Делегација од Државната изборна комисија (ДИК), предводена од претседателот Александар Даштевски, составена од членовите Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Оливер Ристовски, на покана на Републичката изборна комисија на Република Србија (РИК) беше во службена посета на Белград за набљудување на претседателските, парламентарните и локалните избори, кои се одржаа на 3 април.

Делегацијата на ДИК оствари средба со претседателот на РИК, Владимир Димитријевиќ, со цел размена на искуства за изборното законодавство, изборниот процес и работата на изборните органи и други институции при спроведувањето на изборите.

ДИК беше непосредно присутна и на повеќе избирачки места во Белград за време на гласањето и оствари контакти со претставниците на избирачките одбори.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content