На работниот состанок кој се одржа на 18.02.2019 година, во просториите на Државната изборна комисија, помеѓу Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Државната изборна комисија, се дискутираше за заедничките активности на двете институции во пресрет на Изборите за Претседател на Републиката 2019 година, кои ќе се одржат на 21.4.2019 година.
Двете страни се согласија да се интензивира меѓусебната соработка заради успешно реализирање на Изборите за Претседател на Републиката 2019 година. Посебен акцент беше ставен на прашањата поврзани со изборната кампања на кандидатите, односно медиумско претставување и платено политичко рекламирање.
На работниот состанок, двете страни се договорија да потпишат нов Меморандум за соработка. Потпишувањето на меморандумот ќе биде согласно роковите утврдени во Изборниот законик.