето по листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија за избирачите кои гласаат во посебната устананова за вонсмеејно згрижување).

Исто така, Државната изборна комисија ги разгледа барањата за неприфаќање на извршување на должност претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинските изборни комисии по што беше направен случаен избор на претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинските изборни комисии чии барања за изземање беа прифатени од Државната изборна комисија.

 

Со почит

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

 

Упатство за начин на реализација на средства определени од Државната изборна комисија за спроведување на избори од страна на општински изборни комисии

Одлука за доделување на авансни средства на подрачните одделенија и канцеларии за обиколка и обезбедување на избирачките места

Одлука за доделување на средства на општинските изборни комисии за спроведување на Предвремените парламентарни избори, 12 април 2020 година

Кодекс за набљудување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 12 април 2020 година

Извештај за пристигнати и обработени пријави за гласање во ДКП на РСМ со пресек на 28.02.2020 година во 11:30 часот

Извештај за пристигнати и обработени пријави за гласање во ДКП на РСМ со пресек на 27.02.2020 година во 13:30 часот

На 59-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 26.2.2020 година беше усвоен Јавниот повик за проверка на податоците во Избирачкиот список за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 12 април 2020 година, со кој се известуваат сите граѓани на Република Северна Македонија дека истиот ќе започне на 26.2.2020 година и ќе трае до 11.3.2020 година, до 24:00 часот. Со тоа Државната изборна комисија ги повикува граѓаните кои сакаат да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список тоа да го направат по електронски пат на веб – страницата на Државната изборна комисија на www.sec.mk, izbirackispisok.gov.mk, или лично во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија. Согласно измените во Изборниот законик, овој изборен циклус граѓаните кои на денот на изборите навршиле 18 години и кои што на денот на распишувањето на изборите немале важечки лични документи, ќе бидат во Избирачкиот список. Важно да се истакне е дека иако оваа група на граѓани ќе биде во Избирачкиот список, правото на глас ќе може да го остварат само оние граѓани кои на денот на изборите ќе имаат важечки лични документи.

Додека пак, граѓаните кои немале важечки документи на денот пред распишувањето на изборите, нема да бидат на Избирачкиот список. Оваа категорија на граѓани ќе треба да поднесе барање за запишување во Избирачкиот список како и да ги обнови своите лични документи.

Понатаму беше донесен и Правилникот за регулирање на постапката за сoбирање потписи и начинот на определување на нотарите, според кој право да поднесат листа на кандидати за пратеници имаат регистрираните политички партии самостојно, коалиции како и група избирачи. Потписите на избирачите во постапката за кандидирање за поддршка на кандидатските листи предложени од група избирачи се собираат пред службените лица на Државната изборна комисија и пред наделжен нотар, со што трошоците за собирање на потписи пред нотар ги сносува подносителот на листата. Собирањето на потписи во постапката за кандидирање за Предвремените парламентарни избори 2020 година започнува на 26.2.2020 година и завршува на 6.3.2020 година.

На седницата на Државната изборна комисија после извршениот увид за комплетна документација беше донесен и Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) согласно член 75 ѓ став (7) од Изборниот законик, во кој се наоѓаат сите оние кои ги исполниле условите.

Исто така беа донесени и Образецот Б1 – Барање за запишување во Избирачки список, Б2-Барање за бришење на податоци во Избирачки список и Б3 –Барање за промена на податоци во Избирачки список, со кои овој изборен процес се дава можност на граѓаните по електронски пат да можат да ги извршат потребните промени во Избирачкиот список, на [email protected], со скенирано потпишано соодветно барање и приложени потребни документи– прилог кон Барањето.

Со почит

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Образец Б1 – Барање за запишување во Избирачки список

Образец Б2 – Барање за за бришење на податоци во Избирачки список

Образец Б3 – Барање за промена на податоци во Избирачки список

Адреси на подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија

Skip to content