По повод Глобалниот ден на изборите, кој се оддржува секој прв четврток во февруари, Државната изборна комисија оствари работна средба со претставници од Граѓанската асоцијација МОСТ.
Средбата беше во насока на проширување на соработката помеѓу ДИК и МОСТ и на истата Граѓанската асоцијација МОСТ на ДИК и ја предаде на користење датабазата на одлуки и пресуди по приговори и тужби за изборите, претходно подготвена од страна на Граѓанската асоцијација МОСТ.
Датабазата е изработена во форма на веб- страница (http://izbornapravda.mk) која ги содржи самите одлуки и пресуди во форма на документи во pdf формат, како и основни податоци за истите, како на пример изборен циклус, вид на приговор, избирачко место, одлука по приговор итн. По истите овие критериуми датабазата може и да се пребарува.
Датабазата беше подготвена како дел од проектот „Патоказ кон слободни и фер избори“ кој го спроведуваше Граѓанската асоцијација МОСТ, а беше финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија, Британската Амбасада во Скопје, Националниот демократски институт (NDI) и Националниот фонд за демократија (NED).