ДИК најостро ги демантира дезинформациите пласирани во јавноста дека наводно “кратела од теренците за себеси да си даде бонус“.

Државната изборна комисија со цел да ја зголеми одговорноста за точноста при внесот на податоците од страна на општинските изборни комисии, за овие избори одлучи наместо внесот на податоци да се врши исклучиво од лица од Државниот завод за статистика, општинските изборни комисии да определат лица кои беа обучени од страна на ДИК за внес на податоци.

Од тие причини е намален бројот на ангажираните лица од ДСЗ за внес на податоци на само едно лице по општинска изборна комисија. Наведените лица се ангажирани само на изборниот ден по 19 часот, односно по пристигнувањето на податоците од гласањето.

Државната изборна комисија за сите ангажирани лица од ДСЗ обезбеди авансни средства за транспорт и други трошоци, а на повеќе од 15 лица им беше платено и спиење.

Покрај платените патни и други трошоци, секое ангажирано лице од ДЗС доби надоместок од 2000 денари за ангажман не повеќе од 8 часа, идентичен надоместок како и претходните избори.

 

Pdf 2Соопштение за медиуми 06.12.2017.pdf

 

Skip to content