Водич за набљудување – Парламентарни избори 2020


АУДИО ПРИРАЧНИК ЗА ГЛАСАЊЕ НА СЛЕПИ ЛИЦА И ЛИЦА СО ОШТЕТЕН ВИД , СО ЗАШТИТНИ МЕРКИ ОД КОВИД 19

Известување од ДИК до учесниците во изборната кампања

Известување за неприфаќање за изземање – 02.07.2020

Одлука за исправка на Одлуката за изменување и дополнување на одлуките за формирање на ОИК од 30.06.2020

Одлука за изменување и дополнување на одлуките за формирање на ОИК- 02.07.2020

На Продолжението на 73-та седница на Државната изборна комисија, кое се одржа на 2 јули 2020 година, се изврши случаен избор на претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинските изборни комисии, чиишто барања за изземање претходно беа прифатени од страна на Државната изборна комисија.

Државната изборна комисија ги прифати барањата за добивање овластување за набљудувачи за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 15 јули 2020 година, и тоа од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Гласот на Америка, Американската амбасада во Скопје, Амбасадата на Република Албанија и Здружението на граѓани ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Истовремено, на седницата беше донесена Одлука за бришење на алинеја 2, 3 и 5 од точка 7, од Упатството за набљудување на изборите и изборната постапка, донесено од Државната изборна комисија, во делот на набљудување на изборниот процес од страна на домашни и странски акредитирани набљудувачи, со цел да се овозможи поголема достапност во набљудувањето на изборите, поголема транспаренстност и подобри услови за работа.

Описи на избирачките места во Република Северна Македонија за Предвремени парламентарни избори 2020

Табела на избрани здравствени работници во избирачки одбори за Ковид-19

На 73-та седница на Државната изборна комисија која се одржа на 1 јули 2020 година, во седиштето на Државната изборна комисија, беа усвоени Записникот од 71-та седница на Државната изборна комисија, одржана на 25 јуни 2020 година и Записникот од 72-та седница на Државната изборна комисија, одржана на 28 јуни 2020 година.

Согласно член 52 од Изборниот законик, Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници на Собранието на Република Северна Македонија на 15 јули 2020 година и Ревидираниот роковник за продолжување на изборните дејствија за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, донесен од Државната изборна комисија, на седницата беше заклучен Избирачкиот список, по спроведените промени од Јавниот увид во Избирачкиот список и спроведената организационо – техничка и методолошка обработка од страна на надлежните институции, со следната состојба:

  1. Вкупен број на гласачи запишани во Избирачкиот список е 1.814.263, од кои:
    • Во изводите од Избирачкиот список се запишани 1.729.189 гласачи;
    • Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои се на привремена  работа или престој во странство, се запишани 83.054 гласачи;
    • Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, се запишани 1.657 гласачи;
    • Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои се згрижени во установи за вонсемејна грижа, се запишани 357 гласачи и
    • Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои согласно евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика се водат како внатрешно раселени лица се запишани 6 гласачи.

Истовремено, Државната изборна комисија го донесе Упатството за начинот на гласање на избирачките места со помалку од 10 избирачи, со кое од вкупно 3480 избирачки места, во 90 избирачки места  – на подрачјето на 29 општински изборни комисии се евидентирани помалку од 10 гласачи, со што гласачите од овие избирачки места своето право на глас ќе може да го остварат на најблиското избирачко место со над 10 гласачи, откако претходно ќе бидат известени за местото каде што ќе можат да го остварат своето право на глас.

Исто така, на затворениот дел од седницата, Државната изборна комисија го утврди изгледот на гласачкото ливче за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Рапублика Северна Македонија, за 15 јули 2020 година.

Одлука за заклучување на Избирачкиот список

Упатство за начин на гласање на избирачки места со помалку од 10 избирачи

Упатство за пријавување и гласање на лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на Ковид 19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација

Упатство за дополнување на упатството за гласање на немоќно или болно лице (член 111 став 1,2 и 3 од Изборниот законик)

Задолжителни препораки за здравствена заштита во текот на изборниот процес

Известување за пријавување на лица кои се позитивни на КОВИД -19, лица во самоизолација, болни, немоќни и хронично болни лица

Известување за неприфаќање на изземање од ОИК- 30.06.2020

Одлука за именување и дополнување на одлуките за формирање на Општинските изборни комисии – 25.06.2020

На 72-та седница на Државната изборна комисија, која се одржа на 28 јуни 2020 година, беа разгледани поднесените приговори за предвремено започната изборна кампања од Коалицијата „Можеме“ и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ и истите беа едногласно отфрлени, поради тоа што не ги исполнуваат законските услови од член 69а од Изборниот законик.

Поради важноста да се обезбеди максимална здравствена заштита на сите учесници во изборниот процес, а поврзано со Здравствениот протокол за спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Репубика Северна Македонија, 15 јули 2020 година од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од аспект на  надлежностите на Државната изборна комисија, на седницата беа донесени Задолжителните препораки за здравствена заштита во текот на изборниот процес, во кои се опфатени хронолошки сите изборни дејствија, односно предавањето на изборниот материјал од Државната изборна комисија на општинските изборни комисии, а потоа од општинските изборни комисии до избирачките одбори и обратно, процесот на гласање на лицата кои се заразени со КОВИД -19 или лицата кои се наоѓаат во домашна изолација, гласањето на болните и изнемоштени лица и хронично болните, како и денот на гласање, со што темелно се опфатени сите аспекти за заштита и спречување на ширење на Коронавирусот.

Исто така, Државната изборна комисија ги донесе Одлуката за дополнување на Одлуката бр.05-546/1 од 20 јуни 2020 година, за утврдување на потреба од формирање на помошни тела на Државната изборна комисија за спроведување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и Одлуката за изменување на Ревидираниот роковник, бр.10-467/2 од 16 јуни 2020 година, за продолжување на изборните дејствија за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 15 јули 2020 година.

На затворена седница Државната изборна комисија го утврди гиош елементот за позадината на гласачкото ливче за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 15 јули 2020 година.

 

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Одлука за изменување на Ревидираниот роковник за продолжување на изборните дејствија за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на РС Македонија, 15 јули 2020 година

Skip to content