Денес во просториите на Државната изборна комисија, беа присутни г-н Игор Јанушев, г-н Александар Кирацовски и г-н Флорин Хасани, шефови на изборните штабови за претстојните Претседателски избори 2019 година, кои заедно со членовите на Државната изборна комисија упатија апел до граѓаните да го искористат своето право на глас, во недела, на 21.4.2019 година.
Присутните истакнаа дека до сега овој изборен процес се одвива во мирна и демократска атмосфера и притоа укажаа дека со овие избори имаме шанса да ја покажеме демократската зрелост и политичка свест.
Сите заедно апелираа до граѓаните за фер и демократси избори.
Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, упати апел да се почитува молкот на денот пред одржување на изборите, додека пак Државната изборна комисија како и до сега ќе биде отворена за јавноста, со цел изборниот процес да биде успешен.