Јавен повик за проверка на податоците на Избирачкиот список за Локалните избори за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Градот Скопје 17.10.2021

Упатство за постапување при прием на барања за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список добиени по електронски пат во ДИК

Одлуки за изменување и ополнување на одлуките за формирање ОИК – 10.08.2021

Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на ИК за Град Скопје

Известување за неприфаќање на барањата за изземање од должноста во ОИК – 12.08.2021

1. Државната изборна комисија ги известува граѓаните и заинтересираните Кандидати „група избирачи” дека постапката за собирање потписи за членови на советите на општините и советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Градот Скопје, согласано Роковникот на Државната изборна комисија број 11-1537/1 донесен на ден 06.08.2021 година, објавен на WEB страната на Државната изборна комисија, ќе се спроведе во Подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија кои се објавени на WEB страната со адресни податоци за истите и пред надлежен нотар.

2. Собирањето на потписи започнува на ден 16 август 2021 година, а завршува на 30 август 2021 година, секој ден од 08:00 до 20:00 часот, а на ден 30 август 2021 година до 24:00 часот.

3. Постапката ќе се спроведе врз основа на Правилникот за регулирање на постапка за собирање потписи и начинот на определување на нотарите број 08-3007/1 донесен на ден 14.10.2020 година, кои се претходно објавени WEB страната на Државната изборна комисија.

4. Составен дел на оваа известување е:

Решение за распишување на изборите за членови на совет во општините и Град Скопје и градоначалници на општините и Град Скопје

Државната изборна комисија ги известува радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) …

Државната изборна комисија, согласно член 75-ѓ став (11) од Изборниот законик, ја објавува просечно постигнатата цена и најниската цена за платено политичко рекламирање…

Известување за неприфаќање на барањата за изземање од должноста во Општинските изборни комисии – 12.07.2021

Државната изборна комисија Ве известува дека Комисијата за јавна набавка надлежна за спроведување на јавната набавка на интегриран систем за идентификација на гласачите, на ден 1 јули 2021 година (четврток), ќе изврши јавно отварање на пристигнати понуди.

Јавното отварање на пристигнатите понуди ќе започне во 13:00 часот во салата за седици на Државната изборна комисија.

На 29 април (четврток) со почеток во 12 часот Државната изборна комисија ја одржа седмата седница, со следниот дневен ред:

  1. Разгледување и усвојување на записникот од шестата седница на ДИК;
  2. Разгледување и усвојување на предлог одлука за измена и дополнување на Финансискиот план за распределба на средства во ДИК за 2021 година, број 05-160/1 од 25 јануари 2021 година;
  3. Разгледување и усвојување на предлог измена и дополнување на Годишниот план за јавни набавки по програма 21 на ДИК; и
  4. Разно.

Сите документи од дневниот ред беа усвоени едногласно.

Седницата беше отворена за јавноста, и истата можеше да се проследи во живо преку Јутјуб каналот на ДИК: https://youtube.com/channel/UCn5bjQrKxUgN2TCXP7ylEMQ

Снимка од оваа седница и натаму е достапна на овој канал.

 

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

 

На 6-та седница на Државната изборна комисија, одржана на 22.04.2021 година, беше разгледан и усвоен нов Стратешки план на Државната изборна комисија за периодот 2021 – 2024 година.

На 22 април 2021 година претставници на Државната изборна комисија учествуваа на Вториот онлајн симпозиум за младинско учество, насловен „Гласаат прв пат, но не и последен“.

Симпозиумот се одржа во организација на Асоцијацијата на изборни органи од Европа (АЦЕЕЕО) во соработка со Асоцијацијата на арапски изборни органи (АрабЕМБс). На настанот се обработуваа актуелни теми, како трендовите, предизвиците и добрите практики за младинско учество, комбинирајќи го меѓународниот компаративен пристап со конкретните искуства на земјите учеснички.

На симпозиумот кој опфаќаше 50-тина учесници од различни земји и региони, се обратија генералните секретари на АЦЕЕЕО и АрабЕМБс, истакнати универзитетски професори, претставници од изборните комисии од земји-членки на двете Асоцијации, како и претставничка од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Киргистан.

На 22 април (четврток) со почеток во 12 часот Државната изборна комисија ја одржа шестата седница на која едногласно беа усвоени записникот од петтата седница на Државна изборна комисија, Стратешкиот план на Државната изборна комисија за периодот 2021 – 2024 година и Упатството за спроведување на процедура за вршење на ex-ante контрола на примените фактури за платено политичко рекламирање од радиодифузери, печатените и електронски медиуми.

Основна цел на Стратешкиот план на Државната изборна комисија за периодот 2021 – 2024 година е да постави среднорочна, четиригодишна стратегија за унапредување на работата на ДИК преку одржување на кредибилен изборен систем, перманентно унапредување на изборниот процес и постојана поддршка на сите учесници во изборите во остварувањето на нивните избирачки права. При тоа, ДИК ќе продолжи да работи во согласност со меѓународните стандарди и добрите практики заради спроведување на квалитетни изборни процеси, да ја гарантира својата професионалност и независност, да ги јакне своите капацитети, да ја зголеми информираноста на јавноста како и да обезбеди еднаков родов пристап во сите сфери од своите надлежности.

За да го постигне ова, стратешкиот план на ДИК за 2021– 2024 година ги содржи следниве седум приоритети, кои се во согласност со мисијата, визијата и фокусот на делување на ДИК:

  1. Зголемување на квалитетот на подзаконските акти и нивната ефикасна примена;
  2. Унапредување на начинот и постапката на водење за избирачкиот список;
  3. Подобрување на ефикасноста на активностите меѓу изборните органи;
  4. Зголемување на свесноста, знаењата и довербата на граѓаните за изборниот процес;
  5. Унапредување на знаењата и вештините на изборната администрација за спроведување на изборниот процес;
  6. Подобрување на внатрешната организација и функционирање;
  7. Интегрирање на родовите аспекти во активностите на ДИК.

Упатството за спроведување на процедура за вршење на ex-ante контрола на примените фактури за платено политичко рекламирање од радиодифузери, печатените и електронски медиуми детално го уредува начинот на вршење на оваа контрола и движењето на документацијата во интерните организациони единици на ДИК.

Седницата беше отворена за јавноста, и истата можеше да се проследи во живо преку Јутјуб каналот на ДИК: https://youtube.com/channel/UCn5bjQrKxUgN2TCXP7ylEMQ

Снимка од оваа седница и натаму е достапна на овој канал.

 

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

 

Инклузивен пристап и мотивирање на поголемо младинското учество во сите изборни циклуси е целта на првиот „Прирачник за млади гласачи“ кој го издаде Државната изборна комисија (ДИК) во соработка Мисијата на ОБСЕ. Прирачникот претставува иницијатива за воспоставување на понепосредна и поголема двонасочна комуникација помеѓу ДИК и младите луѓе, со цел на лицата кои за прв пат гласаат да им се обезбеди полесен пристап во рамки на изборните процеси, како и соодветно информирање за нивните права, можности и законски обврски.

Главна цел на ДИК е да ги вклучи сите гласачи во изборниот процес и да ја зголеми свесноста за учеството во општествените активности – истакна потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху на онлајн настанот за промоција на „Прирачникот за млади гласачи“.

„ Голем акцент ставаме на младите луѓе и ќе бидеме особено среќни доколку секој од нив се вклучи во изборните и другите процеси на одлучување во земјата. Како институција веќе правиме напори овој Прирачник да го издадеме и во други форми кои се полесно достапни за младите луѓе. Исто така, во соработка со нашите партнери од Мисијата на ОБСЕ веќе организираме различни иницијални обуки базирани на Прирачникот со кои дополнително очекуваме да го покренеме интересот и знаењата поврзани со потребата од учество на избори, особено на младите генерации. “, посочи Шеху.

Со цел да помогнеме во зголемувањето на учеството на младите, Мисијата на ОБСЕ ги здружи силите со Државната изборна комисија и младинските организации, во изработката на „Прирачник за млади гласачи“, како и програма за подигање на свеста за важноста од учеството на младите во изборниот процес – рече Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

„На младите би им порачал: вашиот глас е важен. На вас е да ги внесете своите идеи, вашите грижи и приоритети и вашата енергија во политиката во оваа земја. Иако постојат и други начини да се чуе вашиот глас, како на пример на социјалните мрежи, гласањето е најефективниот начин да се направат политички промени. Особено на локално ниво имате моќ да направите вистинска разлика во управувањето со вашите заедници.“ истакна амбасадорот Која на настанот.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски посочи дека младите точно знаат во каков свет и држава сакаат да живеат, што им е потребно, каде сакаат да работат, но и колку сакаат и сметаат дека треба да заработуваат.

„Токму затоа е важно младите да се вклучат и да учествуваат во носењето на одлуки, почнувајќи од користењето на своето право на глас во рамки на изборните процеси. Гласот на младите ќе биде јасна насока какви политики ќе се креираат во однос на нив и нивната иднина. На нашето општество му се потребни младите и тоа е клучното што треба да им го кажеме – потребни сте ни вклучени, активни и влијателни.“, додаде Мојсовски.

Автори на прирачникот се Бојан Кордалов – комуниколог, во својство на независен консултант, Адмир Шабани, раководител на Секторот за едукација при ДИК, како и Нина Шуловиќ – Цветковска и Јасмина Тодоровска – Митева од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Прирачникот е изработен во рамките на проектот „Поддршка на демократското управување и процесите на инклузија“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје кој се спроведува во соработка со Државната изборна комисија.

Линк до видео од онлајн промоцијата на „Прирачникот за млади гласачи“: https://www.facebook.com/drzavna.izborna.komisija/posts/2264515927017237

 

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content