Државната изборна комисија на ден 28.05.2019 година (вторник) ја одржа 42-та седница на која ги донесе следниве акти: Правилникот за критериумите за определување на надоместокот на членовите на изборните органи и изборната администрација за спроведување на Изборите на Претседател на Република Северна Македонија и Предвремените избори за градоначалници на општините Охрид, Ново Село и Дебар и Упатството за начинот на реализација на средствата за исплата на надоместоците на членовите на изборните органи и изборната администрација, определени со Правилникот за надоместокот.
Исто така Претседателот на Државната изборна комисија ја информираше јавноста за исплатените средства на медиумите за извршено платено медиумско рекламирање од страна на кандидатите за Претседател на Републиката и кандидатите за градоначалници. Вкупната досегашна исплатена сума од страна на ДИК по двата основи е во износ од 3.768.794,00 евра, односно за Претседателски избори 2019 сума во износ од 219.596.294,00 денари, а за Предвремените локални избори 2019 година сума во износ од 12.184.600,00 денари, односно вкупно 231.780.844,00 денари.