ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ
Мисија
Државната изборна комисија гарантира еднакво, општо и непосредно избирачко право, кое се остварува на слободни избори со тајно гласање и обезбедува рамноправни услови за сите учесници во изборниот процес. Државната изборна комисија преку успешно спроведување на изборите го поставува фундаментот на демократијата и придонесува за зголемена доверба во изборниот процес и демократизација на институциите на Република Северна Македонија.
Визија
Државната изборна комисија како стручна, професионална и независна институција, во своето работење се раководи согласно Уставот, законите и општоприфатените меѓународни стандарди, конвенции и добрите практики во изборите. Во чекор со светските текови, ДИК воведува нови технологии за унапредување на изборниот процес. Преку ефикасно и ефективно спроведување на изборниот процес, ДИК обезбедува сите чинители во изборниот процес да имаат еднаков пристап до остварување на своите избирачки права.
Државната изборна комисија определува и делува во остварувањето на целите за квалитет, согласно следните основни постулати:
- развивање и унапредување на административните капацитети со цел успешно функционирање
- континуирана обука на персоналот и зголемување на неговите компетенции
- континуирано подобрување на системот за управување со квалитет, преку целосно исполнување на барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015
- почитување на важечките законските прописи
- зголемување на задоволството на граѓаните
- постојано усовршување на работните процеси, согласно дефинираните документирани информации
- спроведување на ефикасни, законити и стручни изборни процеси
- индивидуална и колективна одговорност при работењето.
Политиката за квалитет е достапна на јавноста и претставува обврска за сите вработени.