ПРЕДМЕТ: Известување за насоки за постапување од 13 септември 2017 година
Државната изборна комисија на 12 септември 2017 година, постапувајќи по примените дописи од општинските изборни комисии, ги донесе следните насоки за постапување:
1. Во врска со спроведување на постапка за јавна набавка на услуги за транспорт на изборен материјали и избирачки одбори и склучувње на договори со економските оператори, општинските изборни комисии да веднаш да стапат во контакт со надлежните во општината. Бидејќи локалните избори се финансисраат од општините, општините треба да бидат договорниот орган кој ќе го склучи договорот за транспорт на изборен материјал и избирачки одбори.
2. Општинските изборни комисии да ги прифаќаат како релевантни Решенијата издадени од Централниот регистер на РМ за добиен ЕДБ, во кој стои назнака „група граѓани”, „за градоначалник на општина” или „за совет на општина” и „Локални избори 2017″. Задолжително треба да се бара и потврда од банка дека е отворена трансакциската сметка.
3. При изборот на претседатели, членови и нивни заменици во избирачките одбори, општинската изборна комисија мора да внимава, при случајниот избор да биат избрани државни или јавни службеници, при што за претседател и заменик претседател на ИО мора да е со виско образование а за член и заменик член мора да има најмалку средно образование. Што работи избраното лице не е релевантно (бравар, хигиеничар и сл).
4. Kora на барање од општинските изборни комисии, институциите во кои се вработени избраните претседатели, членови и нивни заменици во избирачките одбори доставиле информација во оригинал, заверена со архивски број, печат, штембил и потпис од овластено лице на институцијата, во кое се вели дека избраните лица во избирачките одбори во моментот вршат избрана или именувана функција или им престанал работниот однос или се на неплатено отсуство, може да го. прифзтат известувањето како веродостојно, затоа што зад неговата веродостојност стои институцијата. Дополнително пожелно е да се побара институцијата да достави копија од соодветниот акт, како што е одлука за именување или избор, решение или спогодба за порестанок на работниот однос или решение за одобрено неплатено отсуство со решение дека лицето е одјавено од Агенцијата за вработување во овој период и сл.
5. Под избрано или именувано лице се сметаат избрани или именувани функционери од Владата односно Собранието на Република Македонија, при што истите се должни кон барањето за неприфакање за вршење на функција во избирачките одбори, да достават копија од соодветната одлука за избор и именување и/или копија од службениот весник каде истата е објавена.
6. При проверката на кандидатите за градоначалници и членови на советот на општините и градот Скопје, општинските изборни комисии се должни да ги проверат кандидатите со „Регистарот на лица за кои Комисијата за верификација на факти (Комисија за лустрација) утврдила дека го исполнуваат условот со кој се ограничува вршењето на јавна функција”. Регистерот можете да го најдете на следниот линк: http://www.kvf.orq.mk/index.DhD/mk/reqistar.
Известување за насоки за постапување од 13 септември 2017 година.pdf