Новиот состав Државната изборна комисија на ден 25 јануари 2021 година, со почеток во 13:00 часот ја одржа првата седница, во која присуствуваа Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, членовите на ДИК, Радица Ристеска, Борис Кондарко, Оливр Ристовски, Бобан Стојаноски и Кренар Лога.
На седницата се расправаше по следните точки од дневниот ред:
Разгледување и усвојување на финансиски план за распределба на средства на Државна изборна комисија за 2021 година;
Разгледување и усвојување на Годишниот план за јавни набавки во 2021 година, по буџетска програма 20;
Разгледување и усвојување на Годишниот план за јавни набавки во 2021 година, по буџетска програма 21;
Усвојување на Годишниот план за обуки за 2021 годинa ; и
- Разно.
Сите точки од дневниот ред беа едногласно усвоени од страна на Комисијата.
Детални информации за седницата можат да се најдат на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=aeqkF_nWQm0
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА