На 11 март 2021 година, Делегација на Државната изборна комисија, предводена од Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, а составена од членовите на ДИК, г. Кренар Лога, г. Оливер Ристовски и г. Бобан Стојановски, имаа средба со Државниот комисионер за избори на Република Албанија, г. Илирјан Целибаши.
Целта на средбата беше разменувањето на искуствата помеѓу двете институции и преземањето на конкретни чекори за соработка во иднина.
Имајќи предвид дека ДИК се наоѓа пред предизвикот за електронско идентификување на гласачите, интересот на делегацијата беше фокусиран во имплементацијата на овој проект од страна на ЦИК на Р.Албанија.
Делегацијата на ДИК беше запознаена со законските одредби поврзани со технологијата во изборите, процедурите и чекорите кои биле превземени од страна на ЦИК на Албанија за реализација на имплементацијата на Електронскиот систем на идентификација на гласачите, како и со демонстрација на функсионирањето на уредот за електронска идентификација.
Делегацијата на ДИК, покажа интерес и за наблудување на избори во Република Албанија, кои ќе се одржат на 25 април 2021 година.