Денес, во просториите на Државната изборна комисија се потпиша Меморандум за разбирање меѓу Државната изборна комисија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за спроведување на заедничките активности во периодот 2023 – 2026 година.

Со овој Меморандум, двете страни се согласуваат на меѓусебна соработка за понатамошно зајакнување на изборниот процес, обезбедување на меѓународна и домашна експертиза за спроведување на заеднички активности, размена на добри практики и соработка со други изборни комисии и чинители, организирање на обуки и развивање на материјали за обуки.

На средбата, претседателот Александар Даштевски и присутните членови на Државната изборна комисија разговараа со Амбасадорот Килиjан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје,  за предизвиците со кои се соочува ДИК, за изборните реформи и воопшто за унапредување на изборните процеси во државата.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content