Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија се спроведени согласно со Решението за распишување на избори за пратеници во Собранието на Република Македонија број 09-4469/1 од 18 октомври 2016 година, донесено од претседателот на Собранието на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” број 193/2016), а врз основа на одредбите од Уставот на Република Македонија и Изборниот законик.
Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, одржани на 11 декември 2016 година ги спроведоа Државната изборна комисија, 80 општински изборни комисии и 3524 избирачки одбори, од кои 3478 избирачки одбори во Република Македонија и 46 избирачки одбори во дипломатско конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство.
Врз основа на член 4 став (2) од Изборниот законик, во Собранието на Република Македонија се избираат 123 пратеници, од кои 120 пратеници се избираат според пропорционалниот модел, при што територијата на Република Македонија е поделена на шест изборни единици, во кои се избираат по 20 пратеници и тројца пратеници се избираат според пропорционален модел во една изборна единица која ги опфаќа Европа, Африка, Северна и Јужна Америка и Австралија и Азија…(повеќе)