Врз основа на член 31 став (2) точка 1 а во врска со членовите 18 став (3), 33 став (1), 34 став (1) и (4) и 35 став (1) и (2) од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16,136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 05.12.2016 година, донесе

О Д Л У К A
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКИТЕ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ
ИЗБОРНИ КОМИСИИ

I. Во одлуките за формирање на општинските изборни комисии, број 08-1304/1 од 28.04.2016 година, објавени во „Службен весник на Република Македонија”, број 84 од 30 април 2016 година, број 08-1304/3, 06.05.2016 година, објавена во Службен весник на Република Македонија број 89 од 09.05.2016 година, број 08-1304/5 од 10.05.2016 година, број 08-2788/1 од 28.10.2016 година, број 08-2788/3 од 03.11.2016 година, број 08-2788/5 од 09.11.2016 година, број 08-2788/7 од 14.11.2016 година, број 08-2788/9 од 22.11.2016 година и број 08-2788/11 од 28.11.2016 година, Државната изборна комисија решавајќи по поднесените барања за неприфаќање за извршување на должноста претседател, заменик претседател, член или заменик член во општинските изборни комисии поради здравствени или семејни причини, ги изврши следните измени и дополнувања:

1. Во составот на Општинската изборна комисија СТРУГА, заменик членот ЈЕТОНА СЕЛИМИ вработена во Општина Струга СЕ РАЗРЕШУВА.

За нов заменик член се избира ЊОМЗА ЌЕРИМИ , вработена во Секретаријат за спроведување на рамковниот договор.

2. Во составот на Општинската изборна комисија БОГОВИЊЕ заменик претседателот СОЊА ЗМЕЈКОСКА вработена во Државен завод за индустриска сопственост СЕ РАЗРЕШУВА…(повеќе)

Skip to content