Врз основа на член 31 став 2 точка 2 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија,, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14,196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 23.11.2016 година, донесе

УПАТСТВО
за примена на член 111 ставови 4,5,6 и 7 од Изборниот законик
– гласање на немоќни или болни лица –

Член 111, ставови 4,5,6 и 7 од Изборен законик

(4) Избирачкиот одбор на лицето од став (1) на овој член ќе му овозможи да гласа во неговиот дом еден ден пред одржувањето на изборите на начин со кој се обезбедува тајноста на гласањето.
(5) Избирачкиот одбор за гласањето од став (3) на овој член обезбедува посебна кутија за гласање кој се носи празна во домот каде што се наоѓа избирачот.
(6) Гласањето од став (3) на овој член избирачкиот одбор го внесува во записникот.
(7) За денот и часот на гласањето од став (3) на овој член претседателот на општинската изборна комисија односно Изборната комисија на градот Скопје писмено ги известува претставниците на подносители на листите.

1. Немоќните и болните лица гласањето го вршат во својот дом според местото на живеење.
– Избирачот кој е немоќно и болно лице може да гласа и во домот на блиско лице на адреса различна од адресата на живеење во документот за лична идентификација, под услов таа адреса да се наоѓа во територијата на општината каде избирачот гласа. Во тој случај, во известувањето доставено до ОИК треба да се наведе и адресата каде се наоѓа лицето.

2. Општинската изборна комисија врши електронска проверка во Избирачкиот список на сите уредно пријавени немоќни и болните лица.
По прифаќање на известувањето за гласање на немоќни и болни лица согласно Упатството за примена на член 111 ставови 1,2,3, од Изборниот законик, општинска изборна комисија составува список на сите прифатени известувања и истите ги распоредува до соодветните избирачки одбори кои треба да го спроведат гласањето на овие лица.

3. Општинската изборна комисија е должна да ги извести овластените претставници на подносителите на листите на кандидати за времето и местото на гласањето на немоќното и болно лице и да им овозможи да го набљудуваат гласањето на овие лица…(повеќе)

Skip to content