Врз основа иа члеи 31 став 2 точка 2 од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија бр. 40/06, 136/08,148/08, 155/08,163/08, 44/11, 51/11,54/11, 142/12. 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16,136/16 и 142/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 22.11.2016 година го донесе следното
УПАТСТВО
за примена на член 111 став 1, 2 и 3 од Изборниот законик
– за болни и немоќни лица –
член 111 став 1,2 и 3 од Изборниот законик
(1) Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице според упатството на Државната изборна когиисија), а сака да гласа, за тоа ќе ја извести општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје најдоцна седум дена пред денот определен за гласање.
(2) Даденото известување од ставот (1) на овој член се однесува и на првиот и на вториот круг на гласање.
(3) Известувањето од ставот (1) на овој член може да се даде и преку полномошник.
1. Под немоќно или болно лице се подразбира лицето кое не е во можност да ги врши основните животни потреби (не е во можност да се движи во станот ниту со користење на соодветни помагала, да одржува основна лична хигиена, да се облекува, да зема храиа, ниту да врши други дејства за задоволување на основните животни потреби), односно лицето е неподвижно, потлолно слепо, заболено од дистрофија или сродни мускулни или иервно мускуларни заболувања, церебрална или детска парализа или параплегија.
2. Известувањето дека лицето е немоќно или болно и сака да гласа, се доставува до општинската изборна комисија во местото каде лицето има постојано живеалиште, Покрај известувањето до општинската изборна комисија треба да се достави во оригинал или копие и медицински доказ за болеста или решение за користење на туѓа нега од трето лице за болестите наведени во точка 1 од ова Упатство…(повеќе)