По повод Глобалниот ден на изборите, кој секоја година се одбележува во првиот четврток во февруари, на 1 февруари 2018 година Стручната служба на Државната изборна комисија организираше прв Отворен едукативен ден за граѓаните. 

На овој ден сите заинтересирани граѓани беа добредојдени во просториите на Државната изборна комисија, каде можеа да проследат едукативна презентација преку која се информираа околу остварувањето на своето избирачко право со особен фокус на водењето на Избирачкиот список. Воедно граѓаните можеа да постават и прашања до вработените во Стручната служба на ДИК, а и да подигнат едукативни материјали. 

На првиот Отворен едукативен ден посетителите најмногу се интересираа за начинот на ажурирање на Избирачкиот список, електронскиот увид во веб-апликацијата Избирачки список, а добивме и конструктивни предлози за олеснување на пристапот на независните кандидати до изборниот процес.

 

Skip to content