На 20-21 септември 2022 година, Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОБСЕ, ОДИХР), во соработка со присуство на ОБСЕ во Албанија, организираше дводневна регионална конференција за подобрување на постоечките процеси за електронска идентификација на гласачите. Конференцијата беше организирана во рамките на проектот за поддршка на изборните реформи на ОДИХР, а се одржа во Тирана, Република Албанија.
Настанот обедини 66 учесници од земјите од регионот (Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Србија, како и Косово) вклучително и претставници на релевантни институции и тела за управување со избори), членови на работните групи за реформи во изборното законодавство, активисти и граѓански организиции, локални и меѓународни експерти.
Учесници на конференцијата беа членовите на Државната изборна комисија Бобан Стојаноски, Кренар Лога и Оливер Ристовски.
Во рамките на панел-сесиите на Конференцијата тие имаа свои презентации за искуството на Државната изборна комисија со воведувањето на биометриската идентификација на гласачите.
Презентациите се фокусираа на постоечките процеси, предизвици и најдобрите практики во спроведувањето на биометриската идентификација на гласачите.
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА