На седницата ДИК по барањата за акредитација на набљудувачи за Изборите за претседател на Република Северна Македонија 2024 година и за Изборите на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија 2024 година поднесени од: ОБСЕ ПА, Еуроњуз Албанија, Агенцијата за информирање Косова Прес, Фондацијата Ромите за демократија, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, АБЦ Њуз Албанија, Асошиејт Прес, Телевизијата АРД Германија, Прва ТВ Србија, Радио Телевизија Косово, телевизијата ЗДФ Германија, Македонскиот центар за културен развој, Вејк – уп, ТВ Н1 Србија, Бугарската Национална Телевизија, ИФЕС – канцеларија во Северна Македонија, издаде овластувања за набљудување.
ДИК ќе издаде беџови за секој акредитиран набљудувач кој ќе мора да го почитува Кодексот за правилата на набљудување на изборите и изборната постапка на домашни и странски набљудувачи, донесен од Државната изборна комисија.
Истовремено, ДИК информираше дека истите ќе може да се движат слободно на секое ИМ и ОИК на денот на изборите, како и да снимаат во текот на гласањето во ИМ. Она што не е дозволено е да се снима или фотографира зад параванот за гласање и Избирачкиот список, имајќи предвид во него се содржани лични податоци на граѓаните.
ДИК повторно ја информираше јавноста дека на Претседателските избори ќе може да гласаат граѓаните со важечки документи за лична идентификација како и граѓаните на кои по било кој основ (сила на закон или по рок на важност) им истекле личните документи од 24 јули 2023 година до денот на одржување на изборите 24 април 2024 година.
Воедно, ДИК информираше и дека во текот на денот се одвива гласањето на немоќни или болни лица и лица во куќен притвор, лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, внатрешно раселени лица и лица кои за време на изборите се згрижени во установи за вонсемејна грижа, како и гласањето во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Северна Македонија во странство.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА