Со цел непречено спроведување на Изборите за Претседател на Републиката 2019 година, кои ќе се одржат на 21.4.2019 година, Државната изборна комисија, денес 15.02.2019 година, во 12:30 часот одржа работен состанок со членовите на Државната комисијата за спречување на корупцијата.
Фокус на работниот состанок беше усогласувањето околу мерките и активностите кои ги преземаат двете комисии во изборната кампања, особено во делот на финансирање.
Двете страни ја истакнаа важноста на нивната соработка и со задоволство потврдија дека почеток на соработката ќе претставува меморандумот за соработка, кој ќе биде потпишан во роковите определени со Изборниот законик, од страна на Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија.