Со Решение за распишување на Избори за претседател на Република Северна Македонија, број 09-1168/1 од 14.02.2024 година и Решение за распишување на Избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија број 09-1169/1 од 14.02.2024 година, донесени од Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, се распишани Избори за Претседател на Република Северна Македонија кои ќе се одржат на 24 април 2024 година и Избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија кои ќе се одржат на 8 мај 2024 година.

Имајќи во предвид дека со распишување на изборите, почнуваат да течат роковите за извршување на изборните дејствија согласно усвоените роковници од страна на Државна изборна комисија, Државната изборна комисија ги известува претседателите, членовите и нивните заменици на Општинските изборни комисии дека е потребно да започнат со преземање на сите изборни дејствија од нивна надлежност согласно Изборниот законик, подзаконските акти на ДИК, како и насоките од Државна изборна комисија почнувајќи од ден 26.02.2024 година (понеделник).

Со ова Известување се задолжуваат претседателите на Општинските изборни комисии да стапат во контакт со заменик претседателот, членовите и нивните заменици на Општинските изборни комисии. Во отсуство на претседател на Општинската изборна комисија, должноста за контактирање на членовите и нивните заменици ја презема заменик претседателот на ОИК. Во случај на отсуство на претседателот и заменик претседателот на ОИК, должноста за контактирање на останатите членови и нивни заменици ја презема еден од членовите.

За сите задолженија и дејствија за подготовка на изборите кои треба да ги преземете како Општинска изборна комисија навремено ќе бидете информирани од страна на назначените координатори на Општинските изборни комисии.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content