Јавен повик за проверка на податоците во Избирачкиот список за избор на Градоначалник на општина Маврово и Ростуше и општина Центар Жупа, 17 април 2022 година

Јавен повик за проверка на податоците на Избирачкиот список за Локалните избори за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на Градот Скопје 17.10.2021

Правилник за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите

Јавен повик за проверка на податоците во Избирачкиот список за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 12 април 2020

Јавен повик за пријава и увид во Избирачкиот список за гласање во странство

Одлука за заклучување на Избирачкиот список 2019

 Врз основа на член 31 став 2 точка 28 д од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија усвои:

 

ЈАВЕН ПОВИК
за проверка на податоците во Избирачкиот список

 

Се повикуваат сите заинтересирани граѓани на Република Македонија, кои сакаат да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно,  да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во истиот.

Избирачкиот список кој се става на јавен увид е направен со податоци на граѓаните кои заклучно со 1 февруари 2017 година, станале полнолетни.

Јавниот увид може да се изврши:
– на официјалната веб страница на Државната изборна комисија www.mk;
– во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.

Списокот на адреси на Подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, како и други подетални информации може да се најдат на официјална веб страна  www.sec.mk.

Барањата за измена, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список, граѓаните ги поднесуваат во Подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.

 

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

 

Ce известуваат граѓаните на Република Македонија дека од 28 октомври до 11 ноември 2016 година ќе се врши јавен увид во Избирачкиот список за претстојните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија.

Јавниот увид ќе се врши во просторииите на подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, низ целата територија на Република Македонија, во просториите во општините каде Државната изборна комисија нема свои подрачни одделенија, како и по електронски увид на официјалната интернет страница на ДИК.

Увидот ќе може да се изврши сеиој ден, во време од 8.30 до 19 часот.

При вршењето на јавниот увид, граѓаните се идентификуваат пред овластено лице на Државната изборна комисија со покажување на важечка лична карта или пасош, издадени од надлежен орган на Република Македонија.

Сите граѓани кои не се во Избирачкиот список поради немање важечка лична карта или важечки пасош, треба веднаш да аплицираат за добивање нов документ за идентификација… (повеќе)

Врз основа на член 196-6 став 10 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06,136/08,148/08,155/08,163/08,44/11,51/11,54/11,142/12, 31/13, 34/13,14/14, 30/14,196/15, 35/16, 97/16, 99/16,136/16 и 142/16), Државната изборна комисија, на седницата одржана на ден 28.11.2016 година, усвои:

ЈАВЕН ПОВИК

Се повикуваат сите 29 858 граѓани на Република Македонија, чии што записи во Избирачкиот список no извршените вкрстени и теренски проверки се утврдени како спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список и кои не се пријавија во периодот од 26 јули до 19 август 2016 година, дека може да се пријават во Државната изборна комисија во периодот додека трае јавниот увид во Избирачкиот список од 28 октомври до 11 ноември 2016 година за да може да се запишат во Избирачкиот список… (повеќе)

Врз основа на член 31 став 2 точка 44 и член 50-а став 1, 3 и 4 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), согласно членовите 18 и 34 од Привремениот деловник на Државната изборна комисија, број. 01-1089/1 од 04.07.2006 година а во врска со Решението на Претседателот на Собранието на Република Македонија, за распишување на „Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, 11 декември 2016 година“, број 09-4469/1 од 18.10.2016 година, објавено во „Службен весник на Република Македонија“, број 193 од 18.10.2016 година, Државната изборна комисија на седницата одржана на 18.10.2016 година, усвои

ЈАВЕН ПОВИК
за распишување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија

                                                              податоци за видот на изборите за кои се гласа
Се известуваат државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во (се наведува државата) дека на 11 декември 2016 година ќе се одржат Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија… (повеќе)

Врз основа на член 31 став 2 точка 44 и член 196-б од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16 и 99/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 25-ти јули 2016 година, усвои

ЈАВЕН ПОВИК
за пријавување на граѓани чии што записи во Избирачкиот список
по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни записи односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список

Се повикуваат сите граѓани чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се утврдени како спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список, во периодот од 26 јули до 19 август 2016 година да се пријават во Државната изборна комисија за да може да се запишат во Избирачкиот список… (повеќе)

ЈАВЕН ПОВИК за распишување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија

ЈАВНИ ПОЗИВ за расписивање Превремених избора за посланике у Скупштину Републике Македоније

THIRRJE PUBLIKE për shpalljen e Zgjedhjeve të parakohshme për deputetë në Kuvendin e Republikës së Maqedonisë

ЈАVNI PОZIV zа rаspisivаnjе Prijеvrеmеnih izbоrа zа pоslаnikе u Skupštinu Rеpublikе Маkеdоniје

Makedonya Cumhuriyeti Meclisi Milletvekilleri Erken Seçimine İlişkin KAMU İLANI

PUBLIK AKHARIN baši hramonkerine Anglivakteskere alusariba bašo deputatia ko Republika Makedoniakoro Khedipe

 

http://www.sec.mk/files/javen-povik-za-izbor-na-IT-kompanii.pdf

Skip to content