Согласно член 52 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонијѕ бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), член 34 од привремениот Деловник на Државната изборна комиси,а и известувањето добиено од страна на Државниот завод за статистика бр. 17-2657/9 од 27.11.2016 година, Државната изборна комисија на седницата одржана на 28,11.2016 година донесе

ОДЛУКА
за заклучување на Избирачкиот список

1.По спроведените промени кои произлегоа од јавниот увид и спроведените промени кои произлегоа по одлучувањето по барањата на политичките партии, согласно член 49-а од Изборниог законик. согласно дописот од Државниот завод за статистика бр. 17-2657/9 од 27.11.2016 година. Државната изборна комисија го заклучува Избирачкиот список со следнава состојба:

– Вкупен број на гласачи запишани во Избирачлиот список – 1.784.416

Од нив:

– Во изводите од Избирачкиот список за гласање во Република Македонија се запишани 1.531.368 гласачи,

– Во посебниот извод од Избирачкиот список за лицата кои согласно евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство, а не поднеле при;ава за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва или Конзуларни канцеларии, вклучувајќи ги и граѓаните за кои согласно член 196-а се смета дека се на привремена работа или престој во странство, а кои не поднеле пријава за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва или Конзуларни канцеларии, се запишани 230.122 гласачи,

– Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор се запишани 2.015 гласачи.

– Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои согласно евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика се водат како внатрешно раселени лица се запишани 13 гласачи,

– Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои поднеле пријава за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва или Конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство се запишани 20.573 гласачи и

– Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица членови и заменици членови на избирачки одбори кои ќе го спроведуваат гласањето во Дипломатско-конзуларните претставништва или Конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство се запишани 325 гласачи…(повеќе)

Skip to content