На 10 март 2022 година, претставници на Државната изборна комисија во просториите на Владата на Република Северна Македонија остварија средба со Министерот за правда Никола Тупанчески, на која беше потпишан договор за размена на податоци со државните органи и институции.

Државната изборна комисија го поддржува поврзувањето на државните институции преку ИКТ алатки за олеснување на процесот и зголемување на ефикасноста и ефективноста и пристап до информациите. За таа цел договорните страни се договорија да учествуваат во потпишувањето на договорот за меѓусебно поврзување и размена на податоци помеѓу правосудните институции, државните органи и институции преку Националната платформа за интероперабилност.

Остварената соработка меѓу институциите ќе придонесе кон олеснување на изборниот процес со побрзо добивање на податоци од страна на Министерството за внатрешни работи за гласачите, а со цел ажурирање на Избирачкиот список, како и добивање податоци од страна на судовите во однос на деловната способност на граѓаните.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Skip to content