ПРЕДМЕТ: НАСОКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ПО БАРАЊЕ ОД 17.09.2017 ГОДИНА
Почитувани,
На работниот состанок одржан на 17 септември 2017 година, Државната изборна комисија го разгледа Вашето барање и го дава следното мислење:
1. Овластен подносител на листа на кандидати за членови на совбтот на општината. може да изврши корекција во листата односно замена на еден предложен кандидат со друг, се до моментот на потврдување на листата.
2. По потврдувањето на листата замена на предложен кандидат со нов може да се направи доколку настапат условите предвидени во член 67-а од Избоониот законик.
Насоки за постапување по барање од 17.09.2017 за ОИК Делчево.pdf