Врз основа на член 31 став (2) точките 2 и 44 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15 и 35/16) и член 34 од Привремениот деловник на Државната изборна комисија, број 01-1089/1 од 04.07.2006 година, Државната изборна комисија, на седницата одржана на 19.05.2016 година, во состав: Александар Чичаковски, Претседател и членовите Атанас Урумов, Сашо Срцев, Силвана Бонева, Субхи Јакупи, Виолета Дума, Игор Милев и Бедредин Ибраими, донесе

ЗАКЛУЧОК

Во согласност со решението на Уставниот суд на Република Македонија, У. Број: 104/2016-0-0 од 18.05.2016 годима, со кое се запира извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземаат врз основа на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, број 08- 362/1 од 18.01.2016 година („Службен весник на Република Македонија”, бр. 9/2016) и Одлуката за изменување на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, бр. 08-1320/1 од 23.02.2016 година („Службен весник на Република Македонија”, бр. 33/2016), Државната изборна комисија ги запира сите понатамошни дејствија и активности во насока на спроведување на „Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија”, што требаше да се одржат на 5 јуни 2016 година, до донесување на конечна одлука на Уставниот суд на Република Македонија… (повеќе)

Skip to content